��oj 518   18.04.2017
прва страница линкови контакт
Најнов број
Импресум
Маркетинг
Архива
Пребарај
Следниот чекор во еволуцијата: човекот станува Бог, секреатор. Тргнавме во вселената и можеме да влијаеме на гените. Но, дали ќе бидеме во можност да се справиме со создавање на натчовекот?
Развојот на настаните на меѓународна сцена го врати рамп кон старите "проверени шеми" во односите со Истокот - како оној на Пациикот, така иво односите со Русија. Путин призна дека односите со САД биле подобри пред Трамповото доаѓање во Белата куќа?!

ЗАРОБЕНАТА ДРЖАВА

Формулата "заробена држава" е најсвежа иновација во политичката реторика на тие евро-функцинери. Таа формула функцинира како опис и осуда истовремено. Опис, затоа што кажува, по кус и јасен начин, во што се изродила нашата кревка, попарена демократија. Осуда, затоа што несомнено смета со ефектот дека тие што заробиле држава ќе се замислат барем малку кога ќе чујат таков опис од устата на луѓе во самиот врв на ЕУ

АТАНАС ВАНГЕЛОВ

Некои високи функционери на Европскта Унија (Хан, Могерини, Вајгел) прибегнаа кон некој вид радикален дипломатски речник без нараквици за да ја опишат длабоката политичка криза во која деценија и повеќе чемрее и чмае македонската држава. Формулата "заробена држава" е најсвежа иновација во политичката реторика на тие евро-функцинери. Таа формула функцинира како опис и осуда истовремено. Опис, затоа што кажува, по кус и јасен начин, во што се изродила нашата кревка, попарена демократија. Осуда, затоа што несомнено смета со ефектот дека тие што заробиле држава ќе се замислат барем малку кога ќе чујат таков опис од устата на луѓе во самиот врв на ЕУ и, потоа, ќе решат (по заповед на совеста?) да ја ослободат државата што ја заробиле.

Формулата "заробена држава" е многу блиска, како по звучење (форма) така и по супстанца (содржина) до една друга. Потекнува од перото на полскиот нобеловец Чеслав Милош (1911-2004). Во далечната 1953 г. тој ја објави својата книга есеи "Заробениот ум" (La penc?е captive) кoja го исфрли, на секавичен начин, во самиот врв на тогашната политичка мисла, барем што се однесува до западниот свет. Независно од тоа, книгата на Милош остана некако во длабока сенка на една друга која се појави само две година пред тоа. Станува збор за филозофската расправа "Побунетиот човек" (L' homme r?volt?, 1951) oд, во тоа време, веќе славниот и многу влијателен писател Албер Ками кој стана носител на Нобеловата награда во 1957 г.

Има две обемни поглавја во таа култна книга на Албер Ками кои зборуваат за два вида тероризми и тоа "државни." Значи, систематски, институционални, легални или легализирани (масовни) убиства. Тие се правдаат со идеологии на власт или власт на иделогиите, клучна карктеристика на 20-ти век кој ја замени власта на биологијата, карактеристика на претходниот, 19-ти век.

Едниот државен тероризам е оној на хитлеризмот. Тој тероризам ја спали планета земја откако, претходно, се обиде да го воспоспастави илјадагодишното царство на Третиот рајх врз темелите на чистата, ариевска раса. Другиот е оној на сталинизмот кој, по раскинот на пактот Рибентроп-Молотов, направи сојуз со западните демократии во борбата против хитлеризмот. На тој начин успеа да се одржи многу подолго (с? до "перстројаката" на Горбачов) на политичката сцена во споредба со хитлеризмот кој беше воено поразен.

Да се опише сталинизмот како "државен тероризам" кој воопшто или малку се разликува од оној на Хитлер и тоа во време кога Сталин е с? уште жив (почина во 1953.), кога тој се слави како еден од големите творци (заедно со Рузвелт, Черчил и Де Гол) на блескава победата над злото-нацизам, кога иделогијата на комунизмот е не само жива, туку и влијателна во светот, тоа би било некој вид интелектуална храброст која се граничи со безумство (Горки).

Не само таа безумна храброст на писателот Албер Ками беше причина да се најде во длабока сенка книгата "Заробениот ум" на Чеслав Милош, иако се појави на Запад само две година по култната книга на Ками, книга која го потресе од темел дотогаш монолитниот и "неразрушим" комунистички свет. Една година пред појавата на книгата на Милош дојде до, најверојатно, најголемата полемика во минатиот, 20-ти век. Станува збор на полемиката меѓу двајца интелектуални колоси какви што беа Жан Пол-Сартр и Албер Ками.

Во тоа време, како и најголем дел од интелектуална, учена Европа, Сартр полагаше големи надежи во комунистичката идеологија. Тој гледаше во неа некој вид алтернатива на капиталистичкиот свет на сурова експлоатација. Тој не се огласи директно во своето списание "Модерни времиња" за субверзивната книга на Ками. Таа работа му ја препуштил, според острата реакција на авторот на "Побунетиот човек", на еден свој верен ученик и апологет, младиот филозоф Франсис Жансон кој објави беспоштедна критика на Ками.

Жолчниот одговор на Ками носи наслов "Писмо до господниот директор на Модерни времиња" кој содржи јасна порака дека, зад таа критика, стои никој друг туку неговиот долгогодишен близик пријател Сартр. И не само тоа. Во тој одговор на Ками има јасна алузија дека неговиот пријател бил и останал слеп за некои ѕвераства на сталинизмот, како оние во сибирсаките логори на смртта кои однесле не помалку невини животи од гасните комори на Хитлер. Кога, на едно место во своетпо "Писмо..." Ками не се стенува да напише дека некои луѓе "ја положиле само својата фотелја во Историјата"; дека тој е уморен од критиките на тие луѓе, повеќе од јасно е дека тие полемички стрелички не се упатенини кон Жансон, туку кон господинот директор на "Модерни времиња".

Потсетувам тука на тие детали за да објаснам како дојде до тоа: а) дури по некои 30 и повеќе години да разбереме барем нешто за книгата "Заробениот ум" од Милош; таа се појави на српско-хравтски во 1985 и б) како, пред безмалу половина век (во 1953) таа книга ни го опиша, до најситни детали, сето тоа што сега ни се случува, како ни се случува и зошто ни се случува.

Има смисла да се потсетиме барем на некои од тие детали во книгата на Милош. Имаат директна, поучна врска со нашата кутра, "заробена држава".