��oj 514   21.03.2017
прва страница линкови контакт
Најнов број
Импресум
Маркетинг
Архива
Пребарај
Дали случајот ќе заврши во Врховниот суд? Таму е можна одлука 4:4, според односот на силите. Тогаш ќе остане во важност одлуката на понискиот суд
Луѓето од типот на (Никола) Љубичиќ (Стане) Доланц, (Бранко) Микулиќ, (Бранко) Мамула и сличните беа лоша замена за воено политичкото биро што постоеше претходно. Тие повеќе не беа сонувачи, идеалисти. Новиот тим е главно составен од себични, интригантни типови на луѓе алчни на власта

МАСОВНАТА ГРАДБА ЕКОЛОШКИ ГО ЗАГРОЗУВА ОХРИД

Ако продолжи трендот на масовна урбанизација, може да се промени структурата на воздухот, предупредуваат експерти

Иако Охрид е омилено одредиште за одмор и рекреација, значи важи за еден од најмалку загадените градови во Македонија, тоа многу лесно може да се промени, ако продолжи трендот на масовна урбанизација, предупредуваат експертите. Според нив, судејќи по изјавите за Гласот на Америка најавите за изградба на нови станбени комплекси покрај градскиот кеј, во близина на Охридското Езеро, но, и на неколку други локации, можат да се одразат врз квалитетот на воздухот.

Овој извор го цитир архитектот Димитар Зарчев, кој вели дека во Охрид прекумерно се гради. "Јас мислам дека Охрид требаше да има имиџ на град со беспрекорно чист воздух. Никој не се сети дека можеби ќе се загади воздухот во градот, независно што сега е чист. Сепак може да дојде до промени во структурата на воздухот", вели Зарчев.

Ѓоко Зороски од Македонското еколошко друштво вели дека измените во морфологијата на урбаниот дел на градот, ќе донесат промени и во микроклимата.

"Не сакаме градот да стане топлотен остров, како што се случува со другите градови, бидејќи во Охрид има ветрови кои доминираат од северен правец, и кои прават проветрување на градот. Наша среќа е што го имаме Езерото, од каде продираат струења од јужен правец, но не треба тие струења да ги задушиме", вели Зороски.

Граѓаните не сакаат на Охрид да му се случи иста судбина како на Скопје и некои други градови во државата. "Ќе се намали и циркулацијата на воздухот, како што се случи во Скопје", вели охриѓанец за Гласот на Америка.

Но, охридскиот градоначалник Никола Бакрачески неодамна негираше дека во Охрид има масовна урбанизација.

"Во последните четири години, во делот на урбанизацијата на централното градско подрачје, како и во старото градско јадро, ништо не се случува. Треба да бидеме прецизни околу екстензивната и неуредната урбанизација на градот од 2000-та до 2013-та година, и сее' до денес", вели Бакрачески.

Според извештајот на светската организација "Еко експертс", Македонија неодамна се најде на 17-то место во светот, по загаденост на воздухот.

Институтот за јавно здравје вели дека годишно во државата умираат 1.300 лица од загаден воздух.

Навор од овие цитати, сепак мора да се сетиме дека имаше и остри реакции за загадувања коистинуваат и од Езерото! За тоа со документи и видео сниумки се јавијаја од граѓанската иницијатива "Охрид SOS".

"Ова се случува во момент кога Охрид SOS секојдневно апелира за важноста на Охридското Езеро, за ендемичните и ретки видови флора и фауна кои таму живеат и колкаво значење има неговото зачувување. Секој грам човечки фекалии содржи отприлика 100 милијарди бактерии, кои може да содржат разни вирози, паразити и други микроорганизми опасни за животната средина и луѓето. Охридското Езеро е еден огромен и во светот редок екосистем, толку важен што се наоѓа на листата на заштитени локации под УНЕСКО. Испуштањето фекалии во водата нема да предизвика последици само за живиот свет во водата, ќе предизвика последици и за инсектите кои ја пијат водата, за птиците кои се хранат таму, а без нив езерото нема да постои. Истата таа вода секако влијае и на плодноста на околното земјиште па последиците ќе ги почувствуваат и луѓето кои се дел од тој екосистем", порачува "Охрид SOS"

Иницијативата бара санкции за Ј.П. "Нискоградба" Охрид.

Неформалното еколошко здружение "Ohrid SOS"денеска објави фотографии од загадување на Охридското Езеро со нафтени деривати. На фотографиите покрај значително повлеченото Езеро се гледаат траги од некаков нафтен дериват.

"Добро утро Охриде, град на УНЕСКО тоа што си, со институции на кои екологијата приоритет им е и со иницијативи како нашава што од здодевност еко спинови прават само и еколози изиграваат за некакви си политички цели. А ова на сликиве што го гледате, сетоа тоа е природна колоритност, каква нафта какви хемии кои загадуваат, оваа шареноликост има за цел туристи привлекување, та не знаевте ли? Исто како што и намалувањето на количината на вода има за цел создавање нови крајбрежни плажички на кои и парапетчиња допрва ќе им заличат, со медитерански песок плажарски, бидејќи развој е не е шала." - стои во објавата ма "Ohrid SOS", во кој на шеговит начин се укжува на енормното загадување!