��oj 518   18.04.2017
прва страница линкови контакт
Најнов број
Импресум
Маркетинг
Архива
Пребарај
Следниот чекор во еволуцијата: човекот станува Бог, секреатор. Тргнавме во вселената и можеме да влијаеме на гените. Но, дали ќе бидеме во можност да се справиме со создавање на натчовекот?
Развојот на настаните на меѓународна сцена го врати рамп кон старите "проверени шеми" во односите со Истокот - како оној на Пациикот, така иво односите со Русија. Путин призна дека односите со САД биле подобри пред Трамповото доаѓање во Белата куќа?!

ХРВАТСКИ СТРУЧЊАК ЗА ПРОФЕСИОНАЛНИ ВЕБ КАМПАЊИ СТАНА НЕПРИЈАТЕЛ НА МАКЕДОНИЈА!

Марко Греговиќ една македонска телевизија го прогласи за поттикнувач на револуции во неколку балкански земји, меѓу нив и во Македонија

ЖЕЉКО ГОДЕЧ

Една македонската телевизија го обвини за поттикнување на револуција во Украина, Романија, Србија и Македонија. Марко Греговиќ, директор на фирмата Бродото еден од основачите на првата хрватска crowdfunding академија, на неговиот Фејсбук статус иронично изјави дека може да се стават ракавички врз она шо е негова животна мисија: тој станал професионален револуционер и непријател на државата. Греговиќ откри дека неговото Фејсбук сандаче е полни до навреди и закани, откако македонските ТВ шоуа го претставија како комбинација на Че Гевара и Џејмс Бонд, како шпион на мисија да го започне проектот на подигнување на револуција во Украина, Романија, Србија, Македонија....

ЛОША ШЕГА Оваа непријатна квалификација и публицитет дека е јавен непријател поврзан со британските разузнавачки служби, ја заработи кога неодамна беше во сосема безопасни посета на Скопје, каде одржа предавање за придобивките и начините за започнување на crowdfunding кампања. Во Македонија дојде поканет од Здружението Лид, а на локалните поддржувачи на разните теории на заговор има требаше повеќе од еден месец да осознаат со што всушност тој се бавел и тоа да го "развлекуваат" на телевизија.

"Каква чест", се шегува обележаниот Марко Греговиќ, но признава дека "веројатно со таквата конструкција би му било тешко да живее во Македонија".

Овој 34-годишен "британски шпион" е поранешен гринписовец,, домашната јавност го врзува за помалку опасни прашања. Сепак, со физичкиот изглед може лесно да помине како Џејмс Бонд, но тука сличностите со шпионите завршуваат. Греговиќ е познат како организатор на серијата на кампањи, од кои една од најзабележливите е отворањето на ланец на Буба барови - првите кафулиња во Хрватска каде се вработени лица со Даунов синдром, или кампањате Стеми - посветена на мал робот со глобалната мисија; таа кампања доведе до вработување на младите во Бангладеш, поддршка на деца без соодветна родителска грижа во Хрватска, како и згрижување на бездомниците преку кампања Добри домаќини. Во Босна и Херцеговина има работено со Здружението за заштита на природата, во Украина за популаризација на велосипедски здруженија...



МОДЕРНИ АЛАТКИ Сè што прави, има позитивен социјален набој. Бродото им помага на организациите кои се обидуваат да имаат позитивно влијание врз општеството, невладини организации, компании, институции, креирање на кампањи, дизајн, организација. "Ние сакаме да се обезбедиме видливост, одржливост и ефикасност на сите организации кои имаат за цел да го направат светот подобро место за живеење," се легитимира Греговиќ. Тој признава дека во својата работа се служи со тајно оружје, само што не се занимава со цели што му ги пришиа македонскиот новинар Васко Ефтов (се работи за емисијата "Во центар" - н.з.). Тоа се комуникациски оружја, како што се Skype, WhatsApp, Mesenger, Viber, Snapchat, Instagram, Фејсбук.

Локалните новинари најпрвин го открија како лумен, човек кој ветува, поранешниот одличен ученик во приватна првата класична гимназија на Златко Шешељ, што беше интересно бидејќи тој има диплома на филозоф а ја замени со активизам - тој се фрли на воспоставување на Синдикатот на велосипедистите. Минатата година беше новинарска тема, кога со помош на Јутарњи лист во crowdfunding кампања за само пет дена собра повеќе пари отколку што му беше потребно за планираната авантура - со пет илјади долари во џебот и моторцикл под себе помина преку Кавказ и мина низ пустелиите на Турција, Ерменија, Грузија ..

Она што од него го слушнаа Македонците, но, исто така и Украинците и Србите и Романците ... е речиси истоветно - повеќето crowdfunding кампањи носат добробит за заедницата и имаат непрофитен карактер. Им помагаат на непрофитни органзиации да започнат во отсуство на други механизми за финансирање, бидејќи, таквите кампањи предизвикуваат позитивни емоции. Една таква е да речеме неодамнешната кампања фокусирана на реформите во образованието - за таа целс се собраа околу 480 отсто повеќе од средствата потребни за таа цел.



ЛЕСНА ЦЕЛ Иако обвинувањата на македонските новинари заслужуваат само потсмев, или се тоа маргинални забелешки гледани од чуден агол, сепак се и тоа илустрации на социјална состојба - Греговиќ како активист е лесна цел!

"Овие се луди конструкции и не ја познавам добро тамошната ситуацијата за сето тоа лесно да го објаснам надвор од Македонија, која би можел да рационално да се објаснам. Но, ако веруваме дека Македонците преку социјалните мрежи активно беа вклучени во донесувањето на Трамп да дојде на власт, тогаш овој дизајн не треба да се потцени. Видов како македонското општество е длабоко поделено, можеби дури и полошо од хрватското: на една страна се хард-кор конзервативци, од друга либералите и прогресивците. Бев класифициран во втората категорија, за среќа, но на оваа категорија и се доделува автоматски непатриотски наратив и и се доделува фирмата на соросови платеници, странски шпиони, луѓе кои го дестабилизираат системот. Властите ја негуваат култура на лагите што во голема мера е поддржани од страна на медиумите - во овој свет на граѓанските организации и активисти се гледа како на закана за оваа машинерија која сака се' да остане статус кво.

- Македонците не ме исплашија. Ако го доживеав тоа тука, во Хрватска - тоа ќе биде катастрофа, вели Греговиќ, со надеж дека оваа измислена шпионска епизода ќе биде прва и последна.