��oj 514   21.03.2017
прва страница линкови контакт
Најнов број
Импресум
Маркетинг
Архива
Пребарај
Дали случајот ќе заврши во Врховниот суд? Таму е можна одлука 4:4, според односот на силите. Тогаш ќе остане во важност одлуката на понискиот суд
Луѓето од типот на (Никола) Љубичиќ (Стане) Доланц, (Бранко) Микулиќ, (Бранко) Мамула и сличните беа лоша замена за воено политичкото биро што постоеше претходно. Тие повеќе не беа сонувачи, идеалисти. Новиот тим е главно составен од себични, интригантни типови на луѓе алчни на власта

Таленти: ФАЛСИФИКАТОРИ

Ристо Поповски

Опасноста од судири во која заинатено и безумно Никола Груевски и врхушката на дпмнето ги втурнувааат граѓаните на Македонија, конечно и сосема јасно потврди дека владееле со фалсификување на вистината и насилно сакаат да останат на власт. Фалсификувањето на вистината што е друго име за лаги, измами и манипулации, кои се белег на владеењето на дпмнето и со кои успеа Македонија да ја вброи меѓу "најуспешните" диктатури во светот, кои систематски ја "убиваат" вистината.

Очајничките настапи, хистеричниот национализам на дпмнето и нивниот лидер, преточени во "слободните" медиуми, откриваат страв, неспособност, незнаење и фалсификати. Недобројни се политикантските, криминалните и политикантско - криминални фалсификати зад кои, под закрила на "слободните" медиуми, се криеа зделки на врхушката на дпмнето со "бизнис" партнери, со кои сложно со години го пустошеа буџетот, грабајќи милиони, па и милијарди евра.

Истрагата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за наводно фалсификување тендерска документација "слободните" медиуми веднаш ја претворија во политикантско криминална афера. Заканите и огорчената реакција на дпмнето се обид да се скрие вистината, а всушност до крај разоткриваат финансиска спрега меѓу партијата и медиумите "слободни" да ја "убиваат" вистината.

Медиумиските фалсификатори на вистината во барањето притвор за еден од осомничените видоа напад врз слободата на гласилата. Никој да спомне дека е осомничен за фалсификат, дека "нападнатата" телевизија не се ни обидува да ја скрие поврзаноста со дпмнето, дека нејревносно е вклучена во пренесување на политикантските фалсификати на партијата.

Тендерската афера е напад на неслободата на послушните медиуми, на нивната "слобода" да го величаат водачот, да ја поддржуваат врхушката. Аферата конечно потврди дека "слободата " на медиумите некритички да шират и надградуваат фалсификати на дпмнето, да поттикнуваат национализам, и сетоа тоа да им се плаќа и од буџет. Со пари на народот, по негова глава.

"Слободните" медиуми со тендерската афера и самите се најдоа на отворено, на удар на вистината. Бесмислена е огорченоста и фалсификување на вистината со кои наводно се борат за медиумските слободи врз кои со години безмилосно газат. Со брутално фалсификување на вистината го бранат правото да бидат неслободни, платеници и слуги на Груевски и врхушката на дпмнето.

"Слободарските" медиуми со националистичката еуфорија и фалсификување на вистината покажуваат колку многу се плашат од заминување на Груевски од власт што е и неизбежно. Јасно им е дека заврши "златниот" период, дека повеќе нема пари од буџетот со кои беа штедро наградувани во фалсификување на вистина.

Неделното телевизиско интервју на Груевски конечно и јасно ги покажа изворите и причините за фалсификувањето на вистината, на неодмерената националистичка реторика во "слободните" медиуми. Груевски самобендисано себе и дпмнето ги поистовети со Македонија и го повика народот на улица да ја брани државата. Не рече дека народот треба да го брани него, ама се поразбира.

Народот навистина треба да се брани, ама од Груевски и неговата тајфа, кои бесрамно се поистоветуваат со државата што ја партизираа и приватизираа, а сега се закануваат дека ќе ја разнебитат, ако не останат на власт Националистичка хистерија, повикување на народ да го спасува Груевски по цена на судири, е рамно на злостор кон Македонија и граѓаните.

Наводно "борејќи" се за заедничка Македонија, фалсификаторите ја втурнуваат државата во најопасната криза од осамостојувањето, во закана од граѓански и меѓуетнички судири, во делби после кои ниту Македонија, ниту нешто во државата може да биде исто. Националистичката хистерија зад која се кријат Груевски и тајфата фалсификатори води кон разнебитување против кое наводно се борат.

Национализмот е злостор кон народот и државата кој никогаш не поминал без санкции. Сите самобендисани и самоволни водачи кои личната власта ја "бранеле" со национализам, историјата жестоко ги казнува. Најголема казна, вечно проклетство, е за лични интереси да се пролева крв на сопствениот народ.