��oj 520   02.05.2017
прва страница линкови контакт
Најнов број
Импресум
Маркетинг
Архива
Пребарај
Русија не можеше да развие демократски федерализам и затоа се врати на идејата за империјална држава. Паралелно на неа во старите времиња постоеше една Америка која си беше доволна самата на себе
Следниот чекор во еволуцијата: човекот станува Бог, секреатор. Тргнавме во вселената и можеме да влијаеме на гените. Но, дали ќе бидеме во можност да се справиме со создавање на натчовекот? Наскоро би можеле да посакаме да создадеме суштества кои преку моќта на умот ќе ја движат вештачката реалност и неа ќе ја менуваат преку нивните тела и умови согласно на желбите", вели Харари, авторот на двата бестселери "Сапиенс" и "Хомо деус"

ИВАНОВ СЕ ВЖИВУВА ВО УЛОГАТА КОЈА МУ ЈА НАМЕТНАА

Граѓанинот жител на претседателкската палата се вживува во тоа да се истакнува дека не сака да се сретне со странски емисари, дури кога тие тоа и не го бараат. За него таа е како улога во некој аматерски театар со која се перчи пред диригираната публика

ВАСКО МИЛАНОВ


Веќе е сосема јасно дека човекот кој се уште се нарекува претседател на Македонија а кој ќе биде запомнат како груб кршител на Уставот и високиот претставник на Стејт департментот Хојт Ји нема да се сретнат. Дури и покрај фактот дека токму тие празнични денови и се очекува - барем како што е најавена - некаква разрешница на болкадата во Парламентот.

Високиот американски дипломат Хојт Ји кој како претставник на Стејт Департментот доаѓа на први мај во Скопје најверојатно нема да побара средба со "тврдиот" орев претседателот Иванов, бидејќи вториов, и досега или целосно ги игнорираше странските дипломати или воопшто не наоѓаше време да ги удостои со средба.

За Унгарска телевизија дал изјава во која тврди и натаму дека не го давал мандатот и дека тоа било како превентивна мерка да не се случеле полоши работи. По тој повод на својот Фејсбук статус професорот Ѓорги Спасов процени дека не е лошо тој превентивно да биде ставен под санкци на САД и на ЕУ, да им биде замрзнат имотот на неговите бизнис пријатели и дури превентивно да биде остранет од функцијата според Устав и закон.

"А СДСМ и ДУИ датумот за одржување на следните парламентрани избори да го условат со датум за одржување на предвремени претседателски избори. Доста беше,овој кловн да ја срами Македонија кај ќе стигне.

И да се донесе закон со кој ќе му се укинат привилегиите за доживотен статус на поранешен претседател со плата на претседател, обезбедување и кабинет. Уставниот суд може да утврди дека досеганиот закон со кој тоа им се гарантира на сите поранешни претседатели ја нарушува рамноправноста на граѓаните и да ги укине тие одредби" - пишува Спасов.

Во врска со гостинот од Вашингтон американската амбасада вели дека "Хојт Ји доаѓа за да се види и разговара со политичките лидери во врска со статусот за формирање на влада, билатералните односи и реформите потребни за евроатлантската интеграција". Не е најавена лисатата на соговрниците.

Засега е извесно дека Ји ќе биде во еднодневна посета на Македонија и дека ќе се сретне со лидери на политички партии. Како што неофицијално дознава Дојче веле од партиски извори, високиот американски функционер нема да се сретне со претседателот Ѓорге Иванов. Овие извори не ги знаат причините за тоа, но претпоставуваат дека се поврзани со претходниот однос на шефот на државата кон добронамерните сугестии од официјални претставници на земји-стратегиски пријатели на Македонија.

За потсетување да спом енеме дека последна порака до политичарите во Македонија, Хојт Ји ја упати при неговата неодамнешна посета на Загреб, на 7-ми март годинава.

"Политичките лидери во Македонија, вклучително и претседателот, да направат сè што е неопходно наскоро да се формира влада без натамошно одлагање, на начин кој е во согласност со Уставот на земјата. Мнозинството во македонскиот парламент изрази волја да формира влада. Се надеваме дека македонскиот претседател ќе им овозможи на мнозинството членови на парламентот што побрзо да формираат влада. На државата и треба влада која мора да ги продолжи реформите", изјави Ји.

Тој им порача на политичките партии да ги остават настрана нивните тесни политички и лични интереси, благосостојбата на граѓаните да ја стават на прво место, и да не се држат круто до својата агенда и во одбивањето компромиси.

