��oj 518   18.04.2017
прва страница линкови контакт
Најнов број
Импресум
Маркетинг
Архива
Пребарај
Следниот чекор во еволуцијата: човекот станува Бог, секреатор. Тргнавме во вселената и можеме да влијаеме на гените. Но, дали ќе бидеме во можност да се справиме со создавање на натчовекот?
Развојот на настаните на меѓународна сцена го врати рамп кон старите "проверени шеми" во односите со Истокот - како оној на Пациикот, така иво односите со Русија. Путин призна дека односите со САД биле подобри пред Трамповото доаѓање во Белата куќа?!

И НАТАМУ ТВРДА ИГРА НА СУДСКИОТ СИСТЕМ КОН КАТИЦА ЈАНЕВА

Казнет е директорот на УБК поради несоработка со СЈО, од судијките Елена Илиевска Јосифовиќ и Александра Поп Стефанија

Eден директор е парично казнет, а 8 функционери ке заштедат од 2.500 до 5.000 евра бидејки Кривичниот суд ги одбил или отфрлил, 8 од 9 те барања на СЈО да се казнат на одговорни лица од институции кои на не им ги доставиле потребние податоци. Овие податоци, но и анонимизираните одлуки на судиите од кривичен ги добивме преку барање за пристап до јавни информациии откако првично судот не одговори на прашањата на Телма. Одлуката за казнетиот директор се уште не е правосилна, па затоа Судот не ни ја достави, но според извори на Телма станува збор за диркеторот на УБК Владимир Атанасовски кој доколку биде потврдена одлуката ке треба да ја плати 2.500 евра.

Речиси половина од барањата за казнување на СЈО се однесуваат на диркеторот на УБК останатите се за функционери во УБК а едне предлог кој што е одбиен е за министерпт за транспорт и врски

Како дел од истрагата за предметот Трезор, СЈО побарало податоци од МВР дали набавената опрема преку фирмата Финзи е инсталирана во објектите на МВР како и попис за видот и количеството на оваа електронска и комуникациска опрема. Барањето било доставено во УБК, а директорот одговорил бараните податоци се суптилни и со несоодветно постапување може да се загрози или нанесе непоправлва штета на државата. Судијаката ги прифатила аргументите на УБК и го одбила како неосновано барањето на СЈО да биде казнет директорот на УБК Владимир Атанасовски.

"Судијата на претходна постапка наоѓа дека согласно чл.81 ст.2 од ЗКП, УБК го одбила барањето за доставување податоци на СЈО, бидејќи оценила дека управата согласно законските надлежности (предвидени во чл.23 од Законот за внатрешни работи) и со оглед на спецификата на работењето на управата, давањето на вакви податоци кои се од суптилен и класифициран карактер и несоодветното постапување со истите би можело да предизвика загрозувањ и нанесување непоправлива штета на трајните интереси на РМ".

Во останатите предмети СЈО бара казни затоа што УБК не им доставила потребни информации за тоа дали во преиодот од 2008 до 2015 управата изготвувала месечни извештаи за функционирање на системите на за следење на информации, колкав е борјот на следени телефонски разговори и интернет комуникација со судка наредба , барале податоци за поранешен вработен во Управата кој според иницијалите е Звонко Костовски од ПУЧ, за повредите на предметот Тврдина, сите наредби за посебни истражни мерки. Токму УБК е институцијата за која неколку пари од СЈО посочуваат дека прави најмногу опструкции во нивните истраги.

Најголем дел од одлуки на кривичен со кои се одбиваат предлозите за казнување функциоенри се потпишани од судијките Елена Илиевска Јосифовиќ и Александра Поп Стефанија. За едната СЈО поднесе претставки до Советот за утврдување факти, а за другата бараше изземање.

Што би се рекло Јанева знаеше со кого си има работа!

Впрочем, полит-мафијата си направи корекции за да ги исфрли оние судии кои малку од малку одбија да бидат обични служители на партијата на власт. Врховниот суд на денешната општа седница го одбил барањето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за изземање на претседателот на судот, Јово Вангеловски, од Кривичниот совет, кој треба да одлучува за притворот на Сеад Кочан, осомничен во случајот "Труст" што го отвори СЈО.

Специјалното јавно обвинителство бараше изземање на претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, бидејќи е дел од прислушуваните разговори што ги објави СДСМ, а кои биле снимени во период кога тој, исто така, ја извршувал функцијата претседател на судот. Според СЈО, тој разговор ја доведува во прашање непристрасноста на судијата Јово Вангеловски.

Претседателот на Врховниот суд треба да одлучува по барањето за заштита на законитоста што на 27 март оваа година го поднесе Републичкото јавното обвинителство, со кое се бара поништување на одлуките на Основниот суд Скопје 1 и на Апелацискиот суд Скопје, а со кои му беше одреден притвор на Кочан, кој веќе месец и пол е во бегство.

На седницата бил одбиен и проговор на судијката на Врховниот суд, Лидија Неделкова, по одлуката на Вангеловски да ја тргне од Кривичниот совет што треба да одлучува за притворот на Кочан, иако овој предмет со електронска распределба на предмети ? се паднал нејзе.

Врховниот суд на денешната седница одлучуваше и за приговорите на 17 судии од Основниот суд Скопје 1 на годишниот план за работа, што на крајот на минатиот месец го донесе в.д. претседателот на судот, Стојанче Рибарев.

Според краткото соопштение на судот сите 17 преиговори се одбиени, без да се даде образложение.

Сведок дознава дека било прифатено образложението на вд претседтелот на Судот дека Кривичниот суд во Скопје е единствен специјализиран, кривичен суд и од тука сите работат на иста материја, кривична (вклучително и прекршоци) и дека не станува збор за распоредување на друга материја.

Ова според судиите, е класично изигрување на законот и целосно погрешно читање на законот. Токму судиите во приговорите ставиле посебен акцент на надлежноста на судот, свесни дека на тој начин ќе бидат изиграни и ќе им бидат отфрлени приговорите.