��oj 514   21.03.2017
прва страница линкови контакт
Најнов број
Импресум
Маркетинг
Архива
Пребарај
Дали случајот ќе заврши во Врховниот суд? Таму е можна одлука 4:4, според односот на силите. Тогаш ќе остане во важност одлуката на понискиот суд
Луѓето од типот на (Никола) Љубичиќ (Стане) Доланц, (Бранко) Микулиќ, (Бранко) Мамула и сличните беа лоша замена за воено политичкото биро што постоеше претходно. Тие повеќе не беа сонувачи, идеалисти. Новиот тим е главно составен од себични, интригантни типови на луѓе алчни на власта

ЅЕВГАРОТ СИЛЈАН-СМИЛЕВСКИ

Можеше ли некој да помислува дека, сите оние првоборци од нашето национално, патриотско Вмере кои, во деведесеттите, се натпреваруваа кој ќе фрли што повеќе кал врз лириката и лингвистиката на Конески, ќе посегаат токму по таа лириката и на тоа "џуџе" Конески? Како допинг за нивната малаксана, папсана, безгласна и анемична пропаганда?

АТАНАС ВАНГЕЛОВ

Шарантон е мало гратче на влезот во Париз. Во тоа гратче има куќа-музеј на знаменитиот поет Пол Елијар (1895-1952) кој, заедно со Андре Бретон, важи за еден од основачите на надреализмот, уметничко движење кое му даде белег на минатиот, 20-ти век. На куќата-музеј на Пол Елијар упатува мошне скромна, неупадлива плакета на која пишува: "Се родив за да те запознам/ За да те именувам/ Слободо"/ (Je suis n? pour te cona?tre/ Pour te nommer/ Libert?/.) Toa се, всушност, завршните стихови од неговта знаменита песна "Слобода" (1942) која, од авионите на британскиот РАФ, беше растурана во милиони примероци во Петенова Франција против која се крена Отпорот на Шарл де Гол.

Пандан на славниот надреализам стана виенскиот експресионизам кој ја одбележа лириката на големиот хрватски поет М. Крлежа. Во еден момент, авторитетот на Крлежа бил до тој степен влијателен меѓу лево-ориентираната интелигенција во тогашна Југославија, што морал со него да се позанимава никој друг туку лично Јосип Броз Тито во партискиот весник "Пролетер" (Ст. Ласиќ). За тоа нешто кажува и писателот Коле Чашуле во својата книга "Реквием за мојата генерација." Кога, во 1939 г. Крлежа одговара остро, отровно и беспоштедно на тогашната југо-филијала на на харковската соц-реалистичка доктрина (1934) со својот "Дијалектички антибарбарус", Чашуле почнал да се колеба: дали да му верува на Крлежа кој се издигнал до некој вид култ за левата интелигенција, или пак да и се покори на партиската дисциплина која барала бојкот за Крлежа?

На еден вид бојкот беше изложен, своевремено, и основоположникот на нашата современа литература Коста Рацин ("џуџе" според оној Чилиманов) и тоа во времето кога од Самобор кај Загреб стигнала неговата книга стихови "Бели Мугри." Имено, Рацин се нашол (без знаење и дозвола на Партијата?) на некој прием кај тогашниот бан Рафајловиќ. Тоа било доволно да биде прогласен за сомнителен и, потоа, изложен на бојкот. Не само бојкотот е тоа што ги зближува Рацин и Крлежа. Има и нешто друго, далеку посуштествено.

Не треба човек да да биде специјално упатен во тајните на уметничката поезија за да се увери дека лириката на Рацин е двогласна. Едниот глас го следи духот на експресионизмот ("Ватромет", "Копачите"). Другиот, духот на нашата народна лирика ("Ленка", "Тутоноберачитеа" итн.). Тие два гласа убаво ни кажуваат колку и како оние на кои им се наменети уметничките дела (публиката) на свој начин ги пишуваат/моделираат тие дела.

Оној глас на Рацин кој го следи духот на експресионизмот ја има предвид онаа интелектиуална публика во тогашна Југославија која е упатена, која добро знае што е модерна литература во тоа време. Оној глас кој го следи духот на македонската лирска традиција и се обраќа на публика која израснала и која - сраснала во таа традиција. На друг начин и со други зборови таа работа ја опиша и Блаже Конески во "Еден опит" каде што рече дека се чувствува како човек кој "тукушто го напуштил брегот на нашата орална традиција".

Без тивкиот глас на писателите кој, понекогаш одекнува како гром, не може животот, а пак уште помалку политиката. Особено тогаш кога ќе и догоре до нокти. Можеше ли некој да помислува дека ќе дојде и тој ден! Kога, сите оние првоборци од нашето национално, патриотско Вмере кои, во деведесеттите, се натпреваруваа кој ќе фрли што повеќе кал врз лириката и лингвистиката на Конески, ќе посегаат токму по таа лириката и на тоа "џуџе" Конески? Како допинг за нивната малаксана, папсана, безгласна и анемична пропаганда?

А посегнаа кога од неговата добропозната "Молитва" направија ТВ-спот во кој го апострофираа зборот "десно" за да биде примен, од публиката, како одбрана на груевизмот. Во иста мера во која тие го повлекоа во сенка; тие му затнаа уста на зборот "лево" за да го разбере истата публиката како осуда на оние што пекаат по слобода и правда. По начин по кој пекаше експрсесионизмот на Рацин и Крлежа; по кој пекаше надреализмот на Елијар

Тие посегнаа по лириката на Конески! Но не и по лириката на некогашниот поет Антонио Милошоски. Тој Тонио, во својот прв лирски бес, го нарече Конески "џуџето од Небрегово" за што, своевремено, во "Старт" му вадеше душа низ нос никој друг туку Мирка Велиновска која го прекрсти во "Шчо". Тие не посегнаа ни по лириката на Раде Силјан и Веле Смислевски. Двајца видни, солидно покорни, двајца кротки, ѕевгар-пензионери на груевизмот. Просто да не верува човек: тој груевизам посега по громогласна лирика на - "џуџиња!". Бега, како ѓавол од крст, од глувонема лирика на ѕевгарот Силјан-Смилевски! Која, згора на тоа, со години дебело ја плаќа од чекмеџето на Бети Канчевска, широкораката.