��oj 520   02.05.2017
прва страница линкови контакт
Најнов број
Импресум
Маркетинг
Архива
Пребарај
Русија не можеше да развие демократски федерализам и затоа се врати на идејата за империјална држава. Паралелно на неа во старите времиња постоеше една Америка која си беше доволна самата на себе
Следниот чекор во еволуцијата: човекот станува Бог, секреатор. Тргнавме во вселената и можеме да влијаеме на гените. Но, дали ќе бидеме во можност да се справиме со создавање на натчовекот? Наскоро би можеле да посакаме да создадеме суштества кои преку моќта на умот ќе ја движат вештачката реалност и неа ќе ја менуваат преку нивните тела и умови согласно на желбите", вели Харари, авторот на двата бестселери "Сапиенс" и "Хомо деус"

МАКЕДОНИЈА ПО МЕДИУМСКИТЕ СЛОБОДИ ОСТАНУВА ЗАЛЕПЕНА НА ЕВРОПСКОТО ДНО

Слободата на печатот во Европа е под зголемен притисок, оценува за Кристијан Мир, раководител на Репортери без граници. Организацијата објави нова ранг листа за слобода на печатот, на која Македонија и натаму паѓа.

АДЕЛАИД ФАЛКЕ


Кои се најважните трендови во најновото рангирање на Репортери без граници?

Кристијан Мир: Важен тренд е тоа што, како и лани, има зголемен притисок ширум светот. Има навистина растечки автократски тенденции во земји како Египет, Русија и Турција, а с? понационалноконзервативни стануваат и владите во земји како Полска, Унгарија, кои под "свое" го ставаат државните и другите медиуми. И, многу е важно тоа што ширум светот сето тоа оди заедно со религиозно обоени идеологии, репресивни закони за безбедност, како и тоа што е с? поголем бројот - тука Турција е најистакнат пример во последно реме - на закони кои регулираат наводни навреди на претседатели, закони кои санкционираат богохулство, поради што в затвор завршуваат и новинари. Исто така сакам да споменам и дека концентрацијата на медиумите во рацете на олигарси всушност е закана за назависноста на медиумите, затоа што медиумите - тоа го има секогаш, но сега с? повеќе се заострува - се злоупотребуваат за политички, економски цели на одделни олигарси.



Нашиот фокус е ставен на Источна и Југоисточна Европа. Полска забележа голем пад од 29 места на листата, Македонија е на 118 место. Има ли сличности во земјите од овој дел на Европа?

Ако зборуваме генерално за Европа, може да се каже дека во принцип продолжува ерозијата на европската предводничка улога во делот на слободата на печатот, ерозија која беше утврдена и во 2014 година. Мислам дека на тоа може да се гледа како на тренд во последните три години. Трендови во Европа, во овие земји така да се каже во срцето на Европа, но и на периферијата на Европа, се и законите против тероризам и шпионажа, кои се користат за ограничување на правата на слобода. И, мора да се фрли поглед и во Западна Европа, каде новинарската независност во некои земји зависи од големите концерни кои с? повеќе ги контролираат медиумите, како во Франција, но и во Бугарија.

Македонија во моментов минува низ тешка внатрешнополитичка криза, во која медиумите играат една од централните улоги, а притисокот врз новинарите - тоа го покажа и рангирањето - во последните години континуирано се зголемува. Како Репортери без граници ја оценува состојбата во Македонија?

Македонија е прилично долу на листата, таа е "проблематично дете", кое, ако се оценува според актуелниот развој на ситуацијата, може да стане уште попроблематично. За лошата позиција на земјата на листата придонесоа повеќе работи. Прво, минатата година излезе на виделина големиот скандал со прислушување на конзервативната влада на Груевски, при што во принцип се дозна за масовното прислушување на лица, меѓу кои и околу 100 новинари. Следењето и прислушувањето, од наш аспект, секогаш треба да се критикува и секогаш е проблем за слободата на печатот, затоа што во тој случај не може да се заштитат изворот на информации и правото да се одбие да се наведе сведокот. Ова масовно прислушување и следење, кое беше обелоденето минатата година, е голем проблем. Од друга страна, во Македонија постои т.н. медиумски совет, во кој доминираат луѓе блиски до власта и кој повеќе или помалку своеволно може да одзема лиценци. Тоа се големите проблеми, покрај фактот што на новинарите - Томислав Кежаровски е сигурно еден од најпознатите случаи - може да им се случи да бидат затворени поради своите критички истражувања.

Како реагира Репортери без граници во такво еклатантно ограничување на слободата на печатот?

Една од нашите задачи е да ја анимираме јавноста и тоа се разбира го правиме и во случајот со Македонија. Јас лично бев пред извесно време во Македонија и таму на прес-конференција, на пример, се изјаснивме за работи, за кои, барем индиректно, има реакции преку медиумите. Во Македонија сега немаме директни контакти со владата, но има барем ставови и реакции. Една од целите на ранг листата всушност е да поттикне јавни дискусии, зашто тоа е она што ние, како релативно мала НВО, практично можеме да го сториме. Во случајот на Македонија, се покажува дека барем сме успеале да испровоцираме. Конечно, со ранг листата ние ништо друго и не сакаме, освен да испровоцираме дискусија во насока на тоа дека слободата на печатот е важна тема.

(Кристијан Мир е раководител на организацијата Репортери без граници)