��oj 514   21.03.2017
прва страница линкови контакт
Најнов број
Импресум
Маркетинг
Архива
Пребарај
Дали случајот ќе заврши во Врховниот суд? Таму е можна одлука 4:4, според односот на силите. Тогаш ќе остане во важност одлуката на понискиот суд
Луѓето од типот на (Никола) Љубичиќ (Стане) Доланц, (Бранко) Микулиќ, (Бранко) Мамула и сличните беа лоша замена за воено политичкото биро што постоеше претходно. Тие повеќе не беа сонувачи, идеалисти. Новиот тим е главно составен од себични, интригантни типови на луѓе алчни на власта

МНТ: "ГОВОРНА МАНА" - ЦРНА КОМЕДИЈА КАКО ИСКРИВЕНА СЛИКА

ЛИЛЈАНА МАЗОВА

"Говорна мана" на Горан Марковиќ (филмски и театарски режисер, есеист) е црна комедија за исчашениот одраз на сеприсутното политиканство, сместено во театарска средина како одраз во секоја општествена пора. Има три лика: искусниот актер Мишел кој го игра Игор Џамбазов, многу помладата од него актерка Славица која е во врска со него и се бори за своето место во театарот а ја игра Сашка Димитровска и младиот бизнисмен Петар кој има говорна мана и за пари сака Мишел да го научи да ја надмине за да влезе во политиката а го игра Ивица Димитријевиќ.

Текстот на Марковиќ е слика/критика на животот во/со пореметени општествени прилики. Пишуван е за осумдесеттите/деведесеттите години на минатиот век во Србија. Важи и за сенешто тука и денес, и главно за понижувањето или уште повеќе условите во кои се прави театар во исполитизирано време. Сочна и горчлива црна комедија.

Режисерка на претставата (се игра на Малата сцена на Македонскиот народен театар - Скопје, и е негова продукција) е Драгана Милошевски Попова. Највредното се текстот и одбирот на тројцата актери. Се сметало на текстот и на нивната сигурност, а сето друго натаму (и од почеток до крај!) е недомислената режија иако, генерално, и се верувало а и ги имала сите услови за добар театар.

Режијата, н аместо да го крати да се има целиот текст, цо сметало на текстот и на сигурноста на троцата актери. И на музиката на Горан Трајковски. Толку! Честите меѓу сцените уфрлените нумери сепак само создаваат дополнително и сосем непотребно врамување на она што стои во приказните на трите лика или ќе следи, постојано во ист манир и иста поставеност (трите актерки (Арна Шијак, Ана Стојановска, Билјана Јовановска).



Целта да се "догради" претставата со дополнително политиканство низ тие бројни сцени е непотребното. Во таа режисерска бркотница од идеи се изгубиле и битните и логични делови од текстот, сега претставата. Непотребно е и директното користење на конкретен театар (Драмски и актерка од таму која на крајот ќе го добие ликот што Славица го посакува. На пример, многу покоректно би звучело "од друг театар". Или кога тече на репертоарот претставата (знаеме од суфлерот и дијалогот меѓу Славица и Мишел) а Славица е во гардеробата и чека да се појави во последната сцена отпаднало, а притоа слушаме дека изведбата завршила!

Кога веќе ги има трите јасни лика и ситуациите во кои се (во фон и суфлерот/инспициентот) сцените со трите/танчерки/пејачки го оптоваруваат дејствието со додавки на текст кои веќе се кажани/покажани кај Марковиќ на пофин начин во односот или дијалозите меѓу трите лика.

Внесувањето на некаква кабаретска форма и исто само оптоварување на црната комедија. Тие немаат речиси никакво влијание, освен непотребна пренагласеност/повторувае или замислено препознавање со тука и сега.



Со слична театарска тема "Хаос зад кулиси" на Мајкл Фрејн, режисерката Милошевски Попова дипломираше во Турскиот театар - Скопје (2007), добра претстава што е во меморијата на сите што ја виделе или биле дел од неа. Оттука и очекувањата со "Говорна мана" да реализира театар за театорот во сегашнови време. Наместо разбиениот концепт кој ќе го испочитува она што го има во текстот. Затоа и освен што се забавува играта на тројцата актери се губи и од нивната креативност. И костимите и сценографијата во ваквиот режисерски след се нефункционални (Илина Ангеловска). Како од некакви ефтини приказни

Гледливоста на "Говорна мана" ја одржуваат исклучиво искусниот Игор Џамбазов, Сашка Димитровска и Ивица Димитријевиќ. Иако им се ограничени можностите да ги развијат/одиграат ликовите, да се дел и од своите театарски приказни, тројцата држат (колку можат) своја страна. Не по свој избор: толку/таква е режијата - не е искористен добриот текст на Марковиќ ниту пак ним им е отворена сцената за целосна креативност.