��oj 518   18.04.2017
прва страница линкови контакт
Најнов број
Импресум
Маркетинг
Архива
Пребарај
Следниот чекор во еволуцијата: човекот станува Бог, секреатор. Тргнавме во вселената и можеме да влијаеме на гените. Но, дали ќе бидеме во можност да се справиме со создавање на натчовекот?
Развојот на настаните на меѓународна сцена го врати рамп кон старите "проверени шеми" во односите со Истокот - како оној на Пациикот, така иво односите со Русија. Путин призна дека односите со САД биле подобри пред Трамповото доаѓање во Белата куќа?!

САМО ВО МАКЕДОНИЈА "ОДАТА Е НАЈМАТНА НА ИЗВОРОТ"

ВЕЛЕ МИТАНОСКИ

Во членот 3 на предлог законот е наведено дека како национални малцинства во Албанија се сметаат Грците, Македонците, Власите, Ромите, Египќаните, Црногорците, Бошњаците и Србите. И после сите притисоци на бугарските евро-пратеници и официјални лица на Република Бугарија, Албанија не прифати дека на нејзината територија живеат Бугари. Мегу признаените национални малцинства се и Египќаните

Само во Македонија, "водата е најматна на изворот"! Затоа што имаме политики и политичари, кои градат минато, а не иднина. Затоа што живееме во затворени етно-кругови и во поделено општество.Културните и етничките разлики, наместо спојка и заедничко богатство, станале инструменти за политичка борба и злоупотреби. На фонот на најновите позитивни вести од Албанија, во поглед на заштитата на правата на малцинствата, ова ни го кажува д-р Рубин Земон, стружанец по потекло, познат етнолог, универзитетски професор на Еуро Балкан, експерт на ОБСЕ/ОДИХР за прашањата на националните малцинства, претседател на Алијансата за позитивна Македонија, преку која партија беше на листата на коалицијата предводена од СДСМ.

Иако е помалку познато, професорот Зенон, е потомок на семејството кое прво го почна будењето на Египќаните кај нас, како посебен етнос, во Струга и Охрид - уште во раните осумдесетти годинни на минатиот век, во тогашна Југославија. Како светилник, го цитира познатиот француски научник и филозоф Блез Паскал: "Различностите без единство водат во анархија, а единство без различности во тиранија". За жал, вели, се соочуваме со реалноста дека во Македонија се губи чувството дека живееме во едно општество на различности.

Иако, движењето започна во Македонија, а се прошири на Балканот, статусот на Египќаните на Балканот е најлош, токму во Македонија! Од таму крилатицата на д-р Зенон, дека само во Македонија водата е најматна на изворот!Како дете, учествуваше во формирањето, подоцна во предводењето на Сојузот на балканските Египќани. Оваа етничка заедница во Македонија, според Зенон, брои околу 25.000, иако на последниот попис на населението од 2002 година, Државниот завод за статистика, даде податок дека како Египќани се изјасниле околу 4000 граѓани.

Има различни теории како Египќаните дошле тука. Една е дека ги довел Александар Велики, како логистика од ковачи, што е нивниот традиционалоен занает. Д-р Земон, пак, смета дека "Железната револуција", барањето на резерви и експлоатацијата на железната руда, најверојатно се поводот што египетскиот фараон Рамзес Втори, во 13, век п.н.е. тргнал во освојување на Источниот Медитеран, Анадолија и Балканот, за што потврда наоѓаме и кај таткото на историјата - Херодот.

"Нашата иднина се состои само во градењето на граѓанска држава на сите што живеат во Македонија: Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци, Египќани, Црногорци, Хрвати, Бугари, Словенци, Пољаци, Ерменци, Руси, Украинци, Евреи и сите други помали заедници",ќе каже д-р Земон.

Волно, или неволно, но Албанија отиде чекор напред. Македонија, колку и да е заробена држава и оптоварена, практично, со прашањето на опстанокот, таа нема каде да оди надвор од границите на Европа.Европскиот пат го започна прва, сега е последна, или ќе биде - ако и Косово и Босна не заминат!

Сепак, кога и да биде тоа, и ние ќе бидеме условени ако не го решиме проблемот со статусот на Египќаните, Црногорците, Хрватите, Русите и "другите", односно "останатите" во земјата. За жал, досега повеќе од 16 години, државата е глува, а извештаите на Совет на Европа бараат од Македонија да најде решение. Сепак, кога тогаш, откако ќе се отвори Поглавјето 24 од преговорите за ЕУ и кога ќе има притисок однадвор, ние нема каде да бегаме.

Владата на Република Албанија, достави предлог на закон за заштита на националните малцинства по кој парламентот ќе одлучува наредниот месец. Опозицијата не учествува, мегутоа не е сигурно колку владеачките партии, ќе бидат согласни до бројот потребен за да се изгласа законот. Ако тоа се случи, Албанија веќе ќе биде една нова земја, чија постапка ќе има пишироки позитивни реперкусии на Балканот.

Во членот 3 на предлог законот е наведено дека како национални малцинства во Албанија се сметаат Грците, Македонците, Власите, Ромите, Египќаните, Црногорците, Бошњаците и Србите.

И после сите притисоци на бугарските евро-пратеници и официјални лица на Република Бугарија, Албанија не прифати дека на нејзината територија живеат Бугари, односно бугарско национално малцинство.

Мегу признаените национални малцинства се и Египќаните, иако, борбата почна од одовде, од Струга и Охрид, од Македонија. Професорот Зенон, беше човекот што движењето од Охрид, го прошири на целиот Балкан и лично учествуваше во стекнувањето на одредени права за Египјаните.Патуваше во Србија, на Косово, во Албанија каде учествуваше на протести. Сепак, тврди, на Балканот, најмалку е постигнато, токму во земјата, од каде тргна движењето!

Прашањето на добивањето на статус на национално малцинство на Египќаните во Албанија е со подолга историја, од најмаку 25 години. Во 2006 година беше организиран симпзиумот, кој ги расфетли предрасудите во Тирана, а Египјаните беа поддржани од амбасадата на САД. Следеа првите протсети на главниот плоштад во Тирана "Скендербег", мирно со паролите: "Сакаме статус (за Египќаните)", "Сакаме да заврши сиромаштијата", "Сакаме учество во донесувањето на одлуките " и слично.Конечно на 12.април Владата на Албанија, преку предлог законот за заштита на националните малцинства ги призна Египќаните како национално малциство во Албанија.

- Јас само да кажам дека имаме проблем, кој треба да се реши и во Македонија, а не да се стави "под тепих"! Да го следиме примерот на Албанија, но истото се случи и со Хрватска, Црна Гора и Србија, земји кои со време си ги средија работите, без да има притисоци. Не само Египќаните, туку и сите други заедници што не се споменуваат во Преамбулата на Уставот на Република Македонија, или подобро кажано се вбројуваат под категоријата "другите",ја немаат заслужената афирмација, логистика и поддршка и не ги уживаат правата според Уставот, како и меѓународните конвенции и стандарди, ќе предупреди д-р Земон.

Во Албанија Египќаните имаат и своја партија за европско интегрирање, со 5 советници во општини. Партијата, до скоро беше со владеачката СП на Еди Рама, сега се со опозициската ДП, на Лулзим Баша. Во Србија и Црна Гора, делуваат преку Национални совети на Египќаните, на Косово веќе имаат и пратеник и тоа со законско загарантирано право на избор.