"На Македонија ? претстои многу работа, но прво мора да формира Влада, а ЕУ и САД соработуваат блиску за тоа да се случи. Сведоци сме на промени. Има страни кои сакаат да останат на власт и оние кои сакаат да дојдат на власт, во некои случаи и првпат. Природно и нормално е политичката напнатост да биде многу висока, реториката е многу силна, можеби не е прифатлива, но ние веруваме дека луѓето во Македонија сакаат да влезат во НАТО и во ЕУ. За да се случи тоа, мора да дојде до политички консензус, компромис кој ќе овозможи формирање стабилна влада", истакна високиот функционер на Стејт департментот.

Речиси два месеци потоа, состојбата во Македонија не е поместена ниту еден чекор напред, иако од СДСМ во континуитет уверуваат дека "изборот на собраниски спикер е прашање на ден". Од ВМРО-ДПМНЕ и натаму излезот од кризата го бара во нови парламентарни избори во пакет со локалните, а под параванот на "демократска дебата" со денови го опструираат изборот на претседател на парламентот и на собраниските тела.

Аналитичарите немаат дилема дека и Хојт Ји доаѓа со слична порака од онаа изречена во Загреб. Пред една недела, портпарол на Стејт департментот за Гласот на Америка на македонски, изјави: "Политичарите кои се обидуваат да го блокираат формирањето на Владата, ги обезвреднуваат владеењето на правото, демократските процеси и стабилноста на Македонија и регионот пошироко. Ние ќе работиме со нашите европски партнери на охрабрување на овие политичари, да престанат со нивните опструкции, вклучувајќи и земање на одговорност за нивните постапки".

Хојт Ји важи за добара познавач на проблемите во регионов во изминативе две децении. Беше во Скопје и лани на 3-ти март, а претходно ја посети Македонија и во април 2015 година, во почетокот на политичката криза, за која сведочеа опозициските "бомби". Тогаш порача дека треба бидат процесуирани случаите каде има сомневања за функционерите на власт, земјата да се врати на реформскиот курс, на демократските процеси и јакнењето на слободите и човековите права.

Инаку, за унгарскитот м едиум Иванов вели дека нема да го даде мандатот на СДСМ зашто постоел правен и политички проблем за определување мандат за состав на влада.

"Мнозинството беше обезбедено со уцена - да биде прифатена платформа на партии на Албанците од Македонија која е донесена во Тирана, во кабинетот на премиерот на Албанија. Тоа согласно нашиот Устав и согласно нашите закони е доведување на Македонија во подредена состојба и зависност на друга држава. Тоа е и казниво дело, но и се коси со заклетвата која сум ја дал кога сум ја презел функцијата Претседател, бидејќи јас не само што совесно и чесно треба да ја вршам функцијата Претседател, да го штитам Уставот и законите, јас сум одговорен за сувереноста, територијалниот интегритет и независноста на Македонија", вели Иванов за унгарската МТВА.

Тој посочува дека ако му даде мандат на некого што прифатил платформа на туѓа држава ќе ја доведе во прашање независноста на државата и таа одлука може да биде оспорена.

"Затоа, превентивно кажав, кога ќе се отстранат правната пречка и политичката пречка нема ништо спорно да се додели мандатот. Но, додека не бидат отстранети правната и политичката пречка не можам да го доделам мандатот", вели првиот човек на Македонија Иванов во интервјуто за унгарската државна телевизија.

Тој се осврнува и на средствата од американските државјани и вели дека со парите на Сорос била запалена и неговата канцеларија.

"Една од нив беше и палењето на Народната канцеларија. И без грижа на совест тие тврдат дека тоа било протест, односно начин на делување на таквите организации, изјавил Ѓорге Иванов во интервјуто за унгарската национална телевизија, одговарајќи на прашањето која е улогата на Сорос во Македонија.

"Република Македонија "е жртва на октроирано цивилно општество кое го октроираат странски цивилни фондации и кои ги креираат активностите на невладините актери".

Да се знае кој дава пари, од каде доаѓаат тие пари, која е целта на тие големи милионски суми кои влегуваат без никој да ги контролира и едноставно да создаваат проблеми кои што не можат толку брзо да се совладаат", повика Иванов.

На овој начин се потв рдува тезата дека Иванов едноставфно се вживува во ролјата на беспоштеден националист, кој им се оддворува на уличните "твврдокорни борци", кои како публика сепак се разредуваат од ден на ден.