��oj 518   18.04.2017
прва страница линкови контакт
Најнов број
Импресум
Маркетинг
Архива
Пребарај
Следниот чекор во еволуцијата: човекот станува Бог, секреатор. Тргнавме во вселената и можеме да влијаеме на гените. Но, дали ќе бидеме во можност да се справиме со создавање на натчовекот?
Развојот на настаните на меѓународна сцена го врати рамп кон старите "проверени шеми" во односите со Истокот - како оној на Пациикот, така иво односите со Русија. Путин призна дека односите со САД биле подобри пред Трамповото доаѓање во Белата куќа?!

СВЕТСКА ВОЈНА НА ДАЛЕЧНИОТ ИСТОК НАЈАВЕНА НА ТВИТЕР?

САД наводно подготвуваат превентивен воздушен напад врз Северна Кореја, доколку се убедени во нејзин претстоен натамошен атомски тест. Трамп испрати закана на својот Твитер. Експертите стравуваат од катастрофални последици

РЕДАКЦИЈА ГЛОБУС


Два американски бродови-разорувачи, вооружени со ракети "Томахавк", се наоѓаат веќе близу Корејскиот Полуостров, известува американската ТВ Ен-Би-Си, повикувајќи се на информации од соработник во американските тајни служби. Еден од разорувачите е оддалечен околу 480 километри од атомскиот полигон каде се претпоставува дека се вршат тестовите.

НЕ "ДАЛИ", ТУКУ "КОГА" Пентагон не сака да го коментира извештајот. Се разгледуваат воени опции, изјави надворешнополитички советник на Белата куќа во Вашингтон. Според него, не се поставува прашањето "дали" Северна Кореја повторно ќе тестира ракета, туку "кога".

Претходно зачестија укажувањата дека терминот евентуално би бил по повод денешната годишнина од 105-от роденден на основачот на државата, Ким Ил Сунг. Сателитски снимки од пробниот полигон во Северна Кореја покажуваат нова раздвиженост, како што јавува американски- корејскиот институт од Универзитетот Џон Хопкинс во Балтимор.

Севернокорејскиот најблизок сојузник, Кина, неодамна изричито го одврати американскиот претседател Доналд Трамп од преземање воен удар врз изолираната комунистичка земја. Трамп од своја страна укажал дека американскиот носач на авиони "Карл Винсон" е на пат кон кризниот регион. "Испраќаме силна армада", изјави Трамп за ТВ Фокс њус.

На Твитер Трамп напиша: "Уверен сум дека Кина може да се справи со Северна Кореја. Ако не е во таква можност, тоа ќе го направат САД со своите сојузници".



ЗАЧЕСТЕНИ ЗАКАНИ Севернокорејскиот властодржец Ким Јонг Ун во последно време ги зачести провокациите против Западот. Само лани неговата земја изврши две тестирања на атомско оружје, а истовремено работи на развој на ракети со долг дострел, со чија помош атомски боеви глави можат да стигнат до американско копно. Комунистичката држава на овој начин прекршува бројни резолуции на Советот за безбедност на ОН.

Во случај на воена ескалација во Севернокорејскиот Полуостров, експертите стравуваат од катастрофални последици. "На крајот Корејскиот Полуостров би се претворил во жална арена со милиони трупови, а да не зборуваме за геополитичките консеквенци", вели на пример Ридигер Франк, раковидител на Источноазискиот универзитет во Виена. Тој е убеден дека Ким Јонг Ун би бил подготвен да преговара за спорната атомска програма, но Западот мора да сфати дека на раководството од Пјонгјанг му се потребни одредени гаранции.

Коментарите на Трамп извлечени од интервју за "Фајненшл Тајмс" делуваат како притисок врз кинескиот претседател Ши Џинпинг во пресрет на неговата посета на САД неделава.

"Кина има големо влијание врз Северна Кореја. И Кина или ќе одлучи да ни помогне со Северна Кореја, или нема. Доколку помогнат тоа ќе биде добро за Кина, а ако не, тоа нема да биде добро за никого", изјави Трамп. Запрашан што ќе им понудат САД на Кина, Трамп одговори: "Трговијата е поттик. Таа е најважна".

НЕЈАСНА ПОЗИЦИЈА НА КИНА Прашан дали размислува за "голема зделка" во која Кина би извршила притисок врз Пјонгјанг во замена за повлекување на американските трупи од Корејскиот полуостров, Трамп вели: "Доколку Кина не го реши проблемот со Северна Кореја, ние ќе го сториме тоа. Тоа е с? што можам да ви кажам".

