��oj 518   18.04.2017
прва страница линкови контакт
Најнов број
Импресум
Маркетинг
Архива
Пребарај
Следниот чекор во еволуцијата: човекот станува Бог, секреатор. Тргнавме во вселената и можеме да влијаеме на гените. Но, дали ќе бидеме во можност да се справиме со создавање на натчовекот?
Развојот на настаните на меѓународна сцена го врати рамп кон старите "проверени шеми" во односите со Истокот - како оној на Пациикот, така иво односите со Русија. Путин призна дека односите со САД биле подобри пред Трамповото доаѓање во Белата куќа?!

ВЕЛИГДЕНСКИОТ МАТОК НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ИВАНОВ

Жителот на претседателската вила на Водно ја откри тактиката на тврдокорниот Груевски и неговиот патрон Мијалков: ако и се избере претседател на Парламентот и истиот ја прифати новата Влада, што е логичен редослед, ДПМНЕ неа нема да ја признае и ќе си ја задржи привремената влада. Без оглед на придавката - привремена

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

Се чини дека човекот што се одзива на именката претседател - Иванов и човекот што глуми дека е спикер - Вељановски, имаат поделено улоги и нивните јавни реплики се напишани така што во драматичните собитија околу спасувањето од затвор на Груевски, Мијалков и другите околу нив, наизменично се заменуваат на сцената. Заклучувањето на парламентарната порта уште во средата попладне од страна на пратеникот Вељановски (што е, нели, посебна приказна околу чувствата кои при тоа ги има слободољубивиот свет, заради малтретирањето на малцинството врз мнозинството!), беше веднаш заменето со друга тема за "озборување", која ја даде сопругот на Маја Иванова, во форма на интервју со австрискиот "Винер цајтунг". И таа комбинација австриски-хрватски медиуми кои им служат на овие од зградата наречена Шампита, секако заслужува посебни коментари, но да ги оставиме за друга прилика.

ИВАНОВ И ПРАВДАТА Претседателот Ѓорге Иванов во интервјуто вели дека правно неиздржано е да се формира влада без определен мандат. Со тоа тој индиректно ја навестува ситуацијата во која парламентарниот отпор на Илија Димовски и колегите ќе дојде до точка на капитулација! Иванов додава дека таквата влада би била без легитимност од страна на претседателот, односно без уставна основа. Но, ситуацијата со локалната самоуправа и многубројните парадокси на нереализирани парламентарни избори може да најават само социјална експлозија во која не би сакал да се најде Груевски и веројатно тој ќе мора да попушти пред да биде обвинет во очите и на "својот народ" за комплетниот безизлез на земјата.

Прашан за евентуална можност да се бира Влада во Собранието, без определен мандат од страна на претседателот, Иванов со став дека тоа е правно неиздржано.

"Тоа е само желба. Тоа е правно неиздржано. Таква влада нема да има легитимитет. Ова јасно е наведено во нашиот Устав. Согласно член 90 од Уставот, само претседателот на државата може да го определи мандатот за состав на Влада. Во таков случај би имало две влади. Актуелната, која е техничка влада, и влада која што е без легитимност од претседателот, односно без уставна основа. Значи ќе влеземе во уште поголема криза" - изјави Иванов.

Во интервјуто, претседателот Иванов објаснува дека од прогласувањето на независноста на Република Македонија, секогаш прво пласираната партија на изборите го добивала мандатот за составување на Влада.



ПРОВАЛА За тоа што ќе се случи доколку некогаш се избере претседател на Собрание, а шефот на СДСМ повторно се договори со партиите на македонските Албанци и посака да состави Влада, Иванов со став дека на таква коалиција нема да го даде мандатот. Со тоа жителот на претседателската вила на Водно ја откри тактиката на тврдокорниот Груевски и неговиот патрон Мијалков: ако и се избере претседател на Парламентот и истиот ја прифати новата Влада, ДПМНЕ неа нема да ја признае и ќе си ја задржи привремената. Без оглед на придавката - привремена. Демек, на влезот во Илинденска број 2 треба да се случи тисканица?! Па добро, ако од неа се повлечат министрите на ДУИ, што во тој случај би било неминовно, како би се избрале нивните замени, бидејќи тие не би биле подржани од парламентарното мнозинство?!

Јасно, веќе одамна не е прашање како Иванов станал професор (чувме во 2009 година за неговата вештина во поправање на транзистори, ама таа сторија не е доволна, белким) туку и кој му дал диплома од Правен?! Неговата деложација од функцијата која ја врши сега не е доволна казна, туку овој функционер едноставно не треба да се спојува на било кој начин со УКИМ!

МЕШАЊЕ ВО ВНАТРЕШНИ РАБОТИ Шефот на државата, во продолжение, како пречка за негов инает кон доделување на мандатот ја наведува Тиранската платформа. Истата во споменатото интервју е оценета како директно мешање, но и загрозување на независноста на Македонија, а содржинските барања не се само политички опасни, туку се и противуставни, вели претседателот, чие лесно споменување на највисокиот врвен правен акт во земјава секако кај легалистите предизвикува нагон за извршување на харакири...

