��oj 520   02.05.2017
прва страница линкови контакт
Најнов број
Импресум
Маркетинг
Архива
Пребарај
Русија не можеше да развие демократски федерализам и затоа се врати на идејата за империјална држава. Паралелно на неа во старите времиња постоеше една Америка која си беше доволна самата на себе
Следниот чекор во еволуцијата: човекот станува Бог, секреатор. Тргнавме во вселената и можеме да влијаеме на гените. Но, дали ќе бидеме во можност да се справиме со создавање на натчовекот? Наскоро би можеле да посакаме да создадеме суштества кои преку моќта на умот ќе ја движат вештачката реалност и неа ќе ја менуваат преку нивните тела и умови согласно на желбите", вели Харари, авторот на двата бестселери "Сапиенс" и "Хомо деус"

ЗОРАН ЗАЕВ: ОД СЕГА ПАРЛАМЕНТОТ ЌЕ НОСИ ОДЛУКИ, НИШТО НЕМА ДА ЗАВИСИ ОД ПОЕДИНЦИ

Бегање од одговорност - нема! Амнестија - нема! Тоа е првата работа што сакам да ја порачам. Ќе се оди на суд толку често колку што има основани сомневања за кршење на законот и Уставот. Тоа важи за мене и СДСМ, тоа важи и за сите други во Република Македонија. Законот ќе биде еднаков за сите. Правдата и правната држава ќе владеат во Р.Македонија.

РЕДАКЦИЈА ГЛОБУС

Лидерот на новото парламентарно мнозинство Зоран Заев изборот на нов спикер го најави во вторникот за четвртокот и тоа го направи. На 27 април побара збор и мирно го објани она што се бара од малцинството во Парламентот. Не сакаше да ја злоупотребува говорницата и говорот, односно обуијнувањето на намерите ги продолжи во прес центарот, со бесконечно трпение во однос на многубројните новинарски прашања. Прес центарот подоцна ќе биде местото на исполување на невидено насилство.

"Имаме обврска сите ние во овој Парламент да ја почитуваме граѓанската волја и да овозможиме Македонија да оди напред.

Демократските процеси не се лесна работа, барат трпение, бараат посветеност, бараат грижа за граѓанските и за државните интереси и бараат пред се совест.

Сето тоа го покажавме, како парламентарно мнозинство што ја доби довербата од граѓаните.

Потребна беше мудрост и оставивме сите овие 5 недели или повеќе од 30 дена, целата домашна и меѓународна јавност да се увери на каков лажен партиотизам се подготвени Никола Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ. И веќе за никого нема минимум сомнеж дека раководството на ВМРО-ДПМНЕ не сака да ја предаде власта, бидејки се плаши од одговорност.

Бегање од одговорност - нема! Амнестија - нема! Тоа е првата работа што сакам да ја порачам. Ќе се оди на суд толку често колку што има основани сомневања за кршење на законот и Уставот. Тоа важи за мене и СДСМ, тоа важи и за сите други во Република Македонија. Законот ќе биде еднаков за сите. Правдата и правната држава ќе владеат во Р.Македонија.

Сето ова што го слушавте во репликите што сами на себе си ги правеа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ за да ги закочат демократските процеси е чиста лага!

Постојат почетни позиции на партиите од албанскиот блок. Преговараше ВМРО-ДПМНЕ. Почна разговори и СДСМ. Но постои финален документ, Програма на новата реформска Влада, што ја штити унитарноста на Македонија и обезбедува квалитетен живот за граѓаните и евро-атлантските перспективи. Тоа е точно!

И сега ќе ви кажам што се друго е точно. Она што беше прифатено од ВМРО-ДПМНЕ, беше прифатено и од нас. Секако се согласивме плус за поддршка за работата на СЈО, тоа од што се плаши раководството на ВМРО-ДПМНЕ поради криминалите зад себе.

Точно е дека се што сме разговарале, што ќе преговараме и се што ќе работиме во иднина, ќе биде во рамките на Уставот и согласно Уставот на Р.Македонија.

