��oj 520   02.05.2017
прва страница линкови контакт
Најнов број
Импресум
Маркетинг
Архива
Пребарај
Русија не можеше да развие демократски федерализам и затоа се врати на идејата за империјална држава. Паралелно на неа во старите времиња постоеше една Америка која си беше доволна самата на себе
Следниот чекор во еволуцијата: човекот станува Бог, секреатор. Тргнавме во вселената и можеме да влијаеме на гените. Но, дали ќе бидеме во можност да се справиме со создавање на натчовекот? Наскоро би можеле да посакаме да создадеме суштества кои преку моќта на умот ќе ја движат вештачката реалност и неа ќе ја менуваат преку нивните тела и умови согласно на желбите", вели Харари, авторот на двата бестселери "Сапиенс" и "Хомо деус"

Таленти: СУВИ ПАЛМИ

Ристо Поповски

Половина милион евра збеснато потрошени за купување на повеќе од илјада палми завршија на буниште. Кутрите палми, измрзнати, исушени, згниени, битисани што клета судбина ги нашла. Судбина на палмите им била да ги сади и полева напречен газда на ексклузивни песочни плажи покрај Вардар и турбо фолк сајџија.

Кутар и народецот во Македонија, ама ниту некој го жали, ниту пак го есапи. Делеше, без да знае, од уста, од сиромаштија за да може тајфата дпмнеовски таленти, разулавена од самоволие да тера ќеиф, да купува и палми. Ела некој барем да се извини што парите завршиле на буниште. Ела да признае дека било грешка, дека палмите во Скопје успеваат исто колку и празни тикви на Северен пол.

Жалните врби, жална им мајка, отидоа неврат, пред палмите. Жална му мајка на народецот што "доброволно", без никој да го праша, даваше пари за екслузивните врби на кои расте дпмнеовско грозје. Жалните врби ги однесе Вардар заедно со фекалиите и гнасотиите што пловат низ "престолнината". Домаќински беа потрошени повеќе од двесте илјади евра, арамиски извадени од џебот на народот.

Палмите и жалните врби требаше да го разубават "барокниот" мегаломански проект Скопје 2014. Светски познатата налудничава халуцинација, нејзините причини и последици, сериозно се проучуваат во најпознатите психијатриски клиники. Дијагнозите се движат меѓу вулгарен примитивизам на неизживеана сељачаана и злостор на закоравени измамници и криминалци.

Судбина на палмите била да се исушат, на жалните врби да згнијаат, откако го изжалија ограбениот народец. Народот допрва ќе плаче, отако ќе се свести дека е оргабен за над шестстотини милиони евра. Претставувајќи се лажно како патриоти, дпмнеовската тајфа, без ум и без усул, расипнички трошеше за Скопје 2014. градејќи обележја на својот злостор.

Сувите палми се за на буниште, ама некои ептен се инаетат, не сакаат да одат таму каде што им е место. Една, ептен сува палма, од почеток насадена накриво и на погрешно место, уште е на Водно. Исплашена од буниште упорно, како расипана грамофонска плоча, брмчи - не давам мандат, не давам мандат...

Заболена е сувата палма од манија на гонење. Затворена е, како бункер во "Јасен". Бега, колку што ја држи умот, колку што нозе ја носат, од сите кои кажуваат дека мора да го даде мандатот за состав на влада. Се крие од ЕУ која беше стратешка цел на Македонија, кога не беше држава на суви палми. Бегаше срамно од средбите со Јоханес Хан и Европска делегација предводена од Карл Билт.

Бега од висок функционер на САД кои, како стратешки партнер на Македонија, се заинтересирани да се реши кризата. Високиот функционер на Стејт департменот Хојт Ји се обидува да помогне да запре брмчењето - нема мандат, нови избори - кое се слуша од неколкуте суви палми кои бегаат од буниште.

Сувата палма од Водно да ти имала многу важни обврски и немала време за средба со Хојт Ји. Не кажа јавно, ама не е ни тајна дека кај шивач има закажано проба. Шие ново одело за Москва, наконтен да ја прими награда што ја доби од Руската православна црква, затоа што ја врти водата воденицата на Путин.

Презафатена е сувата палма од Водно со интервјуа за странски медиуми. С? во одбор држави. Де во Хрватска која засилено се враќа кон усташките корени, де во тоталитарна Унгарија, ортак во "борбата" против Сорос. Подготвува, веројатно, интервјуа за медиуми во Белорусија и Северна Кореја, познати по слободите.

Не е далеку слободата на "слободните" медиуми во државата на сувите палми. Тие исцело се резервирани за главниот газда на исушените палми и згниени врби, главниот архитект на инфантилниот проект Скопје 2014. Заглавен е самиот со себе и во себе, како конститутивната седница на Собранието. Постојано повторува - нови избори, нови избори.

Никој во светот не сака да го чуе неговото брмчење. А кој и да слуша сува палма, која се уште се мисли премиер и лидер која, со сувата палма од Водно, во дует брмчат нема мандат, избори. Местото на сувите, згниени палми е на буниште.