��oj 514   21.03.2017
прва страница линкови контакт
Најнов број
Импресум
Маркетинг
Архива
Пребарај
Дали случајот ќе заврши во Врховниот суд? Таму е можна одлука 4:4, според односот на силите. Тогаш ќе остане во важност одлуката на понискиот суд
Луѓето од типот на (Никола) Љубичиќ (Стане) Доланц, (Бранко) Микулиќ, (Бранко) Мамула и сличните беа лоша замена за воено политичкото биро што постоеше претходно. Тие повеќе не беа сонувачи, идеалисти. Новиот тим е главно составен од себични, интригантни типови на луѓе алчни на власта

ГРУЕВСКИ НИКАКО НЕ ИЗЛЕГУВА ОД ПРЕМИЕРСКИОТ КОСТУМ - ЈА БУТУРИСА ЗЕМЈАВА А СЕГА ЌЕ ЈА СПАСУВАЛ!

Идејата на експремиерот и губитникот на овие избори, никако да излезе од кожата на лидер на Македонија, иако доби шут карта. Неговата апсолутистичка суета сега дури ќе нудела и програма за спас на земјата?!

Обично кога ќе се спомене терминот 100 дена после изборите, се мисли на периодот кога новата Влада ужива во својата недопирливост од критиките. Тоа е непишано правило. Притоа, се смета дека бројчаникот се темпира од денот кога новата Влада ќе ја претстави својата програма пред парламентарците и кога мнозинството од оние кои ќе подигнат рака на прашањето "кој е за" покажуваат дека како парламентарно мнозинство стојат зад неа.

Во оваа наша налудничава ситуација каде дури и најрежимската телевизија - Нова, бара слобода на медиумите, откако во изминатата година го изгази тој термин и се претвори во симбол на заробеното општество а на улиците присилените за присуство протестанти бараат "заедничка Македонија" извикувајќи "Смрт на Шиптарите",, победничлката постизборна коалиција не може да влезе во Парламентот и да ја изврши мирно транзицијата на власра. Професорот Денко Малески пишува дека ние сме земја во која се исцрпени сите демократски средства за мирен трансфер на власта од досегашната гарнитура на опозицијата зад која стојат речиси 700 илјади гласачи! Се јави дури и Метју Нимиц, посредник во преговорите за името со Грција и изјави "загрижен сум за ситуацијата во Македонија. Тоа што можам да го истакнам во овој момент е дека состојбата во државата е доведена во висок ризик и опасност со што ќе влијае врз безбедноста и стабилноста на Македонија".

Се јавуваат се поостри критики и кон опозицијата и повик таа да преземе нешто за да ја мрдне ситуацијата од пат позицијата која наликува на жива кал, иако таа исто така има објективно врзани раце. Необично е секако оној кој ја освоил власта на избори сега да прави - револуција!

Погоре споменатиот комплетен дефицит на демократски мерки генерално кажува дека власта никако не сака мирно да ја предаде власта. Те повикува народот да не седел дома во папучи, па преку својот претседател Иванов демонстрира некакви подготовки за државен удар, па сега експремиерот ќе готвел програма за спас, сосема влегувајќи во филмот дека тој е новиот мандатар. Тоа, секако, не треба да чуди, бидејќи сипаниците на власта, корупцијата и узурпацијата се видоа кај него уште првиот миг кога тој мораше, согласно на Пржинскиот договор да излезе од зградата на Илинденска број 2. Влегувајќи во онаа палата која народот ја вика Шампита, на мини-плоштадот кој белки се вика ВМРО (?) тој постојано се движеше низ земјава и сечеше ленти за најбанали поводи, говореше како тие остваруваат и комплетно го имаше исфрлено формалниот заменик во премиерската фотелја - Емил Димитриев.

Како член на Ад хок телето за мониторинг на медиумите можам да посведочам дека единствен спас провладините телевизии да не добиваат предлози за казнување заради "мешање на лончињата" (тоа е кога извршните функции стануваа партиски и обратно во тв програмите) беше кога Груевски престојуваше надвор од земјава (Германија, Британија, САД), бидејќи, само тогаш го немаше оној беше премиер место премиерот. За него ролјата на шеф на партијата секако не беше никогаш доволна. Да неговориме да остане шеф на партија која зам,нува во опозиција.

Комплетната замена на реалноста со неговите фантасморгии и живот во непроменето одело се покажаа и во последното излегување во јавноста: очевидно без намера да го соблече сега само театарскиот костум на лидер на оваа нација тој покажа дека настојува и натаму да ги дезавуира институциите. Тој ти пишувал програма за спас и само што не ја довршил, му требале уште неколку денови.

Сите знаат дека европската четворка на чело со Хан доаѓа да го надгледува дооформувањето на парламентарното мнозинство и дека тоа треба да се случи денес (вторник, 21 март). Топкму тоа ќе биде првиот знак дека институциите се деблокираат а очекувањата во опозициските кругови се дека со завршувањето на конститутивната седница, односно со изборот на нов спикер ќе почнат да течат уставно предвидените десет дена за добивање на мандатот за состав на владата. Потоа следуваат уште дваесет дена во кои мандатарот би требало да ги заврши преговорите со планираните коалициски партнери. Според тоа, процесот би можел да се пролонгира и до средината на април, ако не и подоцна, во зависност од тоа кога ќе биде закажано продолжението на конститутивната седница и како понатаму ќе постапува шефот на државата. Но странците доаѓаат како и секогаш во намера која значи дека нема како порано функција на - посредување, туку е во позиција на јасен притисок некој да ја научи првата лекција на владеењето која значи - научи се да ја предадеш власта кога ќе немаш парламентарно мнозинство.