��oj 518   18.04.2017
прва страница линкови контакт
Најнов број
Импресум
Маркетинг
Архива
Пребарај
Следниот чекор во еволуцијата: човекот станува Бог, секреатор. Тргнавме во вселената и можеме да влијаеме на гените. Но, дали ќе бидеме во можност да се справиме со создавање на натчовекот?
Развојот на настаните на меѓународна сцена го врати рамп кон старите "проверени шеми" во односите со Истокот - како оној на Пациикот, така иво односите со Русија. Путин призна дека односите со САД биле подобри пред Трамповото доаѓање во Белата куќа?!

АЛТХАУЗЕР: РЕДОСЛЕДОТ НА ПОЛИТИЧКИТЕ ПОТЕЗИ Е НА МАСА

Германската амбасадорка рече дека разочарув ањето не е во описот на нејзиното работно место. Истакна и дека не знае што кажала Меркел на Малта - таму канцелраката била како шефица на партија

Решението за политичката криза во Македонија е на маса. Потребна е политичка волја за тоа да биде спроведено, Парламентот да биде оперативен, да се организира самиот, да избере претседател, а потоа да се избере и влада која ќе може да делува. Тоа е редоследот, возниот ред, не само за доброто на политиката, туку и за доброто на сите, економијата, општеството, граѓаните.

Ова го истакна германската амбасадорка Кристине Алтхаузер мин атонеделната прес-конференција на која Македонско-германското стопанско здружение ги презентираше резултатите од работењето во изминатата година.

Таа смета дека треба што побрзо да се избере претседател на Собранието, и како што наведе, убедена е дека тоа ќе се случи.

Според Алтхаузер, решението на кризата во однос на економијата е задоцнето.

- Предвремените парламентарни избори се одржаа пред четири месеци. Сите анализи покажуваат дека кризата негативно се одразува врз стопанството, забележан е пад на порастот на БДП, зголемен е фискалниот притисок, расте несигурноста и неизвесноста во приватниот сектор, се намалуваат инвестициите, а негативен е и порастот на одобрување на кредитите, посочи амбасадорката Алтхаузер.

Осврнувајќи се на резултатите на германските инвеститори во земјава што беа соопштени, истакна дека звучат парадоксално, но ја отсликуваат флексибилноста на Македонија и нејзината способност да се справи со политичката криза.

Таа учествуваше на презентација на резултатите на анкетата за деловната клима во земјава која што ја спроведе Македонско-германското стопанско здружение и порача дека кризата силно се одразува и врз стопанството. Поради тоа, таа нагласи дека треба што побрзо да се избере претседател на Собранието, и како што наведе, убедена е дека тоа ќе се случи.

Одговарајќи на новинарски прашања дали е разочарана од политичката состојба во земјава, таа рече дека како претставник на СР Германија во нашата земја се обидува да ја извршува нејзината работа, а во тоа не спаѓа разочарувањето како категорија. Во однос на нејзините оцени како ќе се одвива состојбата, таа рече дека решението е на маса.

"Имаше избори кои не беа оспорени, имаше тежок изборен резултат, тоа е апсолутно нормално, погледајте ја Холандија и други земји. Тоа е возниот ред за којшто говорев. Парламент во којшто ќе има дебата, но треба брзо да се пристапи кон избор на претседател на парламентот, а потоа да се даде мандат за составување влада. Тоа е патот и јас не гледам дека тој пат е во опасност", рече таа.

Одговарајќи на прашањето кои биле пораките на канцеларката Ангела Меркел до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на средбата којашто ја имале неодамна на Малта, таа рече дека во Германија има стриктна поделба помеѓу партија и држава.

"Она што госпоѓа Меркел како претставничка на партијата го кажала во Малта не знам, тоа не ме ни интересира. Тоа беше партиска средба на Европските народни партии и во врска со тоа не можам ништо да ви кажам. Средбата беше на ниво на партии и госпоѓа Меркел таму не беше како канцеларка", рече Алтхаузер