��oj 518   18.04.2017
прва страница линкови контакт
Најнов број
Импресум
Маркетинг
Архива
Пребарај
Следниот чекор во еволуцијата: човекот станува Бог, секреатор. Тргнавме во вселената и можеме да влијаеме на гените. Но, дали ќе бидеме во можност да се справиме со создавање на натчовекот?
Развојот на настаните на меѓународна сцена го врати рамп кон старите "проверени шеми" во односите со Истокот - како оној на Пациикот, така иво односите со Русија. Путин призна дека односите со САД биле подобри пред Трамповото доаѓање во Белата куќа?!

УШТЕ ЕДЕН БРАТУЧЕД ПОД ЛУПА

Додека Град Скопје ги испитува тврдењата за несоодветното образование на директорот на "Водовод", Синдикатот на претпријатието му даде целосна поддршка. Атанасов е прв братучед на сопругата на Груевски, за да нема забуна. Ова претпријатие е секогаш резервирано да го водеи некој со силенј пшолитички грб, ама кандидатот да не е баш за фалење

ПЕТРЕ КЛИМЕСКИ


Се сеќавате ли каде започна кариерата на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, според снимените телефонски разговори Миле Ми Текна? Да, тоа е докажана трамбулина каде се вработуваат лица кои, се чини морале да завршат во Грција, бидејќи, тука, во нашиот образовен систем, нивните амбиции или брзања не можеле да се задоволат - во скопски Водовод и канализација!

А ДИПЛОМА? Деновиве тоа јавно претпријатие не е толку познато по тоа што конечно во толку долго градените нови простории, нормално во т.н. необарок стил, во тој "Скадар на Вардар" дојде до вселување на бројната администрација која треба да ги напушти просториите под наем во објектот на Техноиметал во центарот. Не, тој чин е заматен по сознанието дека дека директорот на претпријатието Александар Атанасов немал соодветно образование. По некои "кодошења" немал дури ниту средно образование, но тоа, нели, по правило се гледа низ призмата на трамбулината: оваа фотелја се чува за ургенција од најсилен вид, во случајот од Никола Груевски. Александар Атанасов е братучед на Боркица Груевска. Во такви случаи, се разбира критериумите се максимално лабави

Според последните вести, од средината на минатата недела, по обидот на група советници од СДСМ да отворат расправа на оваа тема, градот Скопје допрва ќе ги проверува тврдењата дека Александар Атанасов нема соодветно образование, за да биде на местото директор на ЈП "Водовод и канализација". "Со оглед на одредени тврдења кои деновиве ги изнесоа одредени организации, во врска со веродостојноста и образованието на директорот на ЈП 'Водовод и канализација', Александар Атанасов, Градот Скопје посочените наводи ќе ги провери во соодветните државни институции. Веднаш штом имаме одредени сознанија и одговори, за истите ќе ја информираме јавноста", се вели во кусото соопштение испратено од Одделението за односи со јавност на Град Скопје.



НЕМА ПОТВРДА ОД МОН Александар Атанасов, директорот на ЈП Водовод и канализација - Скопје, нема добиено потврда од Министерството за образование и наука за валидна диплома за завршено високо образование во странство. Според документите кои ги објави, Атанасов поднел пријава за признавање на професионалните квалификации за завршен факултет во прв циклус на студии. Во пријавата навел дека завршил на факултетот Empire State College во Њујорк, со главно седиште во Саратога Спрингс, Њујорк со стекнато звање Дипломиран економист.

Сепак, министерството за образование и наука врз основа на неговото барање испратило известување во кое е наведено дека од страна на Информативниот центар за еквиваленција и признавање на странски високообразовни квалификации не е утврдено дека неговата квалицикација е стекната на еден од првите 500 универзитети рангирани на последната објавена листа од Институтот за високо образование при шангајскиот универзитет Џио Тонг, US News and Report и Times Higher Education Supplement World University Ranking.

На овој начин постои сомнеж дека Атанасов нема завршено високо образование, дека лажно навел информации или пак дека неговата диплома е лажна или невалидна, а со тоа дека е незаконски поставен на функцијата.

КОЈ ДОЗВОЛИЛ? Прашањето поставувано во јавноста деновиве е кој воопшто дозволил Атанасов да стане директор без соодветен доказ за завршено високо образование што е спотивно на законските одредби? Според Законот за јавни претпријатија основани од страна на оштините или Градот Скопје како што е во случајот на ЈП Водовод и канализација, изборот на директорите го врши градоначалникот на општината, односно Коце Трајановски.

