��oj 514   21.03.2017
прва страница линкови контакт
Најнов број
Импресум
Маркетинг
Архива
Пребарај
Дали случајот ќе заврши во Врховниот суд? Таму е можна одлука 4:4, според односот на силите. Тогаш ќе остане во важност одлуката на понискиот суд
Луѓето од типот на (Никола) Љубичиќ (Стане) Доланц, (Бранко) Микулиќ, (Бранко) Мамула и сличните беа лоша замена за воено политичкото биро што постоеше претходно. Тие повеќе не беа сонувачи, идеалисти. Новиот тим е главно составен од себични, интригантни типови на луѓе алчни на власта

РАЈОТ ИМАЛ ИМЕ: ЗЕЛАНДИЈА

Земјата има уште еден континент, наречен "Зеландија", скриен во Тихи Океан и "прикачен" за Нов Зеланд, се вели во едно новообјавено истражување

Тим од 11 истражувачи открил дека Нов Зеланд и Нова Каледонија всушност се дел од една огромна плоча од континентална кора од 4,9 милиони квадратни километри, која не е многу одделена од Австралија.

Студијата, објавена од Геолошкото друштво на Америка, покажува дека регионот е 94 проценти под вода, главно како резултат на тенчењето на кората пред расцепувањето на суперконтинентот. За студијата е употребена надградена сателитска технологија за мерење елевација и гравитациско мапирање.

"Научната вредност на класифицирањето на Зеландија како континент е многу повеќе од уште едно име на листата", напишаа научниците. "Тоа што континентот е толку потопен, а сепак е нерасцепкан, го прави корисен и провокативен геодинамички елемент во истражувањето на споеноста и распадот на континенталната кора."

Истражувачите велат како заклучок дека во југозападниот дел на Тихиот Океан постои потопен континент кој може да се смета како осми континент. Тие го нарекуваат Зеландија, и лежи под највисокиот дел од континентот што е над водата, Нов Зеланд.

Според студијата објавена во журналот Геолошкото друштво на Америка, Зеландија е две третини од големината на Австралија, или има околу пет милиони километри квадратни.

Само шест проценти од него се наоѓа над водата, поголемиот дел е Нов Зеланд, Нова Каледонија и некои помали острови.

Традиционално, Нов Зеланд се поврзува со континентот Австралија, извести Би-Би-Си.

Научниците велат дека Зеландија можно е да се отцепил од суперконтинентот Гондвана пред 60-85 милиони години, се вели во напис на весникот Гардијан.

Тимот вели дека ова треба да се смета за геолошки континент, наместо претходната теорија дека е збирка од континентални острови и фрагменти.

"Врз основа на различни геолошки и геофизички докази, особено оние што се акумулирани во последните две децении, тврдиме дека Зеландија не е збирка од делумно поплавени континентални парчиња, туку е соединет континент од 4,9 милиони квадратни километри", заклучува студијата.

Бидејќи геолозите ги бројат Европа и Азија како еден огромен континент наречен "Евроазија", Зеландија го зголемува официјалниот број на геолошки континенти на седум.

Дебелината на кората на Зеландија обично се движи од 10 до 30 километри и е приближно со големина на Индија. Се верува дека се откршила од Антарктикот пред околу 100 милиони години, а потоа и од Австралија пред околу 80 милиони години.

Истражувачите зад студијата попрво ја нарекуваат Зеландија "потврдување" отколку "откритие", зашто некои експерти во оваа област со години го сметаат Нов Зеланд за континент од свој тип.

"Ова не е ненадејно откритие, туку постепено потврдување; дури до пред 10 години ние ќе ги немавме насобраните податоци или доверба за да го напишеме овој труд", пишуваат авторите на студијата.

"Зеландија покажува дека во природните науки некогаш може да се занемарат и огромното и очигледното."

Нова Каледонија (француски: Nouvelle-Cal?donie) е помалку познатиот дел од Зеландија. Таа петставува прекуморски регион на Франција која се наоѓа во Меланезија во Океанија. Таа е составена од неколку острови. Вкупната површина на Нова Каледонија е 18.575 квадратни километри со вкупно население од 249.000 жители според пописот во 2009 година. Главен град на Нова Каледонија е Нумеа и официјален јазик е францускиот. Уште откако ООН ја вметна Нова Каледонија во листата на независни држави, во Нова Каледонија се уште има дебата за тоа дали да биде државата независна и да се одржи референдум за тоа.

Таа е најпозната по Природниот парк Корално море што е најголем морски парк на светот. Оваа област е најголема заштитена област и на копоно и на море која се протега на 1.300.000 километри квадратни.

Освен големата површина, паркот во Јужниот Пацифик е дом на многу различни животински видови - 48 видови на ајкули, 25 морски цицачи, 19 птици и 5 морски желки, меѓу кои е и загрозената зелена желка.

Морското дно има повеќе од 4.400 километри квадратни со корали, по кои целото море го добило своето име, а во водата има 3.000 тони риби кои се жители на Нова Каледонија.

На оваа франскуска територија се наоѓа најголемата лагуна во светот која е под заштита на УНЕСКО, како и вториот по големина, корален гребен во светот.

Моментално, најголема грижа на оваа област е незаконскиот риболов, зголемување на водениот транспорт, но и нафтените извори кои во иднина би можеле да претставуваат закана за биодиверзитетот.

Во текот на следните три години, паркот ќе биде поделен во зони од кои некои ќе бидат достапни за риболов и туристички активности како нуркање и пливање.