��oj 514   21.03.2017
прва страница линкови контакт
Најнов број
Импресум
Маркетинг
Архива
Пребарај
Дали случајот ќе заврши во Врховниот суд? Таму е можна одлука 4:4, според односот на силите. Тогаш ќе остане во важност одлуката на понискиот суд
Луѓето од типот на (Никола) Љубичиќ (Стане) Доланц, (Бранко) Микулиќ, (Бранко) Мамула и сличните беа лоша замена за воено политичкото биро што постоеше претходно. Тие повеќе не беа сонувачи, идеалисти. Новиот тим е главно составен од себични, интригантни типови на луѓе алчни на власта

ПРЕКИНОТ НА ПАТУВАЊАТА ВО САД - ТЕМА ЗА БЕСКОНЕЧНО ПОВТОРУВАЊЕ

Дали случајот ќе заврши во Врховниот суд? Таму е можна одлука 4:4, според односот на силите. Тогаш ќе остане во важност одлуката на понискиот суд

Претседателот Доналд Трамп вети дека, доколку е потребно, случајот ќе заврши во Врховниот суд, откако федерален судија од Хаваи стави привремена забрана на наредбата на администрацијата за ограничување на одредени патувања, неколку часа пред да стапи на сила.

За време на обраќање во Нешвил, Тенеси, Трамп одлуката ја нарече пример за пречекорување на судските овластувања, додавајќи дека како претседател, има овластување да контролира на кого ќе му се дозволи да влезе во земјата, во рамки на безбедноста за американскиот народ.

"Опасноста е јасна, законот е јасен, потребата за мојата извршна наредба е јасна. Бев избран да го променам нашиот скршен и опасен систем, како и размислувањето во владата којашто нашата земја ја ослабе и ја доведе во опасност, со народ кој не може да се одбрани", рече Трамп.

Федералниот судија Дерик Ватсон пресуди во полза на жалбата на главниот правобранител на Хаваите Даг Чин.

Чин тврди дека привремената забрана за патници и мигранти од шест главно муслимански земји, претставува кршење на Уставот со тоа што цели само на муслимани, би им нанела штета на странските студенти и на туризмот во оваа сојузна држава.

Ревидинираната извршна наредба на претседателот Трамп издадена пред речиси две недели, го иззема Ирак од листата земји кон кои има забрана за патување. Во меѓувреме, најмалку шест други сојузни држави поднесоа тужби за прекин на оваа мерка.

По судската одлука за блокирање на забраната за патување, на потег е Деветтиот окружен суд

Кога американски федерален суд порано годинава за прв пат ја блокираше забраната за патување на претседателот Доналд Трамп, следниот ден владата поднесе жалба.

По вчерашната судска одлука против втората извршна наредба на Трамп, која привремено го суспендира влезот на бегалци и издавање на нови визи за граѓани од шест земји, се очекува жалба до Деветтиот окружен суд.

Трамп кажа дека правните предизвици ќе продолжат, и доколку е потребно ќе го поминат Деветтиот окружен суд:

"Ние ќе се бориме против ова лоша пресуда", кажа тој пред симпатизерите во сојузната држава Тенеси. "Ние ќе го туркаме случајот до кај што треба, дури до Врховниот суд. Ние ќе победиме, ние ќе се грижиме за безбедноста на нашите граѓани и без разлика на сее', ние ќе ја одржиме безбедноста на нашите граѓани, верувајте ми."

Вчерашната пресуда дојде од Окружниот суд на САД кој ги покрива Хаваи, една од деветте сојузни држави на САД, каде што до Деветтиот окружен суд се поднесени жалби по случаите.

Во февруари, тројца судии ја потврдија пресудата на понизок суд кој и забранува на владата да ја спроведе првичната извршна наредба. Членовите на панелот се менуваат секој месец, во согласност со правилата за ротација и новата жалба може да биде разгледана од страна на нов судски состав. Нивниот одговор може да биде потврда на одлуката на понискиот суд, поништување на одлуката, или враќање на случајот на повторно разгледување.

Имиграциониот адвокат, Леон Фреско, кој беше заменик -помошник јавен правобранител во Граѓанскиот оддел за имиграција и посредување, при Одделот за правда на САД за време на администрацијата на претседателот Барак Обама, вели дека во фокусот на апелациониот суд ќе биде прашањето за овластувањето на Трамп да издаде забрана за влез.

Во законот донесен во 1952-ра година стои дека ако претседателот оцени дека со влезот на лица кои не се државјани на САД се нанесува штета на државата, тогаш тој може да го суспендира влезот за одреден период.

Фреско вели дека одлуката на Окружниот суд во средата не се осврнува на ова овластување, и дека судовите би можеле да ги обезбедат "потребните насоки," не само за администрацијата на Трамп, туку и за идните претседатели.

Друго прашање, вели Фреско ќе биде дали наредбата може да биде предизвикана пред суд, имајќи ги предвид изјавите на претседателот кои фрлија црна дамка на наредбата, иако како што е напишана во неа не се споменува никаква религија.

Окружниот суд во својата вчерашна одлука призна дека втората верзија на наредбата на Трамп не "дискриминира против било каква религија." Но, понатака стои дека земјите кои се вклучени во забраната се најмалку 90 проценти муслимански, и не може да се заклучи дека забраната не е насочена против исламот.

Пресуда на Деветтиот окружен суд остава можност за жалба од страна на губитникот до Врховниот суд на САД. Судот вообичаено има девет членови, но поради смртта на судијата Антонин Скалиа, судот моментално има само осум судии.

Имајќи ја превид историјата на одлуките на судот за имиграцијата, гласањето четири наспроти четири е најверојатен исход од преразгледувањето во рамки на сегашниот Врховниот суд. Ако тоа се случи, одлуката на Деветтиот окружен суд ќе остане валидна, со тоа правејќи ги актите на овој суд уште поважни.

Сепак, жалбата до Врховниот суд може да дојде откако изборот на Трамп за член на највисокиот суд на САД, судијата Неил Горсуч биде потврден. Тоа може да донесе пресуда во корист на администрацијата на Трамп.

Федералниот судија Неил Горсуч, кој се смета за конзервативен судија има силна поддршка од републиканците во Сенатот.

Сепак, професор на Американскиот универзитет Џејмс Турбер, смета дека потврдувањето на Горсуч не може да гарантира победа на администрација на Трамп по прашањето за забрана за патување, затоа што, иако тој биде потврден, судите веруваат во ограничувањето на моќта на претседателот.

Фреско вели дека законска надлежност за која станува збор е важен инструмент за претседателот, и не вреди потенцијално ослабување на тоа овластување, за она што тој го нарекува "лошо замислена забрана за патување."

Тој додава: "Од политичка гледна точка ова изгледа движење во погрешен правец. Зошто да го изнесете пред Врховниот суд и потенцијално за во иднина да уништите толку важно овластување?"