��oj 514   21.03.2017
прва страница линкови контакт
Најнов број
Импресум
Маркетинг
Архива
Пребарај
Дали случајот ќе заврши во Врховниот суд? Таму е можна одлука 4:4, според односот на силите. Тогаш ќе остане во важност одлуката на понискиот суд
Луѓето од типот на (Никола) Љубичиќ (Стане) Доланц, (Бранко) Микулиќ, (Бранко) Мамула и сличните беа лоша замена за воено политичкото биро што постоеше претходно. Тие повеќе не беа сонувачи, идеалисти. Новиот тим е главно составен од себични, интригантни типови на луѓе алчни на власта

ДАЛЕКУ Е АВСТРАЛИЈА

Искрено, малку кој верува во објаснувањето од кабинетот на Иванов во сторијата за одложувањето на летот за Австралија. За тоа одложување може да се наѕре неволјата за своевиден отпор кон Иванов и неговата "харизма", односно дека тој станува сведок на сопствената изолираност. Австралија е далеку ама и до неа стигнува лошиот глас на западните демократии за она што шфот на државава го прави тука..Па дали тој мислеше дека може да дава такви толкувања за демократијата во Баку и потоа да бара да биде примен од претставници на типична западна парламентарна земја?

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ


"Прочитав дека претседателот Иванов ќе одел во Австралија, па ми текна на неговата посета во Канада пред три години (април 2014).

Знаете ли со колку канадски државни функционери се сретна тогаш Иванов? Со 0... И со букви: НУЛА!" - ме потсетува деновиве еден Фејсук пријател кој живее во оваа далечна земја. И додава - "и трагедијата да биде поголема, канадските медиуми се мајтапеа со таа негова посета ...

Можете ли да замислите какво ми беше чувството како Македонец кога во најеминентниот канадски весник National Post прочитав наслов: "President of Macedonia comes to Canada, nobody notices"... Или во превод: "Претседателот на Македонија дојде во Канада, никој не го забележа"... Жив срам!"

Фејсбук информаторот кажува инаку дека Иванов не седел само во хотел, тој бил прилично активен... Се сретнал со градоначалникот на еден град кој што е неколку десетици километри. оддалечен од Торонто (средба што му ја обезбеди македонската црква во тој град) и плус беше уште во неколку цркви и неколку ресторани...

Па моите родители кога дојдоа да н? посетат во Канада имаа повеќе средби и повеќе активности отколку што имаше претседателот Иванов! - заклучува потсетувачот.

Повод за оваа дописка е сознанието дека нашиот претседател, клучната алатка на власта во бојкотирањето на мирната транзиција на мандатарите во земјава, одлучил сепак да не заминува за Австралија. Наводно, политичката состојба во земјата и тензиите меѓу ЕУ и Турција за прекин на договорот за мигрантите се причините поради кои претседателот Иванов нема да ја реализира посетата на Австралија. велат од неговиот Кабинет а пренесува МИА.

Како што беше објавено тој требал да оствари средби со генералниот гувернер, премиерот, спикерот, претседателот на Австралискиот Сенат, со претставници на македонско-австралиската група на пријателство во Парламентот на Австралија, како и со претставници на македонската заедница во Австралија. Дел од медиумите неофицијално објавија дека тој ќе престојува на седмиот континент од 24 март до 4 април.

Иванов инаку претходно замина за Азербејџан среде длабока политичка и институционална криза, која ја предизвика тој самиот со недавањето на мандатот за формирање влада на лидерот на СДСМ Зоран Заев, кој собра 67 потписи од пратеници во парламентот. Иванов го оправда својот потег, обвинувајќи го Заев дека преговара за платформа правена во Албанија.

Домаќин на Глобалниот форум, каде присуствувал Иванов беше азербејџанскиот претседател Илхам Алиев, кој минатиот месец ја назначи сопругата Мехрибан Алиева за потпретседател. Алиев владее со Азербејџан од 2003 година, кога го наследи татка си Хејдар.

На Македонија и се оспорува правото на идентитет и просперитет, се пожалил претседателот Ѓорге Иванов во својот говор на петтиот Глобален Бакум форум во Азарбеџан.

Да споменеме дека во јуни 2014 година, како што пипува деновиве во нашиот печат, регионот го тресеше скандал, кога Босанското обвинителство обвини 13 српски и босански државјани кои со измама однеле над 800 лица од поранешните југословенски републики во Азербејџан, и таму ги држеле како бело робје. Помеѓу нив имало и околу 120 Македонци кои како градежни работници тргнале на печалба во Азербејџан. Експлоатацијата на жртвите се случувала помеѓу 2007 ни 2009 година

- Македонија е жртва на колапс на либералниот поредок по Втората светска војна. Македонија е единствена земја, што во ООН нема право на сопствен идентитет. И се оспорува правото на самоидентификација, основното право на секој поединец и на секоја држава во меѓународниот поредок. На Македонија и е скратено правото на просперитет. И се блокираат нејзините НАТО и евро интеграции. Тоа го покажува лицермерието на овој меѓународен поредок со двојните стандарди. Затоа на случајот Македонија колабира светскиот поредок и меѓународниот поредок- рекол Иванов.

Иванов се прашува дали оваа нестабилност е само епизода што ќе помине или "дефинирачки момент во историјата на светот".

- Во услови на криза, има само две идеи кои можат да ги мобилизираат луѓето - надеж и страв. Денес, надежта е с? поретка. А колку помалку надеж, толку повеќе страв - рекол Иванов.

Говорејќи за Европа, претседателот посочил дека нејзината иднина треба да се гледа како период на трансформација и подготовка за предизвиците во третиот милениум.

- Денес, кога на европската политичка сцена повторно се јавува левиот и десниот популизам, ксенофобијата, исламофобијата, исклучивоста, границите, треба повторно да се понуди нова идеја. Ова е време за пресоздавање на Европа - метаморфоза на Европа- завршил Иванов.

Македонците во Австралија се разочарани поради откажаната посета на претседателот Ѓорге Иванов, која што требаше да трае од 27 март до петти април.

И добро, да речеме дека оставил впечаток со говорот со кој никако не допира до долгата диктаторска традиција на тој регион каде што беше. Се поставува прашање што ќе им кажел на своите австралиско домаќини, ако се тие оние од списокот, кога хипотетички би долетал таму? Ќе им ја раскажел истата приказна за потребите од метаморфоза на европската демократија или "ќе ја смени плочата"?

Искрено, малку кој верува во објаснувањето од кабинетот на Иванов во сторијата за одложувањето на летот за Австралија. За тоа одложување може да се наѕре неволјата за своевиден отпор кон Иванов и неговата "харизма", односно дека тој станува сведок на сопствената изолираност. Австралија е далеку ама и до неа стигнува лошиот глас на западните демократии за она што го прави во својата земј.Па дали тој мислеше дека може да дава такви толкувања за демократијата и да бара да биде примен од претставници на типична западна парламентарна земја?

Јасно, може да има друга прилчина за одложениот пат - во кабинтот на Груевски да има промена во расположението - проценка е дека е добро тој да е во земјата кога ќе дојде бриселската четворка во посета (денес, вторник)! Имено, сега тежиштето на кризата се префрлува во Парламентот, за каде ќе се користат други трикови. ("Службен пат" е омилена референца на власта деновиве).

Македонско - австралискиот портал ,,Фаланга'' пишува дека нашата дијаспора многу се израдувала што конечно Иванов за прв пат во своите два мандата храбро решил да ги посети, па одлуката за одложување на посетата ги разжалостила.

Дали подеднакво трауматично се чувствувале претставниците на австралиските институции?