��oj 514   21.03.2017
прва страница линкови контакт
Најнов број
Импресум
Маркетинг
Архива
Пребарај
Дали случајот ќе заврши во Врховниот суд? Таму е можна одлука 4:4, според односот на силите. Тогаш ќе остане во важност одлуката на понискиот суд
Луѓето од типот на (Никола) Љубичиќ (Стане) Доланц, (Бранко) Микулиќ, (Бранко) Мамула и сличните беа лоша замена за воено политичкото биро што постоеше претходно. Тие повеќе не беа сонувачи, идеалисти. Новиот тим е главно составен од себични, интригантни типови на луѓе алчни на власта

МНОГУМИНА ВО МАНУ СЕ УШТЕ СЕ ВО РЕДОТ ЗА ПОТПИС НА ТАЗЕ МАГИСТРАТУРАТА

Во изминатите години имаше случаи кога МАНУ, поради своите ставови, беше во центарот на јавноста - како со идејата за размена на територии во конфликтната 2001-та, или пак содржината на "Македонската енциклопедија" која беше оценета како проблематична. Настапот на академик Маџунков покажа дека се уште е долг редот за потпис на магистратурата на Груевски која ја гледавме во МАНУ

РЕДАКЦИЈА ГЛОБУС

Нашата национална научно-творечка установа основана на 23 февруари 1967 г., пред 50 години, која значи годинава требаше на начин кој е карактеристичен за институции со така звучни имиња да го одбележи овој јубилеј, според последните настани покажа дека се уште останала врзана за магистерскиот труд на некогашниот премиер на земјава Никола Груевски. Тоа е значи не излегоа од онаа сцена кога членовите на МАНУ, главно белокоси старци со сериозни титули и наиучен багаж зад и на себе, се редеа тазе магистрантот Никола Гуевски да им даде потпис на неговото "дело"! Во изминатите години имаше случаи кога МАНУ, поради своите ставови, беше во центарот на јавноста - како со идејата за размена на територии во конфликтната 2001-та, или пак содржината на "Македонската енциклопедија" која беше оценета како проблематична.

Без оглед дали јубилејот овој пат го расипа еден од академиците, или зад него стојат многу повеќе имиња, забележани во редот за потпис на магистратурата на последниот собир во Академијата, покажа дека се уште е витална папочната врска меѓу институцијата и одредена политика, таа која во овој момент се залага за една комплетно шизофрена политика "заедничка а моја Македонија". Тоа што МАНУ до сега не се огласи во многу значајни моменти од поновата историја (најчесто во таа светлина се прикажува хаотичната транзиција со сите последици) била чиста политика, подеднакво на ова што се случува деновиве, кога не многу сериозна толпа ја спречува транзицијата на власта и така го чува влезот на корумпираните властодршци во палата на правдата. Некои академици само им се придружуваат - од еден ред, чекајќи за потпис, тие влегуваат во друг...

Политиката сериозно навлезе и во највисоката научна установа, иако академиците во поголем број се спротивставија за актуелните прашања што во моментот се теми на разногласие, но и големи поделби во Македонија. Јасно, не се работеше за настапи кои не биле планирани, дури и подетално од оние кои се однесувале на одбележување на јубилејот. Во Македонската акедемија на науките и на уметностите уште во почетокот на февруари се подготвувал текст, со кој Академијата би се појавила во овој клучен момент и во кој би се дала "некоја контура за тоа што е Македонија и што треба да биде". Академик Митко Маџунков,човекот кој во последно време бранува и од говорницата на установата и со настапи во медиумите, вели дека "кога државата е во прашање, како што сега гледаме дека е, тогаш навистина мора да се реагира", правејќи од политичките програми предмет на драматизација во стилот "дали ќе не биде", занемарувајќи или затапувајќи го делот од дилемата "што треба да биде" земјава.

Митко Маџунков е член на Друштвото на писателите на Македонија, а исто така, тој е член на Друштвото на независни писатели. Ете еден доказ дека се работи за калкулантски однос кон појавите во земјава. Во 2003 година бил избран за член на МАНУ надвор од работниот состав, а во 2007 станал редовен член на МАНУ. Тој е раководител на проектот за изработка на "Македонската енциклопедија", кој последниве години е во мирување.

