��oj 518   18.04.2017
прва страница линкови контакт
Најнов број
Импресум
Маркетинг
Архива
Пребарај
Следниот чекор во еволуцијата: човекот станува Бог, секреатор. Тргнавме во вселената и можеме да влијаеме на гените. Но, дали ќе бидеме во можност да се справиме со создавање на натчовекот?
Развојот на настаните на меѓународна сцена го врати рамп кон старите "проверени шеми" во односите со Истокот - како оној на Пациикот, така иво односите со Русија. Путин призна дека односите со САД биле подобри пред Трамповото доаѓање во Белата куќа?!

"БОРБА ЗА СМРТ" Е КУСОМЕТРАЖЕН ФИЛМ СО ДОЛГА ИДНИНА

Постојано пристигнуваат вести за наградите кои ги осв ојува ова дело на младата режисерка Венинова

Краткометражниот филм "Борба за смрт" на авторката Елеонора Венинова ќе учествува во официјална конкуренција на Фестивалот СЕЕ Фест во Лос Анџелес, Калифорнија, на крајот на април. Ќе биде прикажан на 29 април во Гете институтот, во рамки на 12. издание на овој фестивал, посветен на филмови од Југоисточна Европа. Ова е трет фестивал за "Борба за смрт" во 2017 годин,а по учествата на Интернационална недела на краток филм во Регенсбург, Германија, и Кино Павасарис во Литванија. Воедно е и продолжување на фестивалските успеси од претходната година кога освои две награди, "Златна мачка" за втор најдобар филм во меѓународна конкуренција на Филмскиот фестивал за краток филм во Измир, Турција, и Најдобра машка улога на Интернационалниот фестивал за краток филм во Драма, Грција.

Глобус пишуваше за овој филм кога падна првата клапа, на средината на јули пред две години.. Тоа беше премиера за режисерката и сценаристка Венинова. Всушност е интересна парадоксална драма во која двајца старци се расправаат за последното гробно место во едно запустено македонско село.

Идејата за сценариото и режијата Венинова, како што истакна таа тогаш ја црпи од лична приказна поврзана со нејзиниот дедо.

- Тој во последните години од животот инсистираше да си купи гробно место, уште додека е жив и тоа во одбран дел од гробиштата. Тоа, во комбинација со реалноста на живеењето во изумрените македонски села, каде што неколкуте останати дедовци и бабички живеат сосема сами и осамени, ме натера да размислувам што ќе се случи ако на некој таков човек кој животот го свел на исчекување на смртта, одеднаш некој му го уништи планот за умирачка - вели Венинова.

Малото село во кое актерите Мите Грозданов и Илија Струмениковски во улога на дедовците ќе се "борат за смрт" е мариовското село Кален.

"Борба за смрт" се реализира во продукција на "ДНФ филмс", продуцент е Гоце Кралевски, директор на фотографија е Димо Попов.

- Се радувам што работев со Венинова, која е млада и талентирана филмска авторка, но и со членовите на целата екипа, составена од различни генерации, кои ги обединуваше страста кон филмот. Очекувам да реализираме вредно филмско македонско дело - рече продуцентот Кралевски.



Сценариото на Венинова за филмот учествуваше на неколку работилници за развој на кратки филмови во Литванија, Романија и во Грција. Минатата година освои и награда за најдобро сценарио на "Драма пичинг лаб", работилница која се одржува во рамките на Интернационалниот фестивал за краток филм во Драма, Грција.

"Борба за смрт" го финансираше Агенција за филм на Република Македонија, а поддржан е и од телевизија "Канал 5". (Р.Г.)