��oj 520   02.05.2017
прва страница линкови контакт
Најнов број
Импресум
Маркетинг
Архива
Пребарај
Русија не можеше да развие демократски федерализам и затоа се врати на идејата за империјална држава. Паралелно на неа во старите времиња постоеше една Америка која си беше доволна самата на себе
Следниот чекор во еволуцијата: човекот станува Бог, секреатор. Тргнавме во вселената и можеме да влијаеме на гените. Но, дали ќе бидеме во можност да се справиме со создавање на натчовекот? Наскоро би можеле да посакаме да создадеме суштества кои преку моќта на умот ќе ја движат вештачката реалност и неа ќе ја менуваат преку нивните тела и умови согласно на желбите", вели Харари, авторот на двата бестселери "Сапиенс" и "Хомо деус"

ЈУРОЊУЗ: ЛОБИРА ЛИ РУСИЈА ВО САД ВО КОРИСТ НА ВМРО ДПМНЕ?

Расте ли влијанието на Москва во Македонија? Во прилог од Скопје, телевизијата Јуроњуз на оваа тема ги спротивставува мислењата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Попоски. Повикување на американски аналитичари за вмешување на руските лоби врски во Вашингтон за сметка на Груевски

По парламентарните избори во декември минатата година видливо е зголемен рускиот интерес за Македонија, тврди во интервју за Јуроњуз, претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Тој предупредува дека без одлучна акција на ЕУ и САД, улогата на Русија во Македонија ќе се засилува.

"Руското влијание веќе се чувствува преку зголеменото кадровско присуство и изјавите на рускиот министер за надворешни работи, како и преку активностите на нивната Амбасада во земјата", вели Заев.

"Трендот на опаѓачка поддршка за ЕУ и НАТО е видливо меѓу македонските граѓани. Процентот на опаѓање е многу мал, но е видлив", тврди Заев.

"Верувам дека доколку не се преземат дополнителни мерки, поради намалениот интерес на ЕУ и САД во овој регион, Руската федерација ќе добие уште повеќе простор да ги наметне своите интереси".

Шефот на македонската дипломатија, од друга страна, ги отфрла ваквите забелешки.

"Русија има свои интереси и тоа е легитимно. Но истото прашање може да им се постави и на актуелните земји-членки на ЕУ, исто така", вели Никола Попоски. "Не се работи за нешто што е ексклузивно само за нашиот регион или само за кандидатите или потенцијалните земји-кандидати од балканските држави", вели Попоски.

Руското МНР изминативе месеци, невообичаено за неговата пракса во претходните години, реагираше со серија изјави и соопштенија во однос на состојбата во Македонија. Шефот на дипломатијата Лавров и неговото министерство отворено застанаа на страната на македонскиот претседател Ѓорге Иванов и ВМРО-ДПМНЕ, критикувајќи ги СДСМ и партиите на Албанците дека работат на федерализација на државата.

Магазинот Политико пред извесно време пишуваше дека лобирањето на одредени американски конгресмени и сенатори за ВМРО-ДПМНЕ во САД е исто така под влијание на Русија.

Победата на Доналд Трамп на изборите во САД им даде крилја на политичарите со националистички предзнак во повеќе источноевропски земји, кои станаа поагресивни во барањето меѓународна поддршка за нивната "крстоносна војна" против Сорос, а кои најдоа поддржувачи и во редовите на Републиканската партија во САД, пишува магазинот "Политико" во анализата на нападите врз фондацијата на американскиот милијардер, во прв ред, во Македонија и во Унгарија.

Особено внимание во анализата им се посветува на писмата испратени од група американски републикански конгресмени и сенатори предводени од Крис Смит и Мајк Ли, во кои се обвинуваа Сорос и американската амбасада во Скопје за мешање во внатрешните работи на Македонија и заземање страна во политичката криза.

"Писмата, во кои од Стејт Департментот и владината служба за ревизија се бараат информации за поддршката од САД за групи на Сорос на Балканот, се случија по лобирањето од ВМРО-ДПМНЕ", тврди "Политико".

Според магазинот, досегашното лобирање на републиканците против делувањето на Сорос во Македонија не донело резултати, но се јавува загриженост поради обидот на Москва да влијае врз политиките на Капитол Хил.

"Русија се обидува да ја искористи кризата во Македонија за да посее недоверба кон САД и да ја привлече десничарската партија во својата орбита. Загриженоста на републиканските пратениците - дека САД, како што напиша Ли во писмото до Тилерсон, 'предизвикуваат политичка нестабилност, и не ги почитуваат државниот суверенитет и граѓанското општество' - за Москва претставуваше голема пропагандна победа".

Во прилог на тоа се наведува и начинот на кој руските медиуми на ударно место јавуваа за писмото на Ли до Тилерсон, но и третманот кој на веста ? беше посветен во десничарските медиуми во САД.

Во изјава за "Политико", македонските политичари и основачите на Стоп Операција Сорос демантираат дека Русија има влијание врз нивните постапки, но признаваат дека Москва покажала интерес.

