��oj 514   21.03.2017
прва страница линкови контакт
Најнов број
Импресум
Маркетинг
Архива
Пребарај
Дали случајот ќе заврши во Врховниот суд? Таму е можна одлука 4:4, според односот на силите. Тогаш ќе остане во важност одлуката на понискиот суд
Луѓето од типот на (Никола) Љубичиќ (Стане) Доланц, (Бранко) Микулиќ, (Бранко) Мамула и сличните беа лоша замена за воено политичкото биро што постоеше претходно. Тие повеќе не беа сонувачи, идеалисти. Новиот тим е главно составен од себични, интригантни типови на луѓе алчни на власта

ПИСМО ДО РЕДАКЦИЈАТА: АПЕЛ ДО ГРУЕВСКИ И ИВАНОВ

Историјата бележи, народот памти, но никогаш не заборава и не простува.

Во текот на еден месец од неколку центри дојдоа загрижувачки вести за и околу Македонија. Да потсетам. Првин со изјава за албански медиум се огласи американски конгресмен од Калифорнија кој изјави дека Македонија не била и не е држава и дека треба да се подели и едниот дел да се припои кон Албанија.

После оваа изјава под притисок на Обединетата Македонска Дијаспора од Америка конгресменот се извини, велејќи дека погрешно бил сватен и дека неговата изјава била извадена од контекст.

Веднаш после оваа "несреќна изјава" на конгресменот, Европскиот парламент на предлог од два бугарски парламентарци донесе Резолуција за заштита на националните права на "Бугарите" од Мала Преспа, Голо Брдо и Гора во Албанија.

ДПМНЕ извади изманипулирани луѓе на улица со повик "да ја заштитат Македонија од СДСМ и Заев да не дозволат делење, кантонизација, федерализација на Македонија" - повикувајќи се на таканареченета Тиранска платформа, прифатена од лидерите на македонските Албанци.

Претседателот на Македонија не даде мандат за формирање влада на лидерот на СДСМ и коалиционите партии, работите излегоа од контрола и уличната реторика на "граѓаните за унитарна Македонија" изобилува со антиалбански пароли и албанофобија .

Загрижени за настаните во Македонија, западните дипломати од највисок ранг od Америка, НАТО и ЕУ повикуваа на смирување на состојбата и посебно повик до Ѓорѓе Иванов да си ја исполни својата должност и без одлагање да даде мандат за формирање влада на РМ.

Официјален Кремљ преку портпаролот во Обединетите нации Зајцев повика на немешање на странците во македонските работи. Да се остават политичките партии во Македонија сами да си ја кројат државата по свој терк.

Пред само два дена во Дебар, пратеничката од албанскиот парламент Дода им држи лекции на Македонците дека овде немало македонска држава, туку дека овие простори биле на Илирида, окупирани од словенско население.

Сите набројани примери не изгледаат како поединечни и случајни. Сето ова изгледа како пуштање на пробни балони од разни центри на влијание, за да се создадат предуслови за постигнување на идејата на ДПМНЕ за поделба на Македонија - до Групчин и отаде Групчин со размена на население - идеја која челниците на ДПМНЕ Љубчо Ѓоргиевски и Доста Димовска и тогашниот претседател на МАНУ - Ѓорѓи Ефремов ја промовираа пред македонската јавност во 2001 година .

Господине Никола Груевски, да се помириш со фактот дека не можеш да бидеш премиер овој мандат о наредните 10 години и да не ги вознемируваш граѓаните на Македонија со плашење дека некој ќе му ја земе Македонија ако не е ДПМНЕ на власт а ти премиер. Господине Груевски почнувам да се сомневам на твојот патриотизам и се повеќе твоите ставови личат на продожение на повикот на претходениот преседател на ДПМНЕ Љубчо Ѓоргиевски и твој премиер во неговата влада во која ти беше негов министер за финансии. Така како што ја тераш работата, неминовно ќе дојде до поделба на Македонија. Секојдневното врескање по улиците и плоштадите на Македонија против македонските Албанци има праг на толеранција кај секој граѓанин на Македонија, а посебно кај македонските Албанци кои се третираат коко македонско зло.

Господине Груевски твоите постапки се повеќе потсетуваат на нарко мафијата од Колумбија олицетворена во Пабло Ескобар кој за да го солчува својот криминално текнат капитал нарача дестабилизација на цела држава и нареди убиство на 2.000 граѓани. И ти господине Груевски си во состојба да си ја жртвуваш Македонија, за да се спасиш од правната разрешница на сите кои се огрешиле пред законот .

Претседателе на Македонија Ѓорѓе Иванов биди свој, направи го она што мнозинството од граѓаните на Македонија го очекуваат од тебе. Не дозволувај да бидеш главен виновник за она што не дај боже може да се случи во и со Македонија. Историјата бележи, народот памти, но никогаш не заборава и не простува.

Никола Костурски, 16-03-2017, Битола