��oj 518   18.04.2017
прва страница линкови контакт
Најнов број
Импресум
Маркетинг
Архива
Пребарај
Следниот чекор во еволуцијата: човекот станува Бог, секреатор. Тргнавме во вселената и можеме да влијаеме на гените. Но, дали ќе бидеме во можност да се справиме со создавање на натчовекот?
Развојот на настаните на меѓународна сцена го врати рамп кон старите "проверени шеми" во односите со Истокот - како оној на Пациикот, така иво односите со Русија. Путин призна дека односите со САД биле подобри пред Трамповото доаѓање во Белата куќа?!

АМЕРИКАНСКИ ПОВИЦИ НА ВНИМАТЕЛНОСТ ДОНЕСОА БЕЗБЕДНОСНА ТРЕСКА ВО РЕГИОНОТ ЗА ВЕЛИГДЕН

Апсењето на Ракип Абдули на Косово е единствената конкретна најава дека Велигден може да биде избран како момент за напад врз верски објекти на Балканот. Експертите по безбедност кај нас сметаат дека апелите се малку "надуени" и дека оние кои сакаат да посетуваат верски објекти треба слободно да го прават тоа

Дали овој Велигден, што христијанскиот свет заради комбинација на календарот го одбележуваше заедно, на Балканот, мина во атмосфера на страв од терористички напад? Секако - да и климата на претпазливост беше поврзувана со нападот на двајца бомбаши во Египет, на Цветници. Тој напад изгледа беше само запалка, бидејќи, тероризмот во Европа е толку вообичаен и надвор од празниците, но се направи некаква слика во главата на христијаните која ги поврза сокриените бомби со црквите како места преполни со "неверниците", па Велигден стана нешто друго, настан кој место да е врзан со небесното, падна на стравот од овоземното. За Македонците овој ден има и други поводи да се врзува со непријатни сеќавања, секако, ДОДАТНО распалувани од секојдневните антиалбански протести на политички безумници по македонските улици..

Сепак, формалниот оган на стравот го запали информацијата на Советот за безбедност на Косово дека пронашла неколку поединци и групи кои имале намера, како што наведува, да го дестабилизираат Косово и да извршат дела против некои лидери и политички претставници. Информацијата е пак врзана за апсењето што го направи косовската полиција во близина на Пеќ, каде го уапси Рагип Абдули, по потекло од Драгаш, кој е осомничен дека преку социјалните мрежи повикува на терористички напади.

Повикувајќи се на изјава на Советот за безбедност, косовските медиуми известуваат дека тие откриле поединци и групи кои се поврзани со други групи и поединци од странство, кои сакаат да го дестабилизираат Косово и да го загрози уставниот поредок.

Но, вистинска "бомба" беше предупредувањето од американската амбасада во Приштина, која им советуваше на своите граѓани многу, многу да не се движат за време на продолжениот празник. Ризикуваат да доживеат непријатност, можеби и нешто полошо, просто речено.

Луѓето од амбасадата наведоа дека терористите во регионот и претходно се обиделе да го нападне меки цели, меѓу кои се црквите и другите храмови, пешачка зона, спортски објекти, јавни средби". Ова, сепак, не е прв пат на Амбасадата на САД да ги предупреди своите граѓани, и да ги повика на зголемена претпазливост за време на верските празници.

Заменик-министерот за внатрешни работи на Косово, Милан Радојевиќ, најави дека за време на велигденските празници ќе има зголемено полициско присуство околу манастирите во Косово. Тој е, како што изјави Танјуг дека во косовската полиција е направен оперативен план кој е во четвртокот ноќта влезе во сила, со подобрување на безбедносните мерки во сите општини во Косово. На прашањето дали Косово е зголемен ризикот од тероризам Радојевиќ, вели дека постои загриженост за случувањата во Европа, но тој верува дека косовската полиција, заедно со меѓународните партнери за да одговори на сите предизвици.

