��oj 514   21.03.2017
прва страница линкови контакт
Најнов број
Импресум
Маркетинг
Архива
Пребарај
Дали случајот ќе заврши во Врховниот суд? Таму е можна одлука 4:4, според односот на силите. Тогаш ќе остане во важност одлуката на понискиот суд
Луѓето од типот на (Никола) Љубичиќ (Стане) Доланц, (Бранко) Микулиќ, (Бранко) Мамула и сличните беа лоша замена за воено политичкото биро што постоеше претходно. Тие повеќе не беа сонувачи, идеалисти. Новиот тим е главно составен од себични, интригантни типови на луѓе алчни на власта

ИСКУСТВО НА ГАСТАРБАЈТЕРИТЕ: ПЛАТА СЕКОЈ ПЕТОК

Добрата британски практика може радикално го промени размислувањето за парите кај работниците, но за локалните работодавци значи вистински земјотрес

ДИН ЖУГЧИЌ

Експертите велат дека ако Владата на Хрватска воведе практика на исплаќања на неделна плата, тоа ќе мора да промени голем број на денешни прописи и радикално да го промени начинот на пресметка на даноци.

Што би направиле ако би добивале плата секоја недела? Во Хрватска, ние сме навикнати да не исплатуваат секој 15-ти во месецот или евентуално последниот работен ден во месецот што изминал. Но, што ако работодавачите им даде на работниците пари секој петок или барем на секои две недели. Тоа ќе го промени начинот на кој размислуваме за пари, ние ќе почнеме да мислиме како ги трошиме.

Во поголемиот дел од Европа, како и во Хрватска, практиката е платата да се добива еднаш месечно. Во САД, пак исплата се врши на сметки на вработените два пати месечно, ама не во сите фирми. Затоа таму кога се говори за платите се смета или по работен час или на годишно ниво. Од друга страна, во Ирска и во Велика Британија, работодавците ги плаќаат работниците неделно.

Борис Лучиќ, денес работи како возач во Хрватска, но работел како службен возач на Мерцедес во Велика Британија. Но се вратил дома поради Brexit. Постои систем на исполата на сметка секоја недела. Се е планирано да го следи тој ритам, кириите, на пример. По сите форми на навика проблем е само одењето на годишен одмор - според неделните исплати одвај да остануваат слободни по 200 фунти пред да тргнат на некоја дестинација.

Во Велика Британија, секоја недела, кажува Лучиќ, во ноќта од четврток до петок, а во 2:30 наутро, плата легнува на сметката.

- Тоа е полесно за нормална активност и трошење особено ако се јавуваат непланирани трошоци. Всушност, да излезее на крај со таквивтрошоци е потешко ако земате плата еднаш месечно. - се шегува Лучиќ.

Во Хрватска, тој живее со неговата свршеница, и додава дека одвај обива 1.000 куни месечно (околу 70.000 денари). Проблемот со тоа е, меѓу другото, што тие мислеле дека тука трошоците се помали. Покрај тоа, Лучиќ беше толку воодушевен со живот во Велика Британија, па сака да се врати назад, ако добие работна виза.

Ова со британскиот модел имплицира сосема различни форми на планирање на личните финансии, или подобро, ги принудува луѓето да ги планираат своите опбврски, кошто денес обично не го работат.

Финансиски советници често укажуваат на тоа дека тоа е добро да се остават најмалку еден дел од профитот, обично околу десет проценти од она што го добиваат за "мрачните денови" за некои непланирани екстра трошоци. Таа форма на ислата бара дисциплина, што повторно не е за секого. Некои од работниците ќе бидат во можност да се прилагодат, другите не.

Сепак, идејата за неделна исплата на платите е различна за работодавците, но и за работниците, кои често би се чувствуваке подобро, знаејќи дека работодавец има висока почит кон сите што даваат награда секој петок за нивната неделна работа.

Лично искуство дека добива пари секоја недела, еднаш како вработен и сега како работодавач, има Маја Парчина, директор на "Лимани". Фирмата нуди сигурно и професионално книговодство за мали и средни претпријатија, бизнис консалтинг и сметководство и работи во Сплит.

- Имав можност да работам во странство, каде што потои неделна пресметка и исплата на плати, а менито е од гледна точка на вработени навиум поголемо - коментара Маја Парчина.

Но, од друга страна, сега работи како работодавач, сликата за зголемена инциденца на исплата плата гп менува погледот. Проблемот, според него, што хрватската држава и законите и другите прописи кои таа ги носи.

- Сега кога сум работодавач во сметководствена фирма, кога нејзините клиенти се плати, сметам дека тоа е во нашата земја не може да се постигне со овој тип на пресметка и известување за состојбата во секоја исплата - објаснува Маја Парчина.

Неделната плата ќе бара повеќе работа, што не значи дека ќе биде подобро. Покрај тоа, проблемот е во начинот на кој државата бара таа да ги има информациите за исплата.

- Дефинитивно неделните плати значеа четири пати повеќе работа со платниот список кај сметководствените услуги, отколку што е сега то случај. Проблемот е тоа што државата инсистира на тоа да има податоци за исплата најдоцна 24 часа подоцна - вели Маја Парчина.

Исто така, смета таа ова ќе отвори многу нови работни места за сметководители.