��oj 518   18.04.2017
прва страница линкови контакт
Најнов број
Импресум
Маркетинг
Архива
Пребарај
Следниот чекор во еволуцијата: човекот станува Бог, секреатор. Тргнавме во вселената и можеме да влијаеме на гените. Но, дали ќе бидеме во можност да се справиме со создавање на натчовекот?
Развојот на настаните на меѓународна сцена го врати рамп кон старите "проверени шеми" во односите со Истокот - како оној на Пациикот, така иво односите со Русија. Путин призна дека односите со САД биле подобри пред Трамповото доаѓање во Белата куќа?!

ТРИБИНА ЗА ВЕЛЕШКИТЕ БРАЌА ПЕТКОВИЧ

Се навршуваат 180 години од раѓањето и 120 години од смртта на Андреја Петкович истакнатиот деец, преродбеник, поет и дипломат

Да се постави спомен плоча на куќата на Мискинови во Башино Cело, во која се родени браќата Андреја и Константин Петкович, да се доистражи нивната семејна лоза и да се одбележува нивното значење, предложија присутните велешани на неоденешната трибина по повод 180 годишнината од раѓањето и 120 годишнината од смртта на Андреја Петкович истакнатиот деец, преродбеник, поет и дипломат на царска Русија во Риека и во Венеција.

- Веќе четири години по истражувањата имаме нови сознанија кои говорат дека наместо две години рускиот дипломат и македонски просветител Андреа Петкович во Риека престојувал дваесет години. Тој не бил само успешен дипломат туку имал пријателски врски и контакти со императорот Франц Јозеф Први, бил пријател и другарувал со црногорскиот владетел и голем поет Петар Петровиќ Његош и бил носител на највисоките ордени и државни признанија на императорите од царска Русија, од Австроунгарија, Србија и Црна Гора, додаде Проф. Др Тоциновски.

Интересни беа истражувањата на дел од граѓаните кои рекоа дека дошле до интересни сознанија и една легенда според која семејството Мискинови, за да не ги стаса клетва со фатални последици по животот, ги испраќале своите деца што подалеку од домот во Башино Село. Токму ова било причина и Андреја и Константин Петкович да се школуваат а потоа и да прифатат работа на места што биле многу далеку од Македонија.

Наспроти легендите научната мисла сосема поинаку го перцепира животниот и последниве години истражува за творечкиот и дипломатски пат на двајцата браќа Петкович. Помладиот брат, Андреја, познат по песната "Глас од далека земја", објавена во "Цариградски весник" како и по мислите за просветата и културата во тогашна Македонија, објавени во "Слово изгласено в велешкото училиште", е еден од најинтересните, најпровокативните личности од втората половина на Македонскиот 19-век. Тој се образувал во Русија, поточно во Одеса и во Петроград за потоа да стане дипломат, публицист и преведувач.

- Андреја Петкович е еден од најинтересните, најпровокативните личности од втората половина на Македонскиот 19-век. За жал и најмалку проучувана и најмалку позната и афирмирана личност која се наоѓа под сенката на постариот Константин Петкович. Она што за него го знаевме, го преповторувавме со децении, дека како млад, поетски расположен и како службеник на Министерството за надворешни работи на Царска Русија ,бил нејзин преставник односно генерален конзул во Риека, нешто помалку од две години. Можеби бил неискусен, со поетска дарба, а неговата функцијата пред се барала успех во трговијата и економските прашања па набргу или Царска Русија го повлекла или тој сам си заминал од значајната дипломатска функција, смета проф. д-р Васил Тоциновски.

Но, Тоциновски соопшти информации и од нови истражување што всушност ја променија приказната за Андреја.

Истражувањата ги работел со студенти од Филозофскиот факултет во Риека, кога во италијанските дневни весници "Роче" и "Вареите" кога откриле нови фрагменти од животот и делото на Андреја.

- Денеска, за жал, ние сеуште малку знаеме за него, за еден Македонец, кого на најубав начин можеме да го актуализираме и низ прашањето за идентитетот и посебноста на македонскиот јазик. Имено во една од двете негови познати песни, "Глас од далечна земја", во првиот воведен дел, што преставува прозен текст односно коментар за македонскиот јазик, тој укажува на членот во македонскиот јазик што само тој го поседува и се разликува од сите други јазици и посебно од бугарскиот јазик. Значи членот како посебна идентификација на македонскиот јазик ја покажува и одразува традицијата и континуитетот и би рекол посебноста и извонредноста на еден од најубавите јазици во светот, македонскиот јазик - додаде Тоциновски.

Научната мисла за браќата Константин и Андреја Петкович вели дека се вторите книжевни близнаци на македонскиот книжевен 19 век.

Постариот брат Константин, роден во Башино Село во 1826 година, преставува капитална и извонредна личност. Според новите истражувања, овој поет, публицист, историограф и лексикограф зад себе остави извонредно значајни дела. Во втората половина на 19 век тој бил професионален дипломат, генерален конзул на царска Русија во Бејрут.

Трибината посветена на делата на браќата Петкович ја организираше Градската библиотека "Гоце Делчев" во Велес.

(извор:дума.мк)