��oj 518   18.04.2017
прва страница линкови контакт
Најнов број
Импресум
Маркетинг
Архива
Пребарај
Следниот чекор во еволуцијата: човекот станува Бог, секреатор. Тргнавме во вселената и можеме да влијаеме на гените. Но, дали ќе бидеме во можност да се справиме со создавање на натчовекот?
Развојот на настаните на меѓународна сцена го врати рамп кон старите "проверени шеми" во односите со Истокот - како оној на Пациикот, така иво односите со Русија. Путин призна дека односите со САД биле подобри пред Трамповото доаѓање во Белата куќа?!

ИСИС НЕ ГО ИСПЛАШИ ПАПАТА ФРЕНСИС

Папата Френсис ќе продолжи со посетата на Египет и покрај двете бомби во коптстки цркви поставени од ИСИС

ЏЕК МУР

Папата Френсис ќе го посети Египет како што е планирано во крајот на април и покрај двете експлозии на коптски христијански цркви во текот на викендот (на Цветници) кога загинаа најмалку 44 лица, изјави претставник на Ватикан во понеделникот.

Милитантната група Исламска држава (ИСИС), чиј партнер во провинција Синај го води востанието против египетската државна, потврди дека на 9 април извршила бомбаѓки напади преку свои самобуијц а против христијани кои го слават Цветници, кој го означува почетокот на Страсната недела.

ISIS порача преку новинска агенција Амак дека "тајни ќелии" ги вршиле двете експлозии во цркви во Таннта, северно од Каиро, а близу медитерански град Александрија.

Но, папата Френсис, кој треба да го посети Египет на 28 и 29 април нема да биде заплашени од посета на оваа северноафриканска земја, според монсињор Ангело Бечи, трета најважна личност во Ватикан.

"Несомнено е Светиот Отец ќе го ја одржи својата понуда да оди во Египет. Египет не увери дека се ќе биде безбедно и ниер секако ќе одиме", рече тој во интервјуто објавено во понеделникот во италијанскиот весник Кориере дела сера.

"Јас исто така мислам дека е индиректна порака до оние кои владеат со земјата и во однос на христијанското малцинство во кои, во последно време, и се даде повеќе слобода", додаде тој. "Она што се случи предизвикало немири и огромно страдање, но тоа не може да ја запре мировна мисија на папата."

Тој го нарече нападот "повик на дијалог, за мир".

Бомбардирањето го поттикна Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси да прогласи три месечна вонредна состојба и повика на зголемување на безбедноста на клучните инсталации.

Снимката на една камера од тв станица покажа дека бомбашот самоубиец се обидувал да влезе во црквата и кога дошол до скенерот го активирал екзпловот, кој се наоѓал завиткан околу телото. Не е јасно дали папата Френсис ќе оди во Египет со св ојот папмобил, кој е специјално заштитен од несакани настани, или пак мќе одбере автомобил кој е отворен и кој ќе го понудат домажините?! По нападот, папата Френсис испрати свое "длабоко сочувство" на коптските верски лидер Тавардос Втори.

Ватикан има зголемена безбедност по обидот за атентат врз папата Јован Павле Втори во 1981 година и Италија има спречено барем еден таков напад врз Ватикан.

Она што се случи во неделата, од страна на двајца бомбаши-самоубијци, беше најкрвавиот настан во египетската христијанска заедница. ИСИС е насочена кон христијаните во земјата и редовно повикува на напади врз заедницата во својата онлајн пропаганда.

Коптски христијански заедница во Египет го сочинува околу 10 отсто од вкупната популација од 90 милиони во земјата.