Познато е дека поводот за дебата од страна на академикот Митко Манџуков, е т.н. Платформата на албанските партии, која е претставена како првокласна опасност за иднината и карактерот на земјата:

"Сегашниот обид за двојазичност во цела Македонија води кон поништување на претежниот христијански и православен карактер на нашиот народ и кон исламизација и албанизација на нашата татковина. Двојазичноста значи дека во краиштата населени со етнички Македонци треба да се преселат преведувачи, а потоа да почне и вистинската колонизација" - изјави Маџунков Ова е секако наједноставна "слика" за она што како програм треба да никне и во МАНУ, според протагонистите кои и онака имаат свои корени во оваа институција. Но она што шокира во оваа редукција на "унионистите" од земјава е што тие го имаат светогледот на маалските држачи на пиво, во едната рака и на национално знаме во другата.

Утешно е што дел од останатите академици не го сокрија своето незадоволство од тонот на неговиот настап, како и од, како што рекоа, обидот за политизација на работата на МАНУ. Лошата страна на тој настан, последната средба на академиците на највисоко и барем тоа формално требаше да биде (Собрание) - најмасовно ниво, беше што главно реагираа присутните Албанци.

Најпрво реагираше академик Алајдин Абази:

"Нема многу да се занимавам со говорот на академик Маџунков, се познаваме долго, но јас не сум го знаел доволно според денешниот настап".

Академик Катица Ќулафкова, која претходно на еден тв настап покажа некаква гравитација кон оние кои сесрдно ја напаѓаат Платформата, излезе со став:

"Последното што сега и треба на МАНУ е да застанува на страна на манипулираните патриотски платформи на ВМРО која стои зад дво неделените протести на македонската популација во земјава, која и ја создаде платформата на албанските партии токму за да се задржи власта од крајно длабоки и властољубиви желби и да се амнестира направениот злостор кој не е само финансиски". Во основа таа не спореше со ставот на критичарите на Платформата а веројатно не и со нивната оценка како опасно загрозувачка за земјава, туку само спореше со тајмингот на отпорот и со кредибилитетот на нарачателите.

Академик Иван Катарџиев рече:

"Јас би се откажал од оваа дебата, не затоа што немам свое мислење и предлагам тоа да не биде дел од дебата, а да се вратиме на предметот на работа на ова Собрание".

МАНУ е научна институција, а нејзината говорница не смее да се користи за искажување нечии лични чувства, вели академикот Абдулменаф Беџети, по настапот на Митко Маџунков, кој го искористи Годишното собрание на МАНУ за остро да ја нападне Платформата на албанските партии.

"Во овие ситуации, Академијата на науките треба да биде рационална научна институција, повеќе да смирува и секогаш да се води врз основа на научните факти, а не врз личните и индивидуални судови.Ние не можеме да спречиме рецидивите од минатиот систем да мотивираат некого кој сака во длабока старост да се подготви за одење на другиот свет како фолклор-патриот" - изјави академик Абдулменаф Беџети

Говорот на Маџунков го критикуваше и дописниот член на МАНУ, Изет Зеќири.

"Не се согласувам и сакам да се дистанцирам од констатациите на академикот Манџуков за тоа дека се што е постигнато во државата треба да се ревидира, почнувајќи од амандманот 5 за употребата на јазиците и сите закони усвоени во 2008 и 2011 година. Не се согласувам ниту со тоа дека постои Албанска платформа." - изјави Изет Зеќири, член на МАНУ

Беџети е изненаден од ставовите на Манџуков, за кого вели дека пред пет години доброволно се пријавил да ја предводи Комисијата за разгледување на проблематичната Енциклопедијата и на сите грешки во неа".

" Како е можно човек кој пред четирии-пет години имал вакви научни ставови - дека го презема повторното издавање и подобрување на сите грешни ставки денеска да се појави со ваква позиција?" - посочи Беџети

Митко Маџунков, да додадеме, ги повика албанските партии да се извинат за платформата, а Меѓународната заедница да го казни овој документ кој според него, ја нарушува унитарноста на Македонија.

"Веднаш подготвив барања за промена на сопственото име, на верата, на нацијата и на јазикот. Си одбрав и ново име како за време на комунистичката инквизиција во Бугарија. Ќе се викам Емил Ризов, ќе се покрстам во православен христијанин, ќе бидам прав Македонец - Гагауз. Со тоа автоматски ќе дојде до промена на мозокот и моите убедувања" - му порача новинарот-ветеран Ризаов на Манџуков.

Многу реакции немаше, бидејќи, нашата стварност е оптоварена со многу слични изјави како онаа на Маџунков. И оние на улиците и оние во Академијата, кои ја држат линијата на драматизацијата и онака имаат еден ментор: оној со тазе магистратурата. Таму, кај неговите планови за сопствениот спас, лежат грото од нашите проблеми - политички, економски, културни...