��oj 520   02.05.2017
прва страница линкови контакт
Најнов број
Импресум
Маркетинг
Архива
Пребарај
Русија не можеше да развие демократски федерализам и затоа се врати на идејата за империјална држава. Паралелно на неа во старите времиња постоеше една Америка која си беше доволна самата на себе
Следниот чекор во еволуцијата: човекот станува Бог, секреатор. Тргнавме во вселената и можеме да влијаеме на гените. Но, дали ќе бидеме во можност да се справиме со создавање на натчовекот? Наскоро би можеле да посакаме да создадеме суштества кои преку моќта на умот ќе ја движат вештачката реалност и неа ќе ја менуваат преку нивните тела и умови согласно на желбите", вели Харари, авторот на двата бестселери "Сапиенс" и "Хомо деус"

ЗА ЕДЕН МЕСЕЦ НАДЛЕЖНИТЕ ДА И ЈА ОДЗЕМАТ КОНЦЕЦИЈАТА НА "ЕУРОМАКС РЕСОРСИС"

Во струмичката котлина се јави иницијатива за сопирање на инвестицијата за отворање на рудникот Иловица. Иницијативата е испратена до надлежните министерста и државни институции

Струмичката и пошироката македонската јавност се длабоко вознемирени од најновите сознанија во врска со отворањето на рудникот за злато и бакар во Иловица. Тие сознанија недвосмислено покажуваат дека концесионерот Еуромакс Рисорсис од Канада, за својата работа во истиот предвидува недозволива употреба на отровни и штетни тешки метали и хемиски супстанци, вклучително и цијанид, кои долгорочно ќе доведат до катастрофални последици по Струмичката Котлина во однос на животната средина, земјоделското производство, здравјето и животите на луѓето ова се вели во прогласот кој е испратен од иницијаторите за спас на струмичката котлина до медиумите, но пред се до надлежните министерства.

Одговорноста за ваквата ситуација ја сносат, се вели во Иницијативата надлежните субјекти од локалната самоуправа и од државната власт, заради тоа што неосновано и неодговорно доделиле концесија за рудник кој го загрозува опстанокот на сите нив во струмичкиот регион.

И да не се во прашање отровите, самото доделување концесија за рудник во еден од нај благородните и најплодородните земјоделски региони во светот, кој живее и се развива благодарение пред сее' на земјоделското производство, е крајно неиздржано, нелогично и погубно за нашата и за иднината на нашите поколенија.

Рудникот во Иловица, заедно со другите рудници во Јужна и Југоисточна Македонија претставува промашување, неодговорна и необмислена политика, која не само што не носи развој и прогрес, туку претставува опасен економски, културолошки и национален регрес - се вели исто така во Иницијативата.

"Струмичкиот регион во иднина го гледаме како светски бренд за органски земјоделски производи и храна, за што има извонредни потенцијали, а не како уништена животна средина и бесперспективност предизвикани од рудници и друга тешка индустрија. Со оглед на вашата одговорност, со овој Проглас меѓу другото сакаме да ви дадеме шанса да ја исправите огромната грешка која сте ја направиле од причини кои дополнително треба да се утврдат" - велат иницијаторите..

Во најкус можен рок бараат:

1. Итно запирање на какви било активности со, во и околу рудникот Иловица и одземање на концесија на компанијата Еуромакс Рисоурсис. (Меѓу другото, Компанијата нема интегрирана еколошка дозвола од А-категорија, а според Законот за заштита на животната средина МОРА да има. Тоа, од друга страна, значи дека Компанијата НЕ ГАРАНТИРА заштита на животната средина и на здравјето и животите на населението).

2. Донесување законска регулатива со која во иднина ќе се забрани отворање КАКОВ БИЛО рудник во Струмичкиот регион, без оглед на тоа дали во процесот на работа користи или не користи опасни супстанци. Секаков вид рудник и тешка индустрија се опасни и штетни за нашиот регион кој се развива пред сее' благодарение на земјоделието.

3. Не нее' занимаат никакви политичко-партиски соодноси во локалните и државните институции. Ние на институциите гледаме како на целини, изгласани и назначени со основна задача да работат во интерес на граѓаните, нивна благосостојба, безбедност и заштита и со сите права и одговорности што им следуваат. И само така ќе ги третираме. Исто така отфрламе какви било обиди за манипулации, злоупотреба, инструментализација, или притисоци и уцени врз нашата Иницијатива или врз нејзини членови. Тоа само дополнително би ја влошило состојбата.

4. Рокот за остварување на барањата е еден месец (30 дена) и тече од моментот на објавување на овој Проглас. Неостварувањето на овие барања го повлекува нашето граѓанско и демократско право за преземање мерки, вклучително и радикални, со кои ќе ја спречиме работата на рудникот во Иловица. Локален референдум е само една од опциите. Имаме уставно, човечко и морално право на здрава животна средина и на самозаштита. За сите евентуални последици ќе бидете одговорни вие од локалната и државната власт.

5. Овие барања не се подложни на преговори или отстапки.

Нема сомнение дека референдумот во Гевгелија со кој се одби изградбата на рудник за злато на Кожув ги охрабри ваквите еколошки размислувања.