��oj 518   18.04.2017
прва страница линкови контакт
Најнов број
Импресум
Маркетинг
Архива
Пребарај
Следниот чекор во еволуцијата: човекот станува Бог, секреатор. Тргнавме во вселената и можеме да влијаеме на гените. Но, дали ќе бидеме во можност да се справиме со создавање на натчовекот?
Развојот на настаните на меѓународна сцена го врати рамп кон старите "проверени шеми" во односите со Истокот - како оној на Пациикот, така иво односите со Русија. Путин призна дека односите со САД биле подобри пред Трамповото доаѓање во Белата куќа?!

ШТЕТА И СРАМ

АТАНАС ВАНГЕЛОВ

Општа, безобѕирна и безобразна штета по државата РМ е, исто така, очигледната, безобѕирна и безобразна манипулација на партијата на власт со т.н. "тиранска платформа". Таа се користи, по секоја цена, да се задржи власт. Во надеж дека, на тој начин, ќе се избегне изгледната казна за систематските и системски криминали, за кои постојат не само "основани сомненија" на СЈО, туку и јасна свест која работи како црв во душата на фанатизираните бранители на таа власт. Тие се бранат (и) себеси кога бранат - власт

"Твоја штета, твој срам!" Така вели една популарна, народна мудрост до која, по искуство (= свесно), или пак по чувство (=инстинкт), традиционално држи широкото јавно мнение. Тоа искуство или чувство, потоа, станува силниот мотив (двигател) за неговото јавно однесување. Според тоа искуство/чувство широкото јавно мнение издига на пиедестал свои нови политички идоли. Или пак ги враќа, на пиедестал, оние политички идоли кои само што не ги згазил: откако дознало (бомбите на Заев) дека се работело за - криминалци на власт.

Се работи за нанесена штета кога некој, било од страв (кукавичлак), било од слабост (недостиг на сила), било од калкулација (одбегнува ризик: иако сè се ризикува кога не се - ризикува!) одбива сам да го брани својот материјален (имот) или духовен (углед, чест) капитал, туку исчекива тоа да го стори: а) неговиот сосед епоред правилото: "ако игра мечка пред мојата, ќе заигра и пред твојата врата", б) дражавата со своите институции - војска и полиција: таа брани власт на законот, или в) оној шгто посегнал по неговиот имот и чест, по мистичен начин "се вразумил": во последен момент се откажe од својата зла намера. Во нашиве сегашни, конкретни политички околности, таа штета изгледа вака:

Општа, безобѕирна и безобразна штета по државата РМ е, на пример, колку циничната, толку и безумна, тврдоглава упорност (една валандавалар-упорност која навредува здрав разум!) на претседателот на државата Иванов да спречи, по секоја цена, "оформеното" парламентарно мнозинство да направи влада. Дури и тогаш кога со недели, ако не и со месеци, го повикуваат (го молат!) политички формати од највисок ред во светот: Бејли, Туск, Могерини, Хан. Се разбира, за него е тоа и голем срам! Ама, по сè изгледа, тој спаѓа во редот на оние духовни склопови од кои не треба да се очекуваат "скриени добри чувства", како што кажа Владимир Глигоров при еден друг повод.

Општа, безобѕирна и безобразна штета по државата РМ е, исто така, очигледната, безобѕирна и безобразна манипулација на партијата на власт со т.н. "тиранска платформа". Таа се користи, по секоја цена, да се задржи власт. Во надеж дека, на тој начин, ќе се избегне изгледната казна за систематските и системски криминали, за кои постојат не само "основани сомненија" на СЈО, туку и јасна свест која работи како црв во душата на фанатизираните бранители на таа власт. Тие се бранат (и) себеси кога бранат - власт.

Силната, крунска индиција на таа јасна свест е токму фанатизмот на тие колку бучни, толку и уплашени бранители. Имено, тој фанатизам се генерира од еден добро познат, елементарен психолошки одбранбен механизам. Тој постои (и работи беспрекорно!) откако постои векот и светот. Тој психолошки механизам кој сега масовно се користи се вика: "нападот е најдобра одбрана!"

Се разбира, и таа штета брзо еволуира во - срам. Ама, еден таков срам најмалку може да се очекува кај оние пред кои виси заканата од загуба не само на углед и на чест, туку и на солиден, дебел имот (украдени пари) кој го стекнале на криминалин начин. Додека биле власт и на власт. Во такви околности се гаси свеста која држи до свој внатрешен, строг морален судија. Во такви околности секогаш победува дивиот порив (инстинкт) за голо самоодржување. Порив за спасување кожа, како што се вели сега кај нас.

Од таа гледна точка има силна, непобитна логика песимистичката мисла на универзитетскиот професор Љубомир Фрчковски. Таа вели дека сегашната, длабока политичка криза е само прелудиум во вистинската. Таа криза ќе уследи ако "оформеното" парламентарно мнозинство и натаму продолжи да се колеба во тоа што треба, под итно, да да го стори. А што треба да стори?

Треба да го заобиколи Иванов кој одамна не е со сите кога работи само за некои: тие што го донесле на власт! Треба да го "фати за уши" оној Вељаноски кој гази деловник што сам си го донесол! Треба да му се покажат заби и мускули на оној што со заби и мускули не само што владеел цела деценија, туку и натаму сака да задржи власт. Оти, поентира Фрчковски, сè се просутува во политиката! Освен "колебливоста и нерешителноста", "одлучност" во неговиот речник.

Сакам и натаму да мислам дека зад таа "колебливост и нерешителност" сепак стои една не помалку, силна и непобитна логика. Сакам (сè уште?) така да мислам од следнава, добра причина: според моето скромно мислење дури и еден криминален ред и поредок (груевизмот кај нас!) на диктатура е подобар од сеопшт хаос и крвопролевање. Или, како што рече, пред многу години, Бранко Црвенковски, во време на воениот конфликт во 2001 година: "Не е сеедно дали војната ќе заврши со триста, три илијади или триста илјади жртви!"