"Вие сте запознаени дека во минатото учествуваа повеќе од 300 граѓани од Косово во борбите во Сирија на страната на Исламската држава. Косовската полиција, заедно со другите безбедносни агенции во Косово внимателно ги следиме сите овие лица кои се вратиле на Косово и тие се под надзор ", рече Радојевиќ.

На сите членови на косовската полиција, кои се на одмор им беше наредено да се вратат на работа, и сите вработени се продолжува работното време од осум до 12 часа

Глобалните терористички закани во кои цели се и верски објекти го мобилизираа и нашето Министерството за внатрешни работи кое го зголемува полициското обезбедување за време на претстојните велигденски празници. Како што потврди за телевизија 24 министерот за внатрешни, Агим Нухиу, МВР има изготвено оперативен план и презема низа безбедносни мерки и активности со цел - заштита на јавниот ред и мир и безбедноста на објектите и на граѓаните.

"Со оглед на глобалните терористички закани во кои што цели се и верски објекти (како што беа неодамнешните напади во Египет), потоа таргетирањето на земјите од Балканот, меѓу кои и Република Македонија, а вклучително и масовните собирања на граѓани, од страна на терористичката ИСИЛ, МВР ќе ги зајакне безбедносните мерки и активности во наредните денови на целата територија на државата", се наведува во соопштението на МВР.

Предупредување за опасност од тероритички напад издаде и Американската амбасада во Скопје која ги советува своите граѓани во државава да бидат исклучително внимателни, да ги следат локалните медиуми, како и соопштенијата на Амбасадата.

"Амбасадата на САД во Скопје ги повикува своите граѓани кои живеат во Република Македонија да бидат особено претпазливи за време на претстојните верски празници на големи фестивали или настани. Терористи во регионот претходно имале обиди за напади на лесни цели, вклучувајќи и цркви или други религионзни места, шопинг центри, спортски арени, концертни сали и јавни собири", се наведува во соопштението на Амабасадата на САД во земјава.

Во минатото амбасадата на САД ги предупредувала своите граѓани во земјава во услови на протести, избори, кумановските случувања од 2015 година. МВР, пак, издавала предупредувања за зголемено полициско обезбедувње и промена на сообраќајниот режим на поголеми празници кои се празнуваат на отворено, но никогаш до сега немало предупредување дека Македонија е таргет на ИСИЛ.

Најголемиот македонски туристички центар е максимално безбеден за туристите кои го посетуваат а ги има во голем број, велат од секторот за внатрешни работи, со што ја "нафитилија" ситуацијата. Портпаролот на локалната полиција Стефан Димоски вели дека Охрид е под целосен полициски мониторинг како и секоја година за празниците, но викендов значително засилена е безбедносната контрола на службите поради најавата за престојот на голем број туристи. Дополнително вели Димоски полицајци целодневно ќе вршат надзор низ улиците. Екипите се подготвени за брза интервенција и превенција од било какви инциденти.

Македонија како таргет на ИСИЛ?!

Од каде нашето МВР дојде до такви податоци? Дали само се вклучи во општата паника или си дава себе си поголемо значење, особено во екот на внатрешната криза која веќе си ја имаме? Од МВР не откриваат врз основа на што дошле до тие заклучоци, ниту дали има конкретна закана за земјава.

Но, можноста за напад ја поврзувата со неодамнешниот напади во Египет. Колку има реална закана во земјава од напад на ИСИЛ или пак беспотребно се крева тензија, дополнително на и онака зовриената политичка состојба.

Експертот по безбедност, Благоја Марковски смета дека органите за безбедност треба да се превземат одредени мерки, иако Македонија не е конкретна цел за напад, односно не е конкретнњ цел на глобалниот тероризам. Но, тој потсетува дека над 140 наши граѓани служеле во редовите на ИСИЛ и околу 80 отсто од нив се веќе вратени назад. Тие не манифестирале некои активности и веројатно се следат.

Професорот по безбедност Владимир Пивоваров на истата телевизија рече дека има претерувања во проценката на небезбедната ситуација во регионот. (р.г.)