��oj 271   03.07.2012
прва страница линкови контакт
Најнов број
Импресум
Маркетинг
Архива
Пребарај

МАКЕДОНИЈА Е ЗАРОБЕНА ДРЖАВА

Таквата држава, смета антикорупционерката Слаѓана Тасева, се одржува токму низ корупцијата

Корупцијата во земјата во мигот можат да ја спречат само медиумите, невладиниот сектор или надворешниот фактор. Медиумите, според сите релеватни извештаи се немоќни тоа да го сторат, во овој миг. Не е подобра ситуацијата и со невладиниот сектор. Останува само надворешниот фактор, но сега е отворено прашањето - колку неговото влијание може да биде пресудно во борбата со ова зло. Ова е скусеното резиме од пресот што неодамна го одржа претседателката на Транспаретност Интернејшенел

Македонија, една од поголеми антикорупциски организации од невладиниот сектор кај нас - Слаѓана Тасева.

Повод за пресот беше необјавувањето на извештајот на Греко од страна на Владата, што е преседан, бидејќи, овој релевантен извештај, кој е показател за тоа каде треба власта да се корегира, меѓу другото, за да биде поуспешна во битката со корупцијата. Кај оваа власт нема политичка волја на овој терен да биде успешна, смета Тасева, додека институциите за контрола: Државниот завод за ревизија и Државната комисија за спречување на корупцијата се селективни и погрешно ги толкуваат законите, обвини таа. Посебно е видливо дека тие различно се однесувата кон политичките партии.

Тасева во обраќањето кон новинарите користеше еден термин како заробена држава за да ја опише состојбата кај нас. Тоа е според Тасева опис на систем кој се самоодржува токму низ системот на корупција. Државата мора да го објави извештајот, и тој да стане јавен како што е должна и многу извештаи за своето работење да ги обелодени.

- Неефикасната контрола над политичкото финансирање овозможува создавање на спреги и влијанија кои дополнително го засилуваат синдромот на заробена држава и апсолутизам, наспроти демократија и владеење на правото - тврдиТасева и додава дека Државниот завод за ревизија толерира незаконски однесувања на одговорните за организирање на изборни кампањи, толкува закони на начин со кој ги оправдува незаконитостите, наместо за тоа да поведе соодветни постапки, коментира работи за кои има законска обврска да донесе заклучок - нагласи Тасева. За неа е многу необилчно и што јавното обвинителство не ги препознава очевидните прекршувања на законите, да речеме кај парите потрошени за изборите и начинот на нивното прибирање. И кај ДЗР и кај Обвинителството постои селективност во примена на правдата. При тоа ДЗР коментира место да дава препораки, што значи ги пишува резимеата во насока која е подалеку од нејзината основна функција, како што можеше да се подразбере од обраќањето на претседателката на оваа НВО.

- Постојните спреги и влијанија, практично непречени од никого, ги засилуваат карактеристиките на заробената држава - констатира Тасева.

Необично е што провладините медиуми а особено порталите ги "оживеаа" старите извештаи на Тасева, да речеме од ланската есен, во однос на местото на македонија на листата на успешноста на змејата во борбата сои корупцијата. Тие подвлекоа дека Макеоднија е на 84-то место (беше нагласнео во "горниот дел на табелата", туф) со 3,3 индексни поени. Тоа е инаку извештај стар пет години