��oj 518   18.04.2017
прва страница линкови контакт
Најнов број
Импресум
Маркетинг
Архива
Пребарај
Следниот чекор во еволуцијата: човекот станува Бог, секреатор. Тргнавме во вселената и можеме да влијаеме на гените. Но, дали ќе бидеме во можност да се справиме со создавање на натчовекот?
Развојот на настаните на меѓународна сцена го врати рамп кон старите "проверени шеми" во односите со Истокот - како оној на Пациикот, така иво односите со Русија. Путин призна дека односите со САД биле подобри пред Трамповото доаѓање во Белата куќа?!

ИЗНЕВЕРЕНИ ОЧЕКУВАЊА: ТРАМП СЕ ВРАЌА НА СЛОНОВСКИТЕ ПАТЕКИ

Развојот на настаните на меѓународна сцена го врати рамп кон старите "проверени шеми" во односите со Истокот - како оној на Пациикот, така иво односите со Русија. Путин призна дека односите со САД биле подобри пред Трамповото доаѓање во Белата куќа?!

Минатите десет дена покажаа дека Трамп прави коперникански пресврт во своето поимање на надворешната политика. Одеднаш му стана важен НАТО, потоа целосно ги залади односите со Кремл и застана крајно агресивно кон државите како еверна Кореја ама и Кина.

За време на посетата на генералниот секретар на НАТО во Вашингтон, на заедничката прес-конференција во Белата куќа, Трамп истакна дека сојузниците во Алијансата треба подеднакво да ги споделат трошоците за одбрана, теза на која Столтенберг се согласи. Пред средбата, виш претставник на Белата куќа кажа дека Трамп е "100 проценти определен на НАТО". Ова доаѓа откако во јануари годинава, претседателот на САД Алијансата ја нарече "застарена", заради неможноста да спречи неколку терористички напади и заради тоа што била формирана "многу, многу одамна".

Сите членки на НАТО се согласиле, до 2024-та, да потрошат два процента од нивниот бруто домашен производ за сопствената одбрана, но само неколку од нив во моментов ја остваруваат таа цел.

САД трошат околу три проценти од својот бруто домашен производ на одбрана, додека Германија околу 1,2 процента.

Претседателот Трамп за време на прес-конференцијата истакна дека "можно е да сме на досега најниско ниво, што се однесува до односите со Русија".

Трамп неделава даде и официјално зелено светло за влез на Црна Гора во НАТО. Приемот на оваа земја во Алијансата, чекор што минатиот месец беше поддршан и од Сенатот, ќе стави јасно на знаење дека ниту една трета земја, во случајов Русија, нема да има право на вето кога станува збор за членство на одредена држава во Алијансата. Ова го кажа американски претставник кој побара да остане анонимен.

Русија членството на Црна Гора во НАТО го опиша како "провокација". Истиот извор додаде дека иако не се антиципира оти некоја друга земја ќе и' се приклучи на Алијансата во блиска иднина, вратата останува отворена.

Воедно на неоденешната средба во Москва, пак, државниот секретар на САД најави дека разговорите ќе вклучат искрена дискусија за разликите и заедничките интереси на двете држави. Ама, по истиот повод рускиот претседател Владимир Путин, по повод таа средба на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Рекс Тилерсон, во телевизиско интервју, изјави дека врската на Москва со САД се влошила откако Доналд Трамп станал претседател. "Може да се каже дека нивото на доверба, особено на воен план, не е подобрено, туку најверојатно е влошено", изјави Путин за телевизискиот канал "Мир".

Лавров, исто така кажа дека неговата влада има многу прашања за нејасните и контрадикторни идеи, кои доаѓаат од новата администрација на претседателот Доналд Трамп. На почетокот на средбата со државнот секретар Рекс Тилерсон во Москва, тој додаде дека е важно за Русија да ги разбере намерите на САД, воедно укажувајќи и на минатонеделниот напад на сириската воздушна база, како одговор на нападот со хемиско оружје. Американскиот одговор Лавров го нарече "загрижувачки".

Тилерсон даде покуса изјава, но, како и Лавров, тој истакна дека разговорите се случуваат во важно време, и оти ќе вклучат искрена дискусија за нивните разлики и заеднички интереси.

Тилерсон потенцираше дека комуникацијата меѓу двете држави "секогаш ќе остане отворена".

Шефот на американската дипломатија додаде дека сака да разбере зошто постојат јасни разлики во одредени области, како и за можностите за доближување на тие поделби.

Тилерсон во Русија пристигна "вооружан" со помалку аргументи, отколку што се надеваа Вашингтон и Лондон, потребни за да ја убеди Русија да се откаже од поддршка кон сирискиот претседател Башар ал Асад.

Но, тој имаше тежок ултиматум в рака, што уследи по извештаите кои цитираа неименувани американски официјални лица, како наводно велат дека Русија имала претходни сознанија за нападот во кој загинаа многу луѓе, меѓу кои жени и деца.

Министрите за надворешни работи од Групата 7 развиени земји, на вчерашниот состанок во италијанскиот град Лука, не успеаја да се договорат за санкциите кон Русија и сириската војска, расправајќи дека истрагата прво треба да потврди кој користел хемиско оружје против цивили во Сирија, минатата недела.

"Не смееме да дозволиме ова да се случи повторно", изјави Тилерсон во Москва, додавајќи дека САД сакаат да го олеснат страдањето на сирискиот народ.

"Русија може да игра голема улога во тоа во иднина, или може да остане сојузник со таа група, што веруваме нема да им служи на руските интереси на долг рок", рече Тилерсон.

Државниот секретар Рекс Тилерсон во Москва се сретна и со претседателот Владимир Путин. По разговорите, шефот на американската дипломатија кажа дека на рускиот лидер му порачал дека американско-руските односи се "на ниско ниво".

Лавров, исто така кажа дека неговата влада има многу прашања за нејасните и контрадикторни идеи, кои доаѓаат од новата администрација на претседателот Доналд Трамп.

На почетокот на денешната средба со државнот секретар Рекс Тилерсон во Москва, тој додаде дека е важно за Русија да ги разбере намерите на САД, воедно укажувајќи и на минатонеделниот напад на сириската воздушна база, како одговор на нападот со хемиско оружје. Американскиот одговор Лавров го нарече "загрижувачки".

Тилерсон даде покуса изјава, но, како и Лавров, тој истакна дека разговорите се случуваат во важно време, и оти ќе вклучат искрена дискусија за нивните разлики и заеднички интереси.

Тилерсон потенцираше дека комуникацијата меѓу двете држави "секогаш ќе остане отворена".

Шефот на американската дипломатија додаде дека сака да разбере зошто постојат јасни разлики во одредени области, како и за можностите за доближување на тие поделби.

Тилерсон во Русија пристигна "наоружан" со помалку аргументи, отколку што се надеваа Вашингтон и Лондон, потребни за да ја убеди Русија да се откаже од поддршка кон сирискиот претседател Башар ал Асад.