��oj 518   18.04.2017
прва страница линкови контакт
Најнов број
Импресум
Маркетинг
Архива
Пребарај
Следниот чекор во еволуцијата: човекот станува Бог, секреатор. Тргнавме во вселената и можеме да влијаеме на гените. Но, дали ќе бидеме во можност да се справиме со создавање на натчовекот?
Развојот на настаните на меѓународна сцена го врати рамп кон старите "проверени шеми" во односите со Истокот - како оној на Пациикот, така иво односите со Русија. Путин призна дека односите со САД биле подобри пред Трамповото доаѓање во Белата куќа?!

ЏЕС БЕЈЛИ СЕ ВРАТИЛ СО СМИРЕН ЧЕКОР

Одговорот за амбасадорот Бејли не беше соопштен јавно, туку стигна индиректно, преку текст во весникот "Њујорк пост", со кој не само што не се најавува истрага против УСАИД и амбасадорот, туку се дава легитимитет на нивната работа и политика што ја спроведуваат во Македонија

ВАСКО МИЛАНОВ

Кампањата која кај нас се водеше против американскиот амбасадор Џес Л. Бејли од кога беше номиниран, па дури и додека не беше пристигнат во земјава, засега не вроди плод и покрај тоа што нашава мала земја одвоила не така мали пари за да го оцрнува него и американската политика тука, кај одредени поводливи републиканци од преку Океанот. Дознаваме дека Бејли неодамна бил во САД, но ек се вратил со бодар чекор, бидејќи очевидно добил поддршка за својата работа.

Да се потсетиме дека овој амбасадор беше номиниран од страна на американскиот претседател Барак Обама за амбасадор на САД во Република Македонија пред три години, на 9 јули 2014 година.

Џес Л.Бејли е дипломат од кариера во Стејт департментот. Во Скопје дојде од позицијата заменик шеф на мисијата на САД во Анкара, Турција, функција која ја извршувал од 2011 година. Ова беше потенцирано во некои напади врз него од тукашни "аналитичари" и се поврзуваше со тоа дека веројатно дека тој како дел од американската машинерија стои зад обидот за државен атентат во Турција (!) и дека по некоја логика (како тоа го замислува малиот Ѓокица) тоа ќе проба против режимот на Груевски. Во таа бедна ментална конструкција всушност се гледаше стравот дека еден недемократски режим не може да смета на поддршка на она што го прави тука со својот народ и дека политиката на Груевски многу веројатно ќе биде ставена во некаков "санитарен коридор".

Во богатата биографија на Бејли се наведува дека бил директор на Канцеларијата за Југоисточна Европа во Стејт департментот, како и директор на Канцеларијата за политички прашања со ОН. Меѓу другото, Бејли ја вршел и должноста директор на Центарот за странски известувачи во Вашингтон, како и советник за јавни прашања во Амбасадата на САД во Хаг, Холандија. Тој има служено и во амбасадите на САД во Дакар, Сенегал и во Дака, Бангладеш.

Дипломирал на Јеил Универзитетот, а се стекнал со магистерска титула на Универзитетот Колумбија. Бејли дојде на местото на актуелниот амбасадор Пол Волерс, кој во Македонија амбасадорската функција ја извршува од 2011 година.

И како што веќе споменавме Бејли уште недојден во Македонија доби знаци дека не е добредојден! Најпрвин дојде вербалната лекција од македонското МНР. По изјавата на новиот дипломат дека во Македонија живеат "Словени", македонската дипломатија го повика заменик-амбасадорот на САД и му врачи вербална протестна нота. "Несоодветното ословување на македонскиот народ би можело да има негативни импликации на надворешен и внатрешно-политички план" - стои во неа. Македонското МНР преку заменик- амбасадорот на САД во Македонија врачи протестна нота.

Џес Линпинкот Бејли, во Комитетот за надворешни односи на американскиот Сенат, при неговото сослушување оддржано на 17 септември 2014" - посочија од МНР и додадоа: "Ваквото ословување го доведува во прашање идентитетот и ги повредува чувствата на македонскиот народ. Едновремено, несоодветното ословување на македонскиот народ би можело да има негативни импликации на надворешен и внатрешно-политички план."

Според професорот Мерсел Биљали, уште тогаш забележи дека зад оваа протестна нота може да биде закана за прогласување на "Персона нон грата"!

- Уште недојден во земјава, амбасадорот доби протестна нота. Ќе биде зачудувачки ако еднаш направиме добар потег. Ние, кога зборуваме за дипломатија, секогаш си пукаме или во глава или во нога, и што е најстрашно тоа го правиме свесно, според мене, да се блокираат евроатланските интеграции за да не се промени сегашната состојба во која е заглавена Макеоднија - изјави своевремено Мерсал Биљали. - Начинот на кој Македонија го дочека новоименуваниот амбасадор Бејли не е соодветен - сметаше и универзитетскиот професор Јове Кекеновски. - Според мене непријатно е уште на старт да се дочекува нов амбасадор на ваков начин. Станува збор за пријателска држава со која ние веќе имавме едно вакво слично искуство со потписникот на Рамковниот договор, Џејмс Пердју. Сега, новоименуваниот амбасадор на САД во Македонија, Џес Бејли ги поремети плановите на владејачката партија во однос на рекомпонирање на историјата. Воопшто не е пријатно уште недојден, новиот амбасадор да се дочека на ваков начин. Јас секако не подржувам изјави со кои се оспорува нашиот идентитет, но сметам дека требаше да најдеме друг начин во вид на укажување на незадоволство од таквите изјави - изјави Кекеновски. На изјавата на дипломатот Бејли, реагираа и од "Македонскиот манифест", што, нели и не беше неочекувано.

Остатокот од приказната е познат а врвот на недобредојдето за амбасадорот дојде откако беа нас'скани мала група републикански сенатори да покренат преиспитување на работата на амбасадарот ама и на УСАДИ и другите поддржувачи на развојот во земјава и тоа како "соросоиди", што евентуално требаше да го зголеми отпорот кон тие персони и организации кај новиот американски претседател Трамп. Нема знаци на задоволство кај домашните кодоши. Или така се чини?

"Преку американските медиуми стигна одговорот од Стејт департментот со кој не само што не се најавува истрага против УСАИД и амбасадорот, туку се дава легитимитет на нивната работа и политика што ја спроведуваат во Македонија. Дека сенаторите, што ја водат оваа анти-Сорос кампања и што објавија лавина на написи во конзервативните медиуми во Америка ја промашија поентата, т.е. не добија поддршка од администрацијата, се покажа и со реакцијата за затворањето на Централноевропскиот универзитет на Џорџ Сорос во Унгарија. Портпаролот на Стејт департментот, Марк Тонер, деновиве ја повика унгарската влада да ја суспендира примената на новиот закон што води кон негово затворање и преку дијалог со универзитетот и други институции да ја преиспита политиката кон ова прашање. Потсекретарот за политички прашања Том Шенон имал исто така средба со ректорот на Универзитетот, а изјава дал и заменик-државниот секретар Хојт Ји, што покажува колкава е мобилизираноста на Вашингтон да го спречи затворањето на универзитетот, додека групата сенатори фрла дрвја и камења по неговиот сопственик. Тонер притоа изјави дека САД се многу загрижени од овој потег на унгарската влада, нарекувајќи го ЦЕИ 'водечка академска институција и центар за слободно мислење и истражувања" - напиша деновиве Слободанка Јовановска во "Утрински".

Одговорот за амбасадорот Бејли не беше соопштен јавно, пишува Јовановска, туку стигна индиректно и е на линија на тоа што се поддржуваше во Унгарија. Него го објави весникот "Њујорк пост" нарекувајќи го "бедна лекција" како се дели странската помош, односно како не се спроведува според нив прогресивната агенда на Републиканската партија.

"Сенаторите бараа од Стејт департментот да испита како УСАИД работи со групите финансирани од милионерот Џорџ Сорос кои ја јакнат политичката левица", пишува "Њујорк пост", додавајќи дека место од државниот секретар Рекс Тилерсон, одговорот дошол од низок функционер на администрацијата, Џозеф Мекманус, кој во голема мера, според медиумот, им рекол "да се носат".

"Мекманус не се ни осврна на барањето за истрага. Неговиот одговор беше целосна одбрана на работата на УСАИД со реченицата дека "програмата за странска помош на Стејт департментот е строго дизајнирана, имплементирана и контролирана за да ги обезбеди најосновните американски вредности".

"Ние постојано ги прегледуваме програмите за странска помош, вклучувајќи ги унапредувањето на демократијата, човековите права и помошта на владите, за да осигуриме дека ефикасното и ефективно користење на ресурсите е во согласност со националните интереси на САД и со приоритетите на администрацијата", стоело во одговорот од Стејт департментот, што ги разочарал шесте сенатори и авторот на текстот. Притоа е изразено разочарување што политиката што ја спроведува Стејт департментот сега не ја рефлектира таа со која претседателот Трамп ги доби изборите во ноември минатата година, што според нив се должи на бавната смена на кадрите во администрацијата. Бидејќи, како што се оценува, вообичаено е конгресмените што се од иста партија како и администрацијата да му заѕвонат на некој политички именуван функционер кој ги поддржува нивните политички предлози. Едноставно кажано, сенаторите не можат да сфатат дека во време кога републиканците ја контролираат Белата куќа и Конгресот добиваат ваков негативен одговор на нивната иницијатива за поведување истрага за УСАИД во Македонија и за амбасадорот Бејли.

"Кога е загрозена демократијата, не барајте од вашиот амбасадор да молчи", порачаа вчера и поранешниот амбасадор на Македонија во Вашингтон, Никола Димитров, и истражувачот во Универзитетот во Грац, Дане Талевски, преку текст во "The Hill", весникот преку кој се водеше кампањата за преиспитување на активностите на УСАИД во Македонија и за улогата на амбасадорот Џес Бејли. Во реакцијата се нагласува дека во Македонија нема политичка битка меѓу левицата и десницата, туку се води епска битка за да одговараат обвинетите за масовна корупција.