Точно е дека се што сме разговарале, ќе преговараме и се што ќе работиме во иднина ќе биде во функција на зајакнување на унитарноста на мултиетничка Македонија.

Точно е дека никој не бара нешто надвор од Уставот, ниту пак некој за нешто уценувал.

Точно е дека националистичкиот концепт на чиста Македонија нема иднина, колку што е точно е дека единствена иднина има концептот едно општество за сите.

Точно е дека ќе има закон со којшто ќе се унапреди употребата на јазиците на албанската етничка заедница и на другите етнички заедници. Но тоа ќе биде согласно Уставот и согласно практичната потреба на граѓаните Албанци, но и на другите помалку бројни заедници.

Точно е дека за новото парламентарно мнозинство нема друга алтернатива освен полноправно членство во НАТО и ЕУ.

Точно е дека ќе бидеме посветени на реформите, за кои ќе ни треба поддршка и од новата опозиција, ВМРО-ДПМНЕ и за сите кои ќе одлучат да останат во опозиција.

Точно е дека ќе бараме решение на проблемот што Грција го има со нашето уставно име, но одлуките ќе ги носиме во консензус со опозицијата, а ќе станат конечни по референдум на кој ќе се изјаснат граѓаните.

Точно е дека ќе има дебата за многу прашања, но исто така е точно дека СДСМ е промена на симболите на државата.

Точно е дека ќе стоиме се што можеме да ја унапредиме соработката со сите соседни земји пред се во интерес на граѓаните на Македонија и секако почитувајќи го и интересот на нашите соседи.

Точно е дека СЈО ќе си ја заврши работата, заради што е и основано.

И најважното за сите граѓани. Точно е дека Македонија рамномерно економски ќе се развива во секој град и во секое село.

Точно е дека ќе ви одржиме лекција на идната опозиција на економски план и ќе покажеме што всушност значи економски раст и развој.

Точно е дека ќе има живот за сите. Македонија ќе биде едно општество за сите. Членот 9 од Уставот кажува се.

И ништо повеќе нема да зависи од поединец. Нема да зависи ништо повеќе ниту од Никола Груевски, ниту од Зоран Заев, ниту од Али Ахмети, Билал Касами, Зијадин Села или Мендух Тачи.

Ќе потенцирам, институциите ќе носат одлуки! Парламентот ќе носи одлуки, а не поединци.

Ќе има конечно транспарентност во Република Македонија. Ќе има конечно одговорно управување во Република Македонија.

Ние како идна власт во државата, подготвени сме во име на одговорното управување да соработуваме со идната опозиција. Ќе си се сакаме по дома со нашите деца и семејства. Овде ќе мораме да соработуваме, заради реформите ќе ни треба соработка, заради животот и соживотот ќе ни треба соработка, заради граѓаните, заради нашата заедничка земја Република Македонија.

Порачувам, парламентарното мнозинство нема да дозволи опозицијата во Собранието, Трајко Вељаноски и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да продолжат да ги кршат Деловникот, законите и Уставот на Република Македонија. Никој нема право да се изживува и да ги тероризира граѓаните, со неизвесност, со загрозување на егзистенцијата, со креирање нестабилност, со блокада на институциите.

Државен интерес број еден е да се одблокираат демократските процеси и Македонија конечно да добие институции што ќе работат во полн капацитет.

Ја преземаме обврската да продолжиме демократските процеси со избор на нов претседател на Собранието и тоа токму од редот на оформеното и декларирано мнозинство кое постои во Парламентот.

Она што се случи подоцна е познато.

Вториот пратеник, познат како Никола Груевски, кој стои зад сето сценарио на операцијата "Ако победиме важи парламентаризмот, но ако изгубиме - власта не ја даваме!" како некогаш кралот Петар со куферите последните денови беше во Виена. Не се знае зошто и по кој повод. Неговите телевизии не известуваа за средби и економски зделки како порано, дури и кога тој одамна веќе не беше премиер на земјава!

Како што се стеснуваше таа вечер позицијата на ДПМНЕ така тој и реши да се врати дома - изгледа дека тука му е најбезбедно! До кога?