Засега е нејасно дали коментарите на Трамп ќе ја поттикнат Кина, која веќе презеде чекори за зголемување на економскиот притисок врз Пјонгјанг, но не сака да стори ништо што би можело да го дестабилизира Северот и да ? донесе милиони бегалци преку границата.

Нејасно е што можат да сторат и САД за да ја одвратат Северна Кореја од експанзија на нејзините нуклеарни потенцијали и развојот на проектили со уште поголем дострел кои имаат капацитет да носат атомски боеви глави.

Советниците за безбедност на Трамп изработија листа од можности, со кои треба да се запре нуклеарната програма на Северна Кореја, која вклучува економски и воени мерки, но повеќе се потпира на санкции и зголемен притисок врз Пекинг кој треба да изврши влијание врз својот сосед.



И ПОМАЛКУ РИЗИЧНИ ПОТЕЗИ Иако опцијата за превентивни воени напади останува актуелна, плановите сепак вклучуваат помалку рискантни чекори и, засега, отфрлаат директна воена акција. Белата Куќа досега одбиваше да ги коментира предлозите на експертите, а не е потврдено ниту дали тие стигнале до Трамп.

Инаку, САД немаат прецизни податоци за капацитетот на севернокорејската нуклеарна програма, ниту за дострелот на нејзините проектили. Заменикот советник за национална безбедност на Трамп, К.Т. Мекфарланд смета дека постои можност Северна Кореја да биде во можност да ги погоди САД со проектил со нуклеарна боева глава до крајот на четиригодишниот мандат на Трамп. Неговите прогнози се далеку попесимистички од оние на експертите, кои сметаат дека на Пјонгјанг ќе му бидат потребни уште најмалку пет години за развој на такви проектили.

"Во наша одбрана, против провокаторите ќе бидат употребени најострите противмерки и најсилно оружје", соопшти Министерството за надворешни работи на Северна Кореја доцна синоќа. Доколку САД се имаат одлучено на воена акција, Северна Кореја е подготвена да реагира на било каков вид војна, ја пренесуваат медиумите изјавата на портпарол на Министерството. По ракетните тестови извршени од страна на Северна Кореја, САД за време на последниот викенд започнаа со преместување на носачот на авиони "Карл Винсон" и неговата придружна воена флота во правец на Кореја. Бродовите во саботата испловиле за да заземат позиции во Западен Пацифик, соопшти портпарол на американската војска. Потегот се смета за демонстрација на сила од страна на САД, насочена кон комунистичката влада во Пјонгјанг. Акцијата предизвика голема загриженост во регионот. Истовремено, во регионот се во тек заеднички воени маневри на САД со сојузникот, Јужна Кореја.Пјонгјанг ги осудува воените вежби, оценувајќи ги за подготовка за воена интервенција.

ВАЖНИ ОДЛУКИ Северна Кореја во минатата недела по којзнае кој пат ги прекрши резолуциите на ОН, вршејќи пробно испалување на балистичка ракета кон отворено море. Советот за безбедност на ОН најостро ја осуди акцијата. Според проценките на експертите, земјата во моментов врши подготовки за натамошен атомски тест. Прогнозите се дека земјата за помалку од две години може да создаде атомски боеви глави со досег до американско копно.

Севернокорејскиот парламент денеска е свикан на една од ретките седници, кои се одржуваат еднаш или двапати годишно и траат еден ден. На нив обично се донесуваат важни политички и економски одлукипод водство на властодржецот Ким Јонг Ун. Северна Кореја е меѓународно изолирана поради својата атомска и ракетна програма и против неа се воведени повеќекратни санкции.

Воена мерки против Пјонгјанг е "опција на масата", изјави државниот секретар на САД Рекс Тилерсон, по посетата на демилитаризираната зона помеѓу двете Кореи. Тој предупреди дека дипломатијата била неуспешна.

"Стратешкото трпение" на САД кон Северна Кореја, која располага со нуклеарно оружје, заврши - порача државниот секретар на САД, Рекс Тилерсон во Сеул.

ДЕНУКЛЕАРИЗАЦИЈА Оваа изјава навестува промена на позицијата на САД кон Северна Кореја која ја постави претходната администрација, кога САД ја исклучи можноста за интервенција и предност и даде на посветеноста за денуклеаризација.

