��oj 514   21.03.2017
прва страница линкови контакт
Најнов број
Импресум
Маркетинг
Архива
Пребарај
Дали случајот ќе заврши во Врховниот суд? Таму е можна одлука 4:4, според односот на силите. Тогаш ќе остане во важност одлуката на понискиот суд
Луѓето од типот на (Никола) Љубичиќ (Стане) Доланц, (Бранко) Микулиќ, (Бранко) Мамула и сличните беа лоша замена за воено политичкото биро што постоеше претходно. Тие повеќе не беа сонувачи, идеалисти. Новиот тим е главно составен од себични, интригантни типови на луѓе алчни на власта

ЈАС, НЕПРИЈАТЕЛОТ

Човечките права не се пазар, тие постојат за да им овозможуваат на сите да бидат еднакви на можностите на еден достоинствен живот. Правата што им се пружат на не мнозинските групи не се надвор од човечките права, туку составен дел од овие права

ЛУРА ПОЛОЖАНИ

Имало многу моменти во Македонија кога владата, или политички сили, се труделе да прават непријатели од нивните државјани. Јас, по мојата етничка група, религија, јазик а и мојот пол, често и припаѓам на колективниот наратив на непријателот. Ова не е случајно, и не е природно, туку резултат не неколку политики и идеи на нацијата и државата. Има неколку конструкции што многу од нас ги мислат, кои немаат место на една демократска, модерна и мулти-етничка држава, иако Македонија не е секогаш првата (т.е демократска), секогаш била последното (мулти-етничка).

Многу од тие кои протестираат денеска по улиците на Скопје со голема хистерија го прикажуваат едното од најпогрешно разбираните концепции, што јас би сакала да ја нарекувам пазарот на права. Често слушам како се зборува за јазикот како нешто што може да се краде, или да се изгуби ако етничките Албанците во Македонија имаат повеќе јазични права.

Тука се претпоставува дека ако албанскиот јазик има повеќе права, македонскиот јазик ќе има помалку, или пошироко, ако Албанците имаат повеќе права, тогаш Македонците ќе изгубат права или ќе имаат помалку.

Човечките права не се пазар, тие постојат за да им овозможуваат на сите да бидат еднакви на можностите на еден достоинствен живот. Правата што им се пружат на немнозинските групи не се надвор од човечките права, туку составен дел од овие права.

Тие се важни во еден контекст во кој една група била дискриминирана или немала пристап до истите можностите како мнозинството или друг дел на популацијата.

За етничките Македонците да можат да ја разберат ситуацијата во Македонија и потребата за малцински права, треба да се прифаќа дека Албанците, и други групи, биле дискриминирани од државата. Ова е објективен факт.

Второто нешто што треба да се сфати од сите е дека малцинските права се можност за не-мнозинските групи да доајдат до истата еднаквост како другиот дел на државјаните, не да имаат повеќе права, но за да бидат сите еднакви.

Да објаснам на поедноставен и тривијален начин: Ако ти имаш патики, а јас немам, но ми требаат за да одам на школо, државата интервенира за и јас да имам патики за да можам да одам на школо, не со цел јас да имам нешто повеќе од тебе, туку за да бидеме еднакви. Причината зошто јас немам патики е исто поврзано со државата, или зошто државата нема доволни добри политики за мојата група, или зошто јас немам пристап до дуќан зошто луѓе од мојата група го немаат тоа право. Патиките за мене, се како патиките за тебе, но зошто јас сум немала пристап до тие патики заради надворешни причини, а не мои, државата треба да интервенира за да ни дава на двете еднакви можности.

Државата има главна улога зошто нејзината улога е да ги заштити сите нејзини граѓани и да им овозможи најдобриот можен живот.

Јас многу јасно ја разбирам љубовта за јазик, и јас го сакам многу мојот јазик, кој е албанскиот, но ова не значи дека јас не ја сакам Македонија.

Тука доаѓам во вториот концепт што е проблематичен нацијата и државата. Во 19 век новите држави што се формираа го употребуваа концептот на нација за да ја легитимираат новата држава.

Така се формираше модерната Франција, меѓу други, иако многи луѓе во нејзината територија не знаеле што значи Французин, или да зборуваат француски. Зошто ова формула беше успешна (иако не најдобра) многу други нови држави ја употребуваа, вклучувајќи ги и земјите на Балканот.

