��oj 514   21.03.2017
прва страница линкови контакт
Најнов број
Импресум
Маркетинг
Архива
Пребарај
Дали случајот ќе заврши во Врховниот суд? Таму е можна одлука 4:4, според односот на силите. Тогаш ќе остане во важност одлуката на понискиот суд
Луѓето од типот на (Никола) Љубичиќ (Стане) Доланц, (Бранко) Микулиќ, (Бранко) Мамула и сличните беа лоша замена за воено политичкото биро што постоеше претходно. Тие повеќе не беа сонувачи, идеалисти. Новиот тим е главно составен од себични, интригантни типови на луѓе алчни на власта

ВОСКОПУЛОС: НАЈГОЛЕМ СТРАВ НА ГРЧКАТА ПОЛИТИКА Е МАКЕДОНИЈА ДА ВЛЕЗЕ ВО НАТО И ЕУ

Најдобро што може да го направи Република Македонија за нас, е да постане просперитетна, демократска, богата држава во регионот

Павле Воскопулос Филипов од "Виножито" - Грција, за весникот "Илинден": Репубика Македонија нам може да ни помогне само како просперитетна, демократска држава

- Најдобро што може да го направи Република Македонија за нас, е да постане просперитетна, демократска, богата држава во регионот. Замислите Грција да банкротира, а Република Македонија земја членка на ЕУ и НАТО, а Грција надвор од овие меѓународни организаци следните години, тогаш друга приказна ќе биде со Македонците, на грчката држава тоа и е најголем страв.

ИНТЕРВЈУ Ова, во ексклузивно интервју за весникот на Македонците во Албанија "Илинден", го вели Павле Воскопулос Филипов, член на Сектаријатот на партијата на македонското национално малцинство во Грција "Виножито".

Според него, лепезата на грчката антимакедонска идологија, од 1913 година до денес, се шири на тезите дека Македонците за официална Грција се Грци славофони, јазик не постои оти "славофони" претставува некој си "идиом" што останал од минатото и од времето на славјанските инвазии и војни. Овие "славофони" граѓани се чистокрвни Грци .



Тој напоменува дека грчкото "Евангелие" е дека во Грција живеат само Грци, малциства нема. Сепак, има признато само "муслиманско" малциство во Грција, согласно Лозанската конвенција помеѓу Грција и Турција во 1923 година.

Денес, додава Васкопулос Филипов, македонштината се манифестира претежно преку фоклорни манифестаци и се околу тоа, во зависност секако од средината, селото, луѓето кои што имаат барем минимум македонска свест. Се разбира ова прашање е голем кошмар на грчката држава, но Македонците ќе треба да се разбудат, да се повикаат на своите корени иако се асимилирани, но и уплашени, и да се изборат за друг статус на македонското малцинство и неговите малциски права.

- На политичко ниво познато е дека се делува преку партијата на македонското национално малцинство во Грција "Виножито" сите ове години. Посетуваме меѓународни центри за малциски права, средби со ОБСЕ презентации околу македонското национално малциство и немање права во Грција. Слично направивме и во Советот на Европа, каде одржуваме официјални средби, презентаци, како и во Обединетите нации во Женева.

СРЕДБИ Паралелно остваруваме средби со меѓународни набљудувачи што ја посетуват Грција, а редовно организираме средби во нашите средини. Во нашите краишта учестуваме на разни манифестаци, организираме конгреси во Солун, активни сме во печатењето на весникот "Нова зора" и негова дистрибуција - прецизира Васкопулос Филипов.

Според него, веќе не е лесно да се омалажува едно сериозно организирано движење или партија. Меѓутоа, асимилаторска политика на Грција практикувана со децении, веќе за жал има резултати, а друга пречка е политичкиот систем во Грција, кој по секоја цена се обидува да ја маргинализира партијата и да ја преставува како партија на "скопски агенти" во Грција. Има безброј извештаи против Грција за непочитување на малцинските права и остри критики за непочитување на бројното македонско национално малциство. Но, ефекти од критиките нема. Грција нема доверба ден денес, со оглед на децениските тортури и асимилаторските политики кон македонското население во Егејска Македонија.

На прашањето за помошта од Република Македонија како матична земја, Воскопулос Филипов, вели:

- Република Македонија нема што да му помага на малциството, во оваа ситуација кога има предрасуди против Македонците тука. Нема шанси да успее такво нешто и плус, принципиелно нема ни потреба ако е свесно населението тука и државните институци ако се придржуваат на меѓународните стандарди. Секогаш ние од партијата на македонското национално малцинство во Грција "Виножито" им говориме на Македонците, тука, свесни, полусвесни, уплашени, инфериорни, само едно "горе главата".



ДА ДЕЛУВАМЕ ПОЗИТИВНО Да се бориме и да делуваме позитивно за македонската еманципација, тоа ќе биде добро не само за Македонците тука, туку и за сите граѓани. Ова е богаство за секоја држава. Кога се почитуват сите граѓани ќе биде позитивно за сите - вели Павле Воскопулос Филипов, во екслузивно интеревју за весникот "Илинден", со главниот и одговорен уредник Никола Ѓурѓај.

Павле Воскопулос Филипов (роден во 1964 година во Лeрин), е македонски културнo-нaциoнaлeн дeeц, политичар и архитект по професија. Студирал архитектура и дипломирал на Архитектонскиот факултет во Белград, по што се враќа во родниот град Лерин. Еден е од oснoвaчите и член на пoлитичкиoт Сeкрeтaриjaт нa партијата на македонското национално малцинство во Грција "Виножито".Прeку нaстaпи вo зeмjaтa и нa меѓунaрoдни фoруми сe бoри зa основните човекови права и пoдoбрувaњe нa положбата нa македоннското национално малциство вo Егејска Македонија.

(преземено од постот на Веле Митановски во Топ колумни)