Изборот се врши врз основа на јавен конкурс. Атанасов беше избран на јавниот конкурс кој беше објавен на 06.12.2014. Меѓу наведените услови се да има Завршено високо образование VII/1 степен или 240 кредити според ЕКТС, како и уверение за завршено високо образование, оргинал или копија заверена на нотар, меѓу останатите потребни документи.

Атанасов функцијата директор на ЈП Водовод и канализација ја врши веќе од февруари 2015-та година.

Во неговата лична биографија е наведено дека е роден 1985 година, има работено во областа на односите со јавноста (уф!), а од септември 2010 година до сега ја вршел функцијата генерален директор за шински возила Велес. Тоа е она претпријатие каде работниците посотјан о штрајкуваат за да добијат макар една плата, да потсетиме.

Инаку, признавањето на странски високообразовни квалификации се врши со цел вработување (професионално признавање) или продолжување на образованието (академско признавање) во Македонија, и тоа е врз основа на Законот за признавање на квалификациите.



СИНДИКАЛНА ВОЈНА Од Градот се огласија еден ден откако Синдикатот за комунални дејности, кој е дел од Синдикатот на работници од угостителство, туризам, станбено стопанисување, занаетчиство и заштита на друштвата (СУТКОЗ), го обвини Атанасов за непочитување на колективниот договор и на Законот за работни односи, дека неоправдано или поради банални причини казнува и деградира вработени, но и дека има несоодветна диплома за високо образование од колеџ во Грција која и Министерството за образование не му ја нострифицира. На завчерашната прес-конференција на СУТКОЗ беше покажан документ од 14 октомври 2016 година со кој, како што беше речено, министерот за образование Лутфиу го информира Атанасов дека не може да му се нострифицира дипломата. Но, со оглед на фактот дека директорите на градските јавни претпријатија ги назначува градоначалникот, не е јасно како можело да се случи Атанасов да стане директор без да биде проверено неговото образование?

И додека од Градот допрва ќе ги проверуваат наводите, пред една недела, доцна попладнето, со реакција се јави Синдикатот на "Водовод" (демек основната организација). Давајќи му целосна поддршка на директорот, синдикалците од претпријатието тврдат дека на прес-конференцијата биле искажани лаги и манипулации во врска со работењето на "Водовод и канализација".

ИНВЕСТИЦИИ Куририте на ДПМНЕ лани јавија дека овој директор "се растура" од инвестиции Колку може да му се верува покажува фактот дека тој лани, по кој знае кој пат вети вселување во новата зграда и тоа најдоцна до април (значи говориме за 2016 година) ама тоа не се случи! Се работи за изјава дадена на 5 март таа година - истиот значи не можел да види што би се случило следниот месец и промашил за цела година! (види - http://vistina.mk/?p=330418).

Градските власти, инаку, на стартот на 2012 година решија да потрошат 10 милиони евра за изградба на нова барокна административна зграда на ова јавно претпријатие. Но, не ја земајте цената за финална, бидејќи, следуваше праксата на потпишување на анекси на основните договори, својствени за пералницата на пари "Скопје 2014", се истакна своевремено на едне прес на СДСМ .

Имено, Бирото за јавни набавки објавило известување за склучен нов договор помеѓу "Водовод" и австриската фирма "Алпине", заради непредвидени и дополнителни работи настанати при изградбата на новата управна зграда, во износ од 12 ипол милиони денари или 203 илјади евра.

Верувале или не' анексот е склучен за темелите за новата барокна зграда на скопски "Водовод"! Скандалозно, го предвиделе барокот, ама ги заборавиле темелите! "За луѓе домаќини правилото е дека, куќа се гради од темел. За ДПМНЕ и Коце Трајановски куќата почнува со фасада, по можност барокна, а темелот го ставаат на крај" - истакна своевремено заменикот на претседателот на Координативната групла на советници на СДСМ во Градското собрание Александар Наумоски

Јасно беше дека оваа управна зграда уште пред да почне да се гради веќе ги чини скопјани 10 милиони и 200 илјади евра. Инаку со тие пари можеше да се изградат најмалку 100 километри нова водоводна мрежа во Скопје.

Допдека се цена финалната сметка за тоа колку скопјани дале за овој објект, веројатно ТРајановски ќе м исли, ќе м исли и ќе смисли нешто во врска со дипломата на својот директор Атанасов?