"Политиката на стратешко трпение заврши", изјави Тилерсон на заедничката прес конфереција со јужнокорејскиот колега, Јун Бјунг-Се. "Размислуваме за нов опсег на дипломатски, безбедносни и економски мерки. Сите опции се на масата".

Тилерсон додадете дека може да биде неопходно да се преземат превентивни воени мерки против Северна Кореја доколку заканата од нивната програма за нуклеарно вооружување достигне ниво "за кое се верува дека е потребна акција". Тој не кажа кое би можело да биде тоа ниво.

"Сигурно не сакаме да дојде до воен конфликт", изјави тој за новинарите.

Тилерсон денес пристигна на граница со Северна Кореја, т.н. демилитаризираната зона (ДМЗ). Државниот секретар на САД изјави дека 20 годишните дипломатски напори во Северна Кореја се "сведоа на ништо".

Тој забележа на предиодот кога САД и донираше на Северна Кореја 1,35 милијарди долари како помош за земјата да "тргне по поинаков пат" и додаде дека тоа не помогнало.

Тилерсон и јапонскиот премиер Шинзо Абе се согласија дека двете земји треба да имаат заеднички стратешки цели да се справат со нуклеарната закана.

Долгогодишните амбиции на Северна Кореја да стане нуклеарна сила кулминираа во 2006 година кога властите во Пјонгјанг го извршија првиот нуклеарен тест, иако пораки на спротивставување и протест пристигаа од целиот свет.

Подоцна беа направени уште четири тестирања, од кои две беа извршени минатата година.



ТЕСТИРАЊА Пјонгјанг продолжува да се спротивставува на меѓународната заедница и покрај двете рунди на санкции поддржани од ОН. Минатата недела, Северна Кореја изврши тестирање на балистички ракети кои паднаа во морските водите на Јапонија.

Во меѓувреме, Јужна Кореја се согласи на нејзината територија да биде поставен ракетен одбранбен систем на САД познат под акронимот ТХААД.

По посетата на демилитаризираната зона, Тилерсон треба да се сретне со министерот за надворешни работи Јун Бјунг-Се и премиерот Хванг Кјо-ан.

Првата посета на Азија во функција на државен секретар на САД, Тилерсон ја започна во Јапонија во средата, а утре ќе патува во Кина.

"Пекинг може да направи повеќе"

Вашингтон го притиска Пекинг да вложи повеќе напори и да помогне да се намали нуклеарната програма на Северна Кореја.

Официјално лице од САД, за агенцијата Ројтерс изјави дека се очекува Тилерсон на кинеското лидерство да му пренесе порака дека САД има намера да ја зголеми ракетната одбрана во регионот и покрај несогласувањето на Кина.

Тој исто така ќе го притисне најголемиот дипломатски заштитник и трговски партнер на Северна Кореја да поддржи построги санкции. Пекинг, од другата страна чувствува иритација од поставувањето на ракетниот систем во Јужна Кореја.

Предлог за поставување на ракетен штит

Либералниот јужнокорејски политичар Мун Јае-ин кој има најголема шанса да стане следниот претседател на земјата, во петокот изјави дека доколку биде избран ќе изврши ревизија на договорот за поставување на ракетен штит и дека за тоа ќе се консултира со Кина. Доколку Мун Јае-ин, кандидат за претседател на изборите закажани за 9 мај, биде избран на функцијата и ја повлече одлуката за поставувањето на ракетниот систем може да предизвика проблеми со САД, најголемиот сојузник на Јужна Кореја.

Претходно, конзервативната влада на поранешниот претседател Парк Геун-хје, кому не му беше изгласана доверба во постапката за импичмент, се согласи на поставувањето на ракетен штит .

За време на комисиската расправа за назначување на за државен секретар на САД, Рекс Тилерсон го спореди градењето на острови на Кина во Северното кинеско море и поставувањето на воени средства со руското анексирање на Крим и сугерираше дека пристапот на Кина до островите не треба да биде дозволен.

Ова прашање би требало да се најде високо на агендата при посетата на Тилерсон на Пекинг.

Кина, Филипините, Виетнам, Тајван, Малезија и Брунеи спорат околу сопственоста над Северното кинеско море, кое е едно од најпрометните водени патишта во светот, а се верува дека под него лежат огромни количества на нафта и гас