Иванов на ова дури додава дека т.н. Тиранска платформа доведува до институционална криза, блокада за Влада и неизбор на претседател на Собрание. "Ние сакаме интеграција, а не гетоизација на Албанците во Македонија. Лидерот на СДСМ Зоран Заев "не дозреал за улогата што му ја дале", дека се преценил и самиот тој, а го прецениле и тие што му дале да игра таква улога. "Доколку не успее да дојде на власт, би можел да заврши в затвор", изјави Иванов за австрискиот весник.

На сите негови експликации околу зборовите "уставност" или "легитимност" можам да замислам како би реагирал мојот некогаш професор по уставно право - Евгениј Димитров. Веројатно би му го зел ливчето со прашања и би му рекол да дојде по извесно време откако добро ќе се подготви.



УШТЕ ЕДНА МАЛА ДИСКРЕЦИЈА Ама Иванов не е тип кој може да се држи до однапред напишани сценаријата а можеби и новинарот кој го барал интервјуто да отишол преку некои "интересовни зони", па прашувал околу тоа зошто Груевски така лесно добил мандат од него. И тука Иванов се лизнува кон една мала сторија дека договор за коалиција меѓу ДПМНЕ и ДУИ бил постигнат, ама дека имало телефонско јавување во последен миг по кое Ахмети рекол "не".

ДУИ ги негира тврдењата на претседателот Ѓорѓе Иванов за австриски "Винер цајтунг" за наводниот телефонски повик кој бил причина да не се случи коалицијата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Со ова секако, од една страна, се потврдува тезата од Мала Речица дека Груевски ја прифатил платформата која сега ја нарекува тиранска а која тогаш секако би немала придавка а дека камен на сопнување била само поддршката за СЈО.

- Првин, ги негираме овие наводи, станува збор за клевети. Ниту еден фактор од надвор не влијаеше врз одлуката на ДУИ. Нашата одлука беше консензуална и внатрепартиска токму во моментот кога констатиравме дека коалицирањето со ВМРО не ги исполнува нашите очекувања во оваа констелација - изјави Бујар Османи, портпарол на ДУИ, за Алсат М.

Од движењето БЕСА, интервјуто на Иванов го оценуваат како подбуцнувачко. "Иванов кажа една вистина којашто сите ја знаевме, но никој не ја кажал експлицитно. Тој рече дека тие веќе биле договорени за соработка во идната Влада, по што се случил телефонски повик што ја урнал соработката. Ова, со други зборови, значи дека тие с? уште ја продолжуваат нивната љубовна врска и оти може да очекуваме друг телефонски повик кој повторно ќе ги соедини - вели Зеќирија Ибрахими од Движењето Беса.

БАРЕМ ДА СЕ ДОСУРЕДИ СУДСТВОТО Ова ново разоткривање на односот на ДПМНЕ кон Платформата неминовно води кон влошување на митингашката позиција на портокаловите, која и онака е во криза и покажува дека и покрај сите максимални напори за мобилизација, "кворумот" на митинзите им се тенчи! Тоа ја загрозува варијантата "Б" од нивните собраниски планови, за кои пишувавме во претходните броеви.

Од друга страна, макар формално, Мијалков и Груевски и друштвото под нив се обидуваат да го консолидираат судството, така што ништо не би "стрчело" во него во мигот кога сепак транзицијата на власта нема да биде под нивна контрола. Последниот шанец за нив е третата власт која нема да ги осуди и која на секој начин ќе ги одбива сите независни судски мислења! Проценка е дека и при предавање на власта судсвото долго не ќе може да се промени, пред се персонално! Можеби нема да ја имаат власта, ама групировката нема ни да одат во затвор, секако дури и не во истражен, сметаат тие. Па и за службен пат нема да имаат потреба да се пакуваат. Уште неделава врвното судско тело да се согласи со двата реферати на Јово Вангеловски ...



НЕ ГО ЧЕПКАЈТЕ СЈО Но, притисокот од надвор и игрите што толку безобзирно ги прават груевски и мијалковци со Вангеловски толку им одат на нерви на странците, што само ја иритираат нивната интервенција во форми кои, се разбира, се дозволени во меѓународните односи, ама кои не се наивни.

Најпрвин тепачката на синот на Мијалков во Монако, која завршила наводно со негов притвор, па со ангажирање на моќници од источниот ни сосед за спас, за што се пишуваше не е наивна - одењето надвор од границата за оваа клика не е препорачлив чекор. За нив и нивното семејство. Останаа само неколку дестинации за чекирање на билети ама посебно прашање е како ќе се заштитува имотот на узурпаторите на власта, кој е секако под посебен надзор. Како и сите трансакции кои одамна се кон Македонија под петострука контрола. Оттаму кај нашава полит мафија кешот започнува да игра посебна ролја (случај НЛБ може да биде повод за такви асоцијации), како и други зделки кои сега се склучуваат кон ЕЛЕМ, на пример, како ликвиден извор на пари. Тоа е во случај да се бранат позициите од дома (во случај на комлетно ембарго за семејството) па нашите струјаџии ќе ги плаќаат и паравојските и ќе обезбедуваат се уште нечиј лагоден живот.

Секако дека се' има крај а тоа треба да се има во предвид од страна на оние кои секој ден, секој час, секој минут го игнорираат мнозинството од над 700 илјади гласачи кои гласаа за промена на режимот.