��oj 518   18.04.2017
прва страница линкови контакт
Најнов број
Импресум
Маркетинг
Архива
Пребарај
Следниот чекор во еволуцијата: човекот станува Бог, секреатор. Тргнавме во вселената и можеме да влијаеме на гените. Но, дали ќе бидеме во можност да се справиме со создавање на натчовекот?
Развојот на настаните на меѓународна сцена го врати рамп кон старите "проверени шеми" во односите со Истокот - како оној на Пациикот, така иво односите со Русија. Путин призна дека односите со САД биле подобри пред Трамповото доаѓање во Белата куќа?!

Таленти: СТАТИСТИ

Ристо Поповски

Најголема опозициона партија после декемвриските избори и новиот распоред на силите во Собранието е дпмнето. Нејзиниот лидер, со мала тајфа најверни таленти околу него, заинатено одбиваат да ја прифатат новата политичка реалност. Глумат владеачка партија и власт, не сакаат да прифатат дека се на маргините на политичката сцена, дека се статисти, како што отсекогаш и биле.

Лидерот на дпмнето, иако веќе петнаесет месеци не е претседател на владата, не престана да биде статист кој глуми премиер. Свечено отвора објекти, најавува нови странски инвестиции, ветува вработувања... Декорот околу него е сиромашен и беден (како за статисти), а ги нема волшебното телефонче и лопатата.

После деценија неограничена власт и распуштено самоволие, тајфата таленти никако да се соочи со фактот дека се статисти. Она што го направија со Македонија е сведоштво дека се бездарни статисти кои глумеле власт. Патолошки заболени од манија на големина и безглаво сакат да го вратат времето на насилничко безвластие на неталентираните статисти на кои сè им се можеше и правеа сè што сакаат.

Новиот лидер на опозицијата и бившиот премиер, повторно е во засилена кампања, речиси секојдневно кажува едно те исто: Македонија е нападната. Македонија тоа сум јас. Македонија мора да се спасува. Спасувајте ме мене, а и Македонија, ако после мене од неа нешто остане.

Кампањата на статистот, кој многу сака да глуми главни улоги, повеќе е "лебедова песна", последна пред конечно заминување од политичката сцена. Заинатениот статист, меѓутоа, води кампања за нови избори во кои, само тој и тајфата гледаат спас и излез од кризата. Неталентирани статисти виновни за кризата можат со националистичка хистерија само до крај да ја разнебитат Македонија, а тоа и го прават.

Којзнае колку пати тајфата статисти се има покајано, удира со глава од ѕид, што допушти ланските декемвриски избори да бидат колку-толку регуларни. Скапо ги чинеше самоувереноста и самобендисаноста, дека народот со кој со години нахално манипулираа ги сака. Отидоа неврат неприкосновените лични привилегии и во нови избори статистите гледаат единствена можност пак да глумат главни улоги.

Држејќи се "како пијан за плот" за нови избори, статистите злосторнички го пијанат народот со национализам и квази патриотизам. Извадија народ на улица, а со наводно самоорганизирање на паравојски и "црни кошули" почнаа и отворено да се закануваат со насилие.

Секое пијанење завршува со главоболки, мамурлак, соочување со последиците кои од националистичкото пијанство се тешки, погубни. Што ќе види народот по отрезнувањето од националистичката хистерија во која ги вовлекуваат статисти пијани за власт. Некадарни за главни улоги тие посегаат и по зло на национализмот.

Првиот меѓу статистите, кој глуми дека е власт и премиер, во националистичката кампања за нови избори самобендисано, до нахалност, се поистоветува со Македонија. Коалицијата која има мнозинство да состави влада вели, не е само против дпмнето, туку и против Македонија, што значи и против него. Звучи недоветно, безумно, страшно. Исто како и фактот дека маргиналци и статисти ги приватизираа и дпмнето и државата, со кои бесрамно се поистоветуваат.

Нешто многу големо не штима во оваа равенство. Статистите, кои со национализам ја спасуваат Македонија, можат само да ја доразнебитат. Докажано некадарни маргиналци и неталентирани статисти, со злупотребата на национализмот, ја втурнуваат Македонија во уште подлабока криза, неизвесност, во судири, бездна. Упорно одбиваат да признаат, да се соочат со одлуката на народот дека времето на статисти и маргиналци помина. Засекогаш.