Концептот нација-држава претендира дека една држава се составува од една нација. Нема ниту една држава во Балканот, а и пошироко, каде што ова е вистина. Мојот проблем е ова: зошто во 21 век, кога светот се повеќе се диверзифицира, ние инсистираме да ги чуваме идеите на 19 век?

Македонија била и е мулти-етничка и мулти-културна држава, ова не треба да не прави да се плашиме или да се спротивставиме еден со друг. Секој државјанин во Македонија треба да се чувствува дел од неа.

Од сега можам да измислам неколку прашања: зошто Албанците не ја сакаат Македонија? Ако сакат Албанците да зборуваат албански зошто не одат во Албанија? Одговорот на второто прашање е кратко: зашто тие (ние) сме државјани на Македонија.

Ова значи дека тие (ние) тука го гледаме нашиот дом тука, и затоа мислиме дека е праведно да зборуваме, учиме, љубиме на нашиот јазик.

Обидот за повеќе право во употребата на јазикот и други права не се обид за да се окупира Македонија, но за да биде наш дом, токму што е дом за другите, за да таа (државата) да не гледа како нејзини, како ние ја гледаме како наша - што значи не наша во етничкиот сенс туку како граѓани кои исто така се од друга етничка група и сакаат да го чуваат тој идентитет.

Тука се поврзува и одговорот на првото прашање. Јас верувам дека Албанците ја сакат Македонија, и сакат да имаат добар живот во неа. Не треба да бидат асимилирани Албанците за да докажат дека се верни кон Македонија, ние плаќаме данок, има војници кои се Албанци, има таксисти кои се Албанци, има судии кои се Албанци, и најважно граѓани кои се Албанци, нема потреба од поголема верност кон државата.

Фактот дека сакаме како Албанци да зборуваме албански, да пишуваме и научиме на албански, и овие права ги бараме од нашата држава, Македонија, значи дека ние овој живот го гледаме како дел од македонското искуство, дел од мулти-етничката Македонија. И државата треба да не гледа како нејзини граѓани, и нашите сограѓани треба да не гледаат како такви.

Третата погрешна концепција е дека државата е повеќе на едните а не на другите и дека таа постои само да не брани од тие други.

Државата е на сите тие кои имаат државјанство, точка. Македонија има многу етнички групи, од кои албанската е најголемата немнозинска заедница, дел од државата. Државата треба да им осигурува на сите да се еднакви пред системот на правото и да имаат еднакво пристап до можности. Државата не е бранител на една нација, ова не е 19 век, туку на нејзините државјани, без која не би постоела. Таа треба да ги претставува интересите на сите нејзини граѓани и да им овозможи услуги и права. Овие услуги вклучуваат социјални права, човечки права, економска сигурност, право на живот, и право на избор, меѓу други. Државата е на сите нас, што побрзо ќе го сфатиме тоа сите ние, побрзо ќе можеме да мислиме на најважните прашања на оваа декада, како да овозможиме градење на една демократија што работи за сите граѓани а не за селектирани интереси на неколку над тоа на сите.

Не, драги сограѓани, не сум јас вашиот непријател, не е ни мојата етничка група, непријателот на Македонија е стравот, стравот од другиот, кој и да е другиот, а често тој друг се Албанцитеза етничките Македонци и спротивното.

Стравот од другиот, од твојот комшија, од твојот сограѓанин е страшен затоа што ти, наместо да викаш во име на демократија, да бараш одговорност и праведна држава, ќе молчиш ако авторитарни и недемократски тела те водат, се додека другиот може да молчи.

Но другиот не е Марсовец, другиот е твојот комшија, кој како тебе, сака да живее достоинствен живот. Но достоинствениот живот нема да се добие се додека имаме страв едни од други. Ако Албанците се непријателот на Македонија, тогаш Македонија си е непријател на себеси, затоа што и ние сме нејзини граѓани, и страшно е кога таа не може да не види како такви, страшно за мене, но и за тебе, зошто сите сме во истиот брод.



(Лура Положани е докторантка и универзитетски асистент во Универзитетот на Грац. Опремата е редакциска)