Лични врски

Магазинот ги опишува и личните врски на политичари на ВМРО-ДПМНЕ кои влијаеле за добивањето поддршка од републиканските конресмени и сенатори. Во прв ред се потенцира пријателството на Влатко Ѓорчев со конгресменот Крис Смит, со кого соработувале во ОБСЕ. Ѓорчев редовно се среќава со Смит за време на посетите на Вашингтон, каде "веќе престојуваше трипати во 2017 година", пишува магазинот.

Случајно или не, Смит и уште пет други републиканци му го испратија првото писмо на американскиот амбасадор Џес Бејли на 17 јануари годинава, обвинувајќи го дека ја фаворизира опозициската левичарска партија. Откако не беа задоволни од одговорот од Стејт Департментот, на 24 февруари тие се обратија до владината служба за ревизија со барање да се истражи финансирањето на УСАИД во Македонија.

Текстот бележи дека во јануари годинава, пред објавувањето на писмото, средби со сенаторите Ли, Круз и Џим Инхоф во Вашингтон имал и македонскиот министер за одбрана Зоран Јолевски.

Овие жалби делуваат како да се извлечени од документ подготвен од Стоп Операција Сорос кој им беше дистрибуиран на членовите на Конгресот во јануари годинава", пишува "Политико".

Во писмо од 9 февруари годинава до сенаторот Ли, Стејт Департментот ги отфрлил забелешките на потписниците на барањето, ставајќи се во одбрана на посредничката улога на САД и ЕУ и нотирајќи ја зголемената загриженост за влошената политичка клима во Македонија.

Ниту еден од потпишаните конгресмени или сенатори не сакал да ја коментира содржината на испратените писма и барања за "Политико". Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски во изјавата отфрла какво било надворешно влијание и вели дека не е добро тоа што нивниот проблем со "една фондација и една личност" се злоупотребува во "стратешка игра која ја игра Русија или некој друг".

Мешањето однадвор во внатрешните работи на Република Македонија продолжува и добива "бесрамна форма", реагира втор ден по ред руското Министерство за надворешни работи.

Во најновото соопштение денеска се критикуваат поименично еврокомесарот Јоханес Хан, високата претставничка за надворешна политика Федерика Могерини и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и други високи претставници на, како што се наведува, "просветлена Европа" кои се јавуваат како чувари на демократските норми, а кои, "продолжуваат да вршат невиден притисок врз претседателот Иванов да и го даде мандатот на опозицијата која ја прифатила ултимативната 'албанска платформа'".

Дополнително, опозицијата е обвинета дека "и покрај манипулациите на изборите" била поразена од ВМРО-ДПМНЕ.

Во истиот стил како и во вчерашното соопштение, руското МНР тврди дека "мерките формулирани во Тирана подразбираат федерализација на Македонија, ревизија на архитектурата на власта, па дури и на државните симболи". "Сето тоа води кон поткопување на уставниот поредок и конечно- кон распад на државата", тврди Москва.

Понатаму во соопштението се коментира и изјавата на косовскиот претседател Хашим Тачи чиј вчерашен повик до Албанците "да ги земат правата во свои раце" се толкува како повик за "Голема Албанија која треба да вклучи територии и на соседните земји".

Со тоа, заклучува руското МНР, уште еднаш се покажува дека "вештачката квази држава Косово е еден од главните извори на нестабилност и главен носител на конфликтниот потенцијал на Балканот".

Новото соопштение е повторување на тезите изнесени во вчерашното, со тоа што овојпат директно се одговара на изјавите на водечките претставници на ЕУ и НАТО, кои одново побараа од претседателот Иванов да ги почитува демократските стандарди и да му го даде мандатот на оној кој има обезбедено мнозинство за формирање влада во Собранието.

Денеска на оваа тема за првпат се изјасни и официјален Берлин, од каде во целост го поддржаа ставот на Могерини. Шефот на германската дипломатија Зигмар Габриел од Украина, каде е во официјална посета, порача дека е вознемирен поради состојбата во Македонија и побара претседателот Иванов "да ја преиспита и коригира својата одлука".

Додека Русија виновниците повторно ги лоцира во САД и ЕУ, американскиот амбасадор Џес Бејли, како и еврокомесарот Јоханес Хан синоќа, ја потенцираат негативната улога на шефот на државата Ѓорге Иванов.

Руското министерство во соопштение "со загриженост" констатира дека политичката криза во Македонија "испровоцирана со грубо мешање од надвор во внатрешните работи е дополнително влошена". Официјална Москва оценува дека на Македонците, "со активна поддршка од ЕУ и НАТО" им се наметнува "албанска платформа договорена во Тирана во кабинетот на премиерот под картата на Голема Албанија, која ги илустрира територијалните претензии кон големи региони во соседните Црна Гора, Србија, Македонија и Грција".

Руското МНР потсетува дека Груевски и неговата ВМРО-ДПМНЕ победиле на изборите на 11 декември, но "Западот преку албанското малцинство сака да и ја даде власта на поразената опозиција". Во Москва се " особено вознемирени" што во кризата се вмешале и властите на Косово и веруваат дека таквата линија е особено опасна, "со намера за уништување на македонската државност и дестабилизација на Балканот во целина".

"Неопходно е да запре надворешното мешање во внатрешните работи на Македонија, да се почитува правото на македонските граѓани самостојно да решаваат за својата судбина во согласност со основните демократски принципи", порачува руското МНР во соопштението. (Р.Г.)