Топј со порака на Твитер побара смирување на тензиите, потоа одржа прес во три часот ноќта во зградата на "Палачинката". Јасно, се е хипокризија, како хеоројското "дело" ма бранење на своите колеги од Илија, Влатче или некој трет, дел од оние кои два месеци ја зовриваат атмосферата и повикуваат на насилство. Да, сето тоа хипокризија, тоа е како пуштите брана и реката почнува да поплавува а потоа вие ќе скокате во вода да спасите по некој жртва!

Многу рано по раскрвавените глава и обидот за линч на еден пратеник поранешниот посредник во средувањето на приликите во земјава, Питер Ванхојте, упати порака:

"За сите демократски ориентирани луѓе во Македонија: Ве молам не се откажувајте од вашата борба,. Вашата земја заслужува да се придвижи напред, сите заслужувате отворен демократски систем, во којшто тие што сте ги избрале се одговорни и пред луѓето за сите времиња. Ја имате мојата целосна поддршка!"

Остра реакција од пратеникот на германските Социјалдемократи во Европскиот парламент Кнут Флекенштајн по нападот во македонското Собрание. ЕУ мора да преземе одлучна акција

ЕУ веќе утре мора да преземе мерки по она што се случи во Македонија, вели за ДВ германскиот европратеник Кнут Флекенштајн по насилничкиот упад во Собранието и нападите врз пратениците на парламентарното мнозинство од страна на демонстрантите.

"ВМРО-ДПМНЕ го премина Рубикон. Заврши времето за убави зборови. ЕУ ќе мора да преземе мерки. За тоа ќе разговараме утре", вели Флекенштајн за ДВ. Според него, веќе нема што да се чека.

Пратеникот во германскиот Бундестаг, Јосип Јуратовиќ претходно на Твитер ги праша Европската народна партија и германските конзервативни сестрински партии ЦДУ и ЦСУ, " до кога ќе ги поддржуваат Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ?".

САД преку својата Амбасада му дадоа поддршка на Талат Џафери.

"Тоа не е во согласност со демократијата и не е прифатлив начин за решавање на разликите. Тоа е критично. Сите страни ги почитуваат демократските процеси според законите и ги повикуваме да се воздржат од насилни активности кои ја влошуваат ситуацијата.

Мнозинството пратеници го избрани Талат Џафери за претседателот на Собранието за време на редовна, континуирана седница на Собранието. Ние ќе работиме со него за поддршка на демократијата и да ги унапредиме интересите на Македонија", објави амбасадата на САД во Скопје.

Со најсилни зборови ги осудуваме нападите кои се во тек врз членовите на Парламентот во Скопје, велат Хан и Могерини.

Oсуда, повик за смирување и повик до полицијата да обезбеди безбедност за сите, реагираат високата преставничка за надворешна политика на ЕУ Федерика Могерини и комесарот Јоханес Хан.

"Со најсилни зборови ги осудуваме нападите кои се во тек врз членовите на Парламентот во Скопје. Насилството во Парламентот е целосно неприфатливо и повикуваме на смиреност и воздржување. Министерството за внатрешни работи и полицијата мораат да осигураат безбедност во Парламентот и неговите членови.

Демократијата мора да продолжи по нејзиниот тек. Ние позитивно го поздравуваме изборот на Талат Џафер како претседател на Парламентот како што беше соопштено.

Европската унија е убедена дека политичкиот дијалог во институциите е единствениот начин да се оди напред и бараме од сите политички актери да го почитуваат Уставот во земјата и да се однесуваат во духот на демократските принципи, со здрав разум и пристојност", велат Могерини и Хан.

Министерот за внатрешни работи Агим Нухиу за Алсат М вечерва изјави дека утре ќе побара одговорност од сите ангажирани во оперативниот штаб и оцени дека полицијата не реагирала на време за случувањата во Собранието.

- Навремено беше формиран оперативен штаб кој функционира уште од почетокот на протестите, но полицијата денеска не ја заврши работата - рече Нухиу.