��oj 520   02.05.2017
прва страница линкови контакт
Најнов број
Импресум
Маркетинг
Архива
Пребарај
Русија не можеше да развие демократски федерализам и затоа се врати на идејата за империјална држава. Паралелно на неа во старите времиња постоеше една Америка која си беше доволна самата на себе
Следниот чекор во еволуцијата: човекот станува Бог, секреатор. Тргнавме во вселената и можеме да влијаеме на гените. Но, дали ќе бидеме во можност да се справиме со создавање на натчовекот? Наскоро би можеле да посакаме да создадеме суштества кои преку моќта на умот ќе ја движат вештачката реалност и неа ќе ја менуваат преку нивните тела и умови согласно на желбите", вели Харари, авторот на двата бестселери "Сапиенс" и "Хомо деус"

СМРТТА НА "УТРИНСКИ"

БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Во својата агонија весникот ја следеше агонијата на Македонија како национална и државна идеја. Тоа што ќе умре пред да умреме сите како заедница, можеби и не е толку лош редослед за еден весник

Смртта на "Утрински" е тажен крај на еден голем новинарски, издавачки и културен проект. Во својата агонија весникот ја следеше агонијата на Македонија како национална и државна идеја. Тоа што ќе умре пред да умреме сите како заедница, можеби и не е толку лош редослед за еден весник. Неколку фактори во меѓусебна поврзаност го одредија драматичниот крај на "Утрински".

Уништени вредности

Прво, тоа е глобалната драма на пишаните медиуми како резултат на технолошките пробиви, односно развојот на новите медиуми, но и како резултат на културните и социјални поместувања во општествените стратификации.

Второ, тоа е општата културна деградација на македонското општество во политичкиот проект на вмро-дпмне. Како дел од концептот за систематската историска десубјективизација и национална декапитација на Македонија. Како аспект на општата кретенизација на нацијата.

Трето, тоа е институционалната и правна деградација на општеството и државата, повторно во режија на вмро-дпмне. Разорувањето на елементите на сигурноста, безбедноста, на вистината и правдата.

Четврто, тоа е уништувањето на вредносните ориентири на општеството, односно моралната дезориентација, губитокот на знаковите што е добро и убаво, а што е лошо и грозно, треба ли да повторувам, во изведба на смртоносниот оркестар на вмро-дпмне, под диригентската палка на Никола Груевски и неговите спонзори.

Петто, разорувањето на редакциската структура и културната, информативна и општествена мисија на весникот. За таа работа не се без вина и многу колеги што продефилираа низ весникот, но главен виновник е еден монструм кого го оставив во посебна точка.

Керим меѓу првообвинетите

Шесто, Срѓан Керим, еден неверојатен тип, голема подвижна нула облечена во убави костуми и вооружена со неверојатна стрв за пари, интриги, кариерни исчекори, без трунка морални и стручни основи, само врз основа на амбицијата да се има по секоја цена. Тој тип на позицијата генерален менаџер на МПМ, го внесе "Утрински" и сите други изданија во системот на МПМ, во највулгарни коруптивни врски и односи со власта, менувајќи го влијанието на весниците и моралниот и професионален интегритет на новинарите, за своите имотни и кариерни статуси. На некој тукашен нирнбершки процес за пропаста на Македонија, тој би требало да биде меѓу првите четири-пет првообвинети!

Јас сум еден од основачите и прв главен и одговорен уредник на весникот. Пред седумнаесет години ги инсталиравме во Македонија стандардите на рационалните и добро екипирани редакции, а во естетска смисла нормите на римска "Република" и на најубавите европски изданија.

Во еден неверојатен бран на ентузијазам, љубов, знаење и другарство, остваривме неверојатен подвиг на кој сум горд.

За жал, тоа остварување се покажа немоќно пред историската шанса да правиме од себе, како луѓе, како новинари, како политичари и, посебно, како Македонци, будали.

Тоа е славната платформа не од Тирана, туку од ВМРО.