��oj 520   02.05.2017
прва страница линкови контакт
Најнов број
Импресум
Маркетинг
Архива
Пребарај
Русија не можеше да развие демократски федерализам и затоа се врати на идејата за империјална држава. Паралелно на неа во старите времиња постоеше една Америка која си беше доволна самата на себе
Следниот чекор во еволуцијата: човекот станува Бог, секреатор. Тргнавме во вселената и можеме да влијаеме на гените. Но, дали ќе бидеме во можност да се справиме со создавање на натчовекот? Наскоро би можеле да посакаме да создадеме суштества кои преку моќта на умот ќе ја движат вештачката реалност и неа ќе ја менуваат преку нивните тела и умови согласно на желбите", вели Харари, авторот на двата бестселери "Сапиенс" и "Хомо деус"

САГАТА НА АЛИ: НИКОЛА ДА СЕ СИМНЕ ОД БРОДОТ, АМА ДА НЕ СЕ НАВОДЕНИ

Али Ахмети е тврд и непопустлив кога со жар зборува за платформата на албанските партии, а крајно внимателен и би се рекло мек, како бос да гази по јајца, кога елаборира за улогите на ВМРО-ДПМНЕ и на Никола Груевски во ескалацијата на политичката криза по 11 декември

ВЛАДО АПОСТОЛОВ


Ако ВМРО ја подигна Тиранската платформа на ниво на антидржавен акт и јуриша на неа секој ден до 17 часот од собраниската говорница, а подоцна и од улица, тогаш не треба да чуди што полека, но сигурно луѓето се прашуваат во чии редови денес маршира некогашниот воен лидер на ОНА.

Анализите за неговата улога во кризава одат од констатацијата дека се однесува како да "није из одавде" и глуми бриселски дипломат, преку согледувањата дека тешко му оди разводот со Груевски и со Сашо Мијалков, иако ДУИ го прегазила својот Рубикон и разделбата е неминовна, па сè до заклучоците дека го трча последниот круг во полза на врвот на ВМРО-ДПМНЕ.

Неговите сопартијци Теута Арифи и Невзат Бејта отворено се спротиставија на блокадата под команда на Груевски, некои и без ракавици го напаѓаат поранешниот премиер, една Ермира Мехмети, пак, одамна ја "спука" со ВМРО, меѓутоа Ахмети с? уште не сака или не може, кој знае, да ги запали сите мостови што водат до Груевски.



ПЛАТФОРМАТА Е ЧЕДО НА АХМЕТИ Ахмети во изборната кампања ја промовираше платформата. Тогаш го употребуваше терминот доктрина, ама во неа ги смести барањата што подоцна ќе се најдат на маса во Тирана: целосна употреба на јазикот, економска еднаквост, барање за правна држава што ги вклучува сомнителните случаи "Монструм" и "Диво насеље", значи сите точки од платформата освен оние што навистина излегуваат од рамките на Уставот, како промена на симболите.

"Дојден е моментот да не се прифати ништо помалку од целосна еднаквост меѓу Македонците и Албанците", дециден беше Ахмети во интервјуто за "Телевизија 24" неколку дена пред изборите.

Уште тогаш даде до знаење дека во преговорите за новата влада платформата ќе биде понудена по принципот "земи ли остави", бидејќи во неа, како што велеше, нема националистичка агенда, туку се содржани потребите на граѓаните.

Оттука е јасно дека платформата е чедо на Ахмети, зачнато во предизборието и донесено на свет по 11 декември во Скопје или во Тирана, сеедно, затоа и нема намера да се откаже од неа, меѓутоа дилема е зошто сега родителски не ја брани од оние што секојдневно ја напаѓаат и ја злоупотребуваат.

Ниту еднаш директно не се конфронтираше со ВМРО-ДПМНЕ околу платформата, иако имаше поводи од типот на проглас, патоказ, манифест и на протести, сепак спротивно на очекувањата веднаш по изборите ставовите на Ахмети инклинираа кон стратегијата на Груевски.

Така, на пример, во јануари, набројувајќи ги четирите сценарија на ДУИ: договор со ВМРО-ДПМНЕ или со СДСМ, техничка влада или партијата да оди во опозиција, во неговата експликација се појави и петтата опција, а тоа се новите избори.

Тогаш на прашањето на новинарот на ТВ 21 дали сте за нови избори, Ахмети по неколку секунди размислување рече: Зошто да не?

"Сигурно ќе се оди на избори, ако не се прифати платформата", објасни тој.

Само Ахмети во таа прилика и ВМРО-ДПМНЕ, ама дури откако пропаднаа преговорите со ДУИ, се изјаснија за нови избори, ниту една друга партија не е за повторно гласање, ниту, пак, тоа било сугерирано од надвор.

Откако пропаднаа преговорите со ВМРО-ДПМНЕ и откако се договори со Заев, за Ахмети изборите не се решение, меѓутоа тој ниту сега не звучи како човек што расчистил со минатото, туку повеќе како некој што не по своја волја му свртел грб на партнерот и тука е да му помогне ако затреба.

СЈО КУРБАН Ако може да се разбере зошто пред изборите, кога не се знаеше дали ВМРО-ДПМНЕ повторно убедливо ќе победи, Ахмети го релативизираше до бескрај скандалот со "бомбите", рече дека немало земја каде не се прислушувало и не сакаше да посочи кој стои зад, како што тврди, монтираните случаи "Монструм" и "Куманово", тој и по изборите продолжи да ги изедначува ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

Додека Груевски сè уште го имаше мандатот, Ахмети не беше сигурен дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја отфрли платформата, ама истовремено "длабоко се сомневаше" околу проалбанската реторика на СДСМ за време на кампањата, коментираше дека "зборовите ги носи ветерот, верувам само на тоа што ќе се стави на хартија", "тие партии не се разликувале кога станувало збор за унапредување на албанските прашања", "за време на Пржино Груевски и Заев знаеле да си се договорат и да си се разберат". За да поентира дека "сите се исти" се врати дури во 2002 година да потсети оти Бранко Црвенковски му рекол дека неговите гласачи Македонци го мразат.

Ахмети продолжи со својата еквилибристичка реторика и откако тури параф на новото мнозинство на Зоран Заев, па така го чувме дека ДУИ направиле с? што е во нивна моќ, меѓутоа "волја треба да демонстрираат двете најголеми политички партии" и "ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ треба да се надминат себе си", проследено со песимистички анализи дека "кризата може да се влече со години", речиси целиот четиригодишен мандат и оти тој "не гледа светло на крајот од тунелот".

Значи, од позиција на коалиционер на Заев, Ахмети бара ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да се надминат и да покажат волја да се реши кризата и ако за Груевски тоа би значело мирен трансфер на власта, вистинското прашање е што треба да попушти партијата од Бихаќка?

Во врска со што СДСМ треба да покаже волја и да се надмине? Зошто ДУИ објавува дека Заев и Груевски се среќаваат, па сега поддржува лидерска средба и уште поважно за што ги охрабрува завојуваните македонски партии?

Ако погодуваме веројатно првиот избор би бил врзан за Специјалното јавно обвинителство, односно околу продолжувањето на неговиот мандат и создавањето подобри услови обвиненијата да добијат фер третман во судница.

Интегративците не го вадат СЈО од уста и досадно повторуваат дека токму кај Катица Јанева се разминале со долгогодишниот партнер, арно ама доволно е да се вратиме малку наназад и да видиме дека Специјалното обвинителство и не котирало многу високо на агендите на Ахмети и на неговата партија.

ДУИ беше тестирана во Собранието, уште во претходниот состав да даде поддршка за законските измени што ќе му овозможат на СЈО подобро да ги заштити сведоците, меѓутоа пратениците на Ахмети не се истакнаа.

Многу зборува и содржината на платформата, во која нема елементи за директна поддршка на СЈО, ами само критички осврт на работата на Јанева преку формулацијата "поддршка за непристрасно вршење на работата на специјалниот обвинител, без етнички и политички предрасуди".

Ова звучи како став на ДУИ кој поминал на "пеглање" во Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Ахмети игра ко да му дал беса на Груевски дека и во добро и во лошо ќе си помагаат и ако доброто, заедничката влада била спречена од мистериозниот телефонски повик вечерта на 29 јануари или од потпретседателите на ДУИ сеедно, лошото веројатно би била власт на СДСМ, што Ахмети би ја направил безопасна за експремиерот?

(текстот е објавен на порталот Призма